Пригожин гневен на руските генерали најави повлекување на платениците од Бахмут

„Поради недостаток на муниција, нашите загуби се зголемуваат експоненцијално секој ден“, вели Пригожин во објавеното видео

-

Лидерот на руската платеничка војска Вагнер, Евгениј Пригожин се закани дека ќе ги повлече своите војници од Бахмут до 10 мај, доколку не добијат муниција од руската војска, пишува Би-би-си. Тој упати директно обвинување до руските генерали, прашувајќи го началникот на рускиот генералштаб Валериј Герасимов и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за тоа каде е муницијата за неговите војници.

Пригожин објави ужасно видео од него како шета меѓу тела на загинати борци, барајќи притоа повеќе залихи на муниција од рускиот воен врв.

Ова не е првпат гневот на Пригожин да биде насочен кон рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на рускиот генералштаб Валериј Герасимов. Шефот на Вагнер постојано бара публицитет во руските медиуми, но очигледно е дека неговото влијание во последниве месеци е намалено.

Пригожин рече дека силите од неговата платеничка војска се согласиле да останат во Бахмут до 10 мај за да ѝ дозволат на Русија да го одбележи Денот на победата над фашизмот во вторник. Сепак, тој ги предупреди руските генерали дека украинската контраофанзива би можело да започне до 15 мај, бидејќи тенковите и артилеријата ќе можат да напредуваат на суво време, по пролетните дождови во Украина.

„Поради недостаток на муниција, нашите загуби се зголемуваат експоненцијално секој ден“, вели Пригожин во објавеното видео.

„Моите момци нема да претрпат бескорисни и неоправдани загуби во Бахмут без муниција“, додава Пригожин.

Официјален Кремљ засега одбива да го коментира видеото на Пригожин, бидејќи е поврзано со, како што ја нарекуваат, „специјалната воена операција“ во Украина.

Инаку, платеничката војска на Пригожин одигра клучна улога во долготрајната битка за окупација на градот Бахмут во Донецкиот регион. Градот кој некогаш имаше 70.000 жители со месеци е средиште на жестоки борби меѓу руските и украинските сили. Вагнер досега регрутираше десетици илјади затвореници за да се борат за платеничката војска во замена за нивната слобода.

Гардијан потсетува на проценките на САД дека над 20.000 руски војници биле убиени во борбите во Украина од декември лани до денес, при што половина од загинатите војници се платеници на Вагнер.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...