петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: политичари | 105 резултати

ИКС: Непроверените наоди и непоткрепените обвинувања често оружје на политичарите

февруари 21, 2024

На партиските веб-страници и на Фејсбук-профилите на политичките актери најчесто се изнесуваат непроверени наоди, како и непоткрепени обвинувања за корумпираност, нетранспарентност, непрофесионалност, злоупотреба на службената должност, како основа за напад на политичките противници. Реториката кај поголемите политички партии се базира врз употребата на зборови и формулации со коишто се оцрнува политичкиот противник или одредена група […]

Обвинителството бара политичките партии да не ја злоупотребуваат истрагата за „Феникс“

јули 4, 2023

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска, а по изјавите на дел политичари во врска со предметот „Феникс“, односно леењето на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“ во Италија, побара политичките партии да престанат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка, како и кое било друго постапување на обвинителството. […]

Словенечката претседателка: Треба да имате политичка мудрост и да го промените Уставот

јуни 13, 2023

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар, на заедничката прес-конференција со својот домаќин, македонскиот претседател Стево Пендаровски, порача дека треба да се има политичка мудрост и да се направи измена на Уставот. Таа нагласи оти ѝ е јасно дека тоа не е лесно, оти и во Словенија се случувало нешто слично. „Верувајте ми дека како човек кој […]

Бугарскиот министер за надворешни со коментар за споредбата на Бугарија и Русија

мај 23, 2023

Бугарскиот министер за надворешни работи (МНР) Иван Кондов по заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, го прераскажал она што наводно му го кажал македонскиот министер за надворешни, Бујар Османи во однос на изјавата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Како што вели Кондов, а пренесува Бугарското национално радио (БНР), Ковачевски кога го […]

Истражување со фокус групи: Граѓаните сметаат дека политичарите работат само за свои интереси

декември 7, 2022

Граѓаните веруваат дека кај политичарите не постои желба за вистинска промена и подготвеност за спроведување најнеопходни реформи. Оваа констатација произлегува од тематското Истражување од осум фокус групи кое го спроведе Институтот за демократија, со цел подобро да се истражи јавната перцепција на квалитетот на живот, довербата во институциите и политичките актери, како и поларизацијата во Северна […]

Русија потрошила 300 милиони долари во последните 8 години за да влијае на светската политика

септември 15, 2022

Русија, користејќи тајни методи, од 2014 година потрошила повеќе од 300 милиони американски долари за своите обиди да влијае врз политичари и функционери во речиси 25 земји, соопшти Си-би-ес цитирајќи го Стејт Департментот (Министерството за надворешни работи на САД). Според наводите што се изнесени, а се повикуваат на нови разузнавачки извештаи за руските обиди за […]

Вистиномер: Не е точно дека српски политичари во „Службен весник“ биле прогласени за геј лица

јули 26, 2022

Не е вистина дека во „Службениот весник“ на Република Србија се објавуваат листи на лица кои се геј. Таква практика не постои. Ваквото тврдење во постот е чиста измислица. Од јавните личности споменати во постот само премиерката Ана Брнабиќ отворено се декларира како геј, пишува Вистиномер.мк.    Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на […]

Бориславова: Бугарски политичари, аналитичари и јавни личности земаат по 4.000 лева директно од Москва

јули 5, 2022

Бугарските безбедносни служби имаат информации дека наши политичари, општествени дејци, аналитичари и други јавни личности добиваат пари директно од руската држава за да го формираат јавното мислење во корист на тезите поволни за Руската Федерација, порача Лена Бориславова, шеф на кабинетот на бугарската влада во интервју за радиото „Дарик“, пренесува „Сега“. „Има ковачи на јавното […]

Зилбеари: Според едно истражување, 90% од населението изјавиле дека политичарите се најголемите дистрибутери на дезинформации

мај 18, 2022

Според едно истражување и анкета спроведена од „Метаморфозис“, за перцепцијата околу дезинформациите, 90 отсто од испитаниците се изјасниле дека најголеми дистрибутери на дезинформации се политичарите, потоа медиумите и новинарите, а потоа социјалните мрежи. Ова се само дел од податоците што ги откри главната уредничка на Порталб.мк, Елида Зилбеари во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 каде […]

Стојановски: 83 отсто од граѓаните сметаат дека дезинформациите се општествен проблем

мај 11, 2022

Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21 вчеравечер зборуваше за кревањето на свеста во јавноста за негативните ефекти од дезинформациите. Тој посочи дека според новите сондажи на јавното мислење, огромен дел од граѓаните сметаат дека дезинформациите се сериозен проблем на општеството, и бараат мерки од страна на државата за […]

ИДУЕП за социјалните мрежи: Политичарите и институциите не се отворени за мислењата на граѓаните

јануари 9, 2022

Носителите на извршната власт – Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми пораснал за 3 споредено со 2020 година и изнесува 80 од вкупно 81. Политичарите и јавните институции се присутни на социјалните медиуми само кога сакаат нешто да соопштат, да се одбранат или да нападнат, а […]

Медиумските реформи никако да стасаат на дневен ред кај политичарите

декември 21, 2021

Ако ги прашате политичарите ќе кажат дека медиумските реформи сè уште не дошле на дневен ред, додека медиумските работници оценуваат дека нема политичка волја за независни регулаторни тела. По два распишани јавни конкурса, од кои еден поништен, трета година не може да се изберат нови членови на Програмскиот совет на МРТВ и Советот на Агенцијата […]

Претседателот Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците на првата Школа за политики

октомври 24, 2021

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги додели сертификатите на учесниците на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование, за 2021 година. Школата се реализираше преку четири едукативни семинари во периодот од март до ноември 2021 година, со учество на еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство. На школата партиципираа 41 учесник на возраст од 25 до 35 […]

Магазинот „Тајм“ ја објави листата на 100 највлијателни личности за 2021 година

септември 16, 2021

Политички лидери, уметници, спортисти и иноватори и годинава се најдоа на листата на 100 највлијателни личности која ја објави американскиот магазин „Тајм“ (Time). На листата, како „икони“ доминираат принцот Хари и неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс. Изминатава година тие беа дел од револуционерното интервју со Опра Винфри, го добија своето второ дете, истовремено предизвикувајќи […]

Владата по негативниот извештај на Стејт Департментот: Силно сме спротивставени на корупцијата

јули 25, 2021

Владата на Северна Македонија со исклучително внимание ги разгледува сите наоди и аспекти од извештајот на Стејт департментот на САД, после што забелешките ќе бидат адресирани до засегнатите чинители со цел уште повеќе да ги зајакнеме антикорупциските политики и да ја подобриме инвестициската клима во земјава, соопшти владината прес-служба, по најновиот извештај на Стејт Департментот […]

Софтвер „лови“ политичари кои се занимаваат со мобилните телефони за време на седница

јули 13, 2021

Најновиот изум на Дрис Депуртер, дигитален уметник од Белгија, предизвика бес и реакции во јавноста откако почна да ги „лови“ лошите политичари кои за време на седница, наместо да работат, се занимаваат со нивните мобилни телефони. Неговиот софтвер наречен „The Flemish Scrollers“ (Фламански прелистувачи) користи фацијално препознавање за автоматски да ги обележи политичарите во белгиската […]

Политичарката Александрија О.Кортез играше видео игра со цел да ги охрабри гледачите да гласаат

октомври 22, 2020

Познатата политичкарка од Демократската партија во САД, Александрија Окасио-Кортез вчеравечер дебитираше на стриминг платформата Twitch играјќи ја видео играта „Меѓу нас“, при што ги охрабри гледачите да гласаат. Нејзиниот пренос беше гледан од околу 500.000 гледачи од почетокот на нејзиниот стрим. Окасио-Кортез во понеделникот на Твитер се обрати прашувајќи: „Дали некој сака да игра со […]

Дарко Омерагиќ, новинар од Сараево: Пандемијата го промени животот на сите, посебно на новинарите

јуни 26, 2020

 „Навистина не знам зошто некои медиуми отпуштаа новинари, посебно ми е нејасно зошто беа отпуштани добри новинари. Една од причините која ја слушнав беше намалениот приход од маркетингот, но сепак тоа не би требало да биде причина, ако се земе предвид фактот дека медиумите одамна се присутни и со дигитални платформи, кои од своја страна, […]

Српските телевизии за власта известуваат позитивно, за бојкотот на изборите негативно

јуни 10, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од […]

Пендаровски бил разочаран од тоа што го слушнал, повикува на брза и темелна истрага

август 12, 2019

Лично, како човек, разочаран сум, одговори претседателот Стево Пендаровски на новинарско прашање дали е разочаран од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Шефот на државата денеска напладне одржа прес-конференција за случајот „Рекет“, на која повика на брза и темелна истрага, обвиненија против сите инволвирани и политичка одговорност на сите кои било како се поврзани со случајот. […]

Страна 1 од 6