fbpx

ИКС: Непроверените наоди и непоткрепените обвинувања често оружје на политичарите

Истражувањето треба да ги утврди комуникациските практики на политичките актери и нивното пренесување во медиумите во ноември и декември 2023 година, во кои се идентификувани штетни наративи

-

На партиските веб-страници и на Фејсбук-профилите на политичките актери најчесто се изнесуваат непроверени наоди, како и непоткрепени обвинувања за корумпираност, нетранспарентност, непрофесионалност, злоупотреба на службената должност, како основа за напад на политичките противници. Реториката кај поголемите политички партии се базира врз употребата на зборови и формулации со коишто се оцрнува политичкиот противник или одредена група луѓе со цел да се предизвикаат поделби.

Ваквата констатација се содржи во вториот извештај на Институтот за комуникациски студии (ИКС) од истражувањето „Мерење на политички штетни наративи“ (ШТЕТ-НА). Истражувањето треба да ги утврди комуникациските практики на политичките актери и нивното пренесување во медиумите во ноември и декември 2023 година, во кои се идентификувани штетни наративи.

„Овој поларизирачки наратив и во овие два месеца најчесто извира од доминантните обвинувања за приврзаност кон „проевропски“ и „антиевропски“ блок“, се констатира во извештајот.

Кај медиумите, во најголемиот број случаи, штетните наративи се „произведени“ од политичките актери, а не од новинарите. Во ноември и декември утврден е благ пораст на објави со штетни наративи кај онлајн-медиумите. И во овој извештај доминира практиката некритички и еднострано да се пренесуваат непроверените наводи од политичките актери, најчесто во форма на целосно пренесени партиски соопштенија и говори на политичари. Кај телевизиските станици пак, бројот на прилози со штетен наратив е речиси на исто ниво како и минатиот мониториран период.

Најголемите политички партии – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, остануваат најчести актери во ударните ТВ-термини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...