четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: муниција | 32 резултати

Столтенберг: На Украинците не им недостига храброст, туку муниција

март 14, 2024

Земјите од НАТО не обезбедуваат доволно муниција на Украина и тоа има последици на бојното поле секој ден, предупреди денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пренесуваат светските агенции. „На Украинците не им недостига храброст, им недостига муниција“, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел. Тој додаде дека сојузниците на НАТО не ѝ даваат доволно муниција […]

Откако Конгресот „дигна рачна“, Бајден порача дека ќе се бори за постојана помош за Украина

февруари 18, 2024

Претседателот на САД, Џо Бајден порача дека ќе ги прави сите напори за да дојде до тоа Конгресот на САД да одобрува помош за Украина, иако Долниот дом на Конгресот на САД ја блокираше дополнителната воена помош од 60 милијарди долари за Украина. Објаснувајќи го тоа за новинарите по телефонскиот разговор со неговиот украински колега […]

Обвинителството нареди истрага против косовски државјанин кај кого е пронајдено големо количество муниција

јуни 19, 2023

Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен државјанин на Косово со престојувалиште во Кондово, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопштија […]

Украина уништи руско складиште за муниција во окупираниот Херсон

јуни 18, 2023

Украинските сили уништиле руско складиште за муниција во селото Рикове во близина на пристанишниот град Хеническ, во јужниот регион Херсон окупиран од Русија, пишува Гардијан. Според Серхи Брачук, портпарол на воената администрација на Одеса, украинската војска утрото извела силен удар во регионот каде било лоцирано значајно складиште за муниција. Украинските медиуми објавија видеа на кои […]

Не е точно дека „радиоактивен облак“ се движи кон Западна Европа

мај 30, 2023

Не постои радиоактивен облак кој се движи кон Западна Европа и не е точно дека во Полска е забележано зголемување на радијацијата. Во Хмелницики нивото на радијација е во дозволените граници и тоа е измерено од локалните власти и објавено. Ваквата дезинформација е веќе разоткриена од странски проверувачи на факти, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. […]

Само за три дена во Србија се предадени шест илјади парчиња оружје

мај 11, 2023

Во првите три дена од важноста на мерката која Србија ја воведе за предавање нерегистрирано оружје кај граѓаните, за само три дена, предадени се 5.973 парчиња оружје, 290.572 парчиња муниција и 468 парчиња мини експлозивни направи, соопшти српското Министерството за внатрешни работи. Српската полиција ги повика сите граѓани кои поседуваат нерегистрирано оружје, муниција и експлозивни […]

Таткото на убиецот од Младеновац не починал, туку е уапсен

мај 11, 2023

Не е точно дека таткото на убиецот од Младеновац доживеал срцев удар и починал, како што се тврди во постот, туку тој е уапсен 5 дена по убиствата за кои е осомничен неговиот син Урош, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во […]

Пригожин гневен на руските генерали најави повлекување на платениците од Бахмут

мај 5, 2023

Лидерот на руската платеничка војска Вагнер, Евгениј Пригожин се закани дека ќе ги повлече своите војници од Бахмут до 10 мај, доколку не добијат муниција од руската војска, пишува Би-би-си. Тој упати директно обвинување до руските генерали, прашувајќи го началникот на рускиот генералштаб Валериј Герасимов и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за тоа каде […]

Протечени документи: Украинската воздушна одбрана наскоро може да остане без проектили

април 10, 2023

Документите од Пентагон од февруари годинава, коишто протекоа во јавност, сугерираат дека постои ризик украинската противвоздушна одбрана да остане без проектили и муниција во рок од неколку недели, пишува Гардијан. Припадници на министерството за одбрана на САД се обидуваат да дознаат како тајните документи станале јавни. Еден од документите со датум од 23 февруари 2023 […]

Петровска: Делумно е симната тајноста на податоците за воената опрема донирана за Украина

март 15, 2023

Извршена е делумна декласификација на одлуките за донација на воена помош и опрема на Украина, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во вчерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21. Опремата била од источно производство и не се користела од АРМ, појасни таа. Зборувајќи за симнувањето на тајноста на дел од документите, Петровска рече […]

Уапсени тројца домашни ИСИС-овци, запленето оружје, муниција и „појаси за самоубијци“ (галерија+видео)

септември 1, 2020

Во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР), во соработка со Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), вчера се уапсени тројца терористи кои се организирале по урнекот на ИСИС и сакале да извршат терористички дела. При претресите биле пронајдени и „појаси […]

Кај скопјанец откриен арсенал оружје и муниција

октомври 23, 2017

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до скопското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.Г. (57) од Скопје, поради сомнеж дека неовластено изработувал и поседувал оружје, односно дека посредувал и тргувал со оружје или распрскувачки материи, како и дека прикривал стоки кои се предмет на криумчарење и вршел царинска измама. Како што соопшти […]

Франција предлага подобра контрола на муницијата на Балканот

јули 20, 2017

Франција на неодамнешниот самит за Западен Балкан во Трст предложила иницијатива што треба да овозможи подобра контрола на муницијата и на лесното вооружување во балканските земји. – Предложивме подобра соработка кога станува збор за складирање оружје и подобра контрола на лесното вооружување, што е водечки проблем во регионот. Сметам дека тоа е чекор напред во поглед на […]

Гори воената зона на турско-сириската граница, експлодирала муниција

јули 13, 2017

Голем пожар изби во воената база во турската јужна провинција Килис, која се граничи со Сирија, пренесуваат утринава турските медиуми. Како што се наведува, мали експлозии можеле да се слушнат од складиштето за муниција кое се наоѓа таму. Пожарот избил нешто по полноќ, а додека пожарникарите го гаселе, сообраќајот во регионот бил целосно запрен. Засега […]

Две кофи со муниција и гранати пронајдени во подрум од зграда во Чаир

февруари 6, 2017

Вчера попладне, во 15.22 часот, во Единицата за информации и команда (ЕИК Скопје) било пријавено дека во подрумските простории од станбен објект во населбата Чаир биле пронајдени две кофи со разна минуција, рачни бомби и минофрлачки гранати. „При увидот на местото на настанот, во подрумските простории, пронајдени биле 19 гранати калибар 40 милиметри во реденик, […]

Исчезнало оружје од воен магацин во Белград

ноември 17, 2016

При редовна контрола на воен магацин во гарнизон во Белград, било откриено дека исчезнало поголемо количество полуавтоматски пушки и муниција, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Министерството за одбрана на Србија денеска соопшти дека недостигаат 70 полуавтоматски пиштоли, пет автоматски пушки и два сандака муниција, калибар 7,62 и 9 милиметри. Српскиот министер за одбрана, Зоран Ѓорѓевиќ, […]

Стефановиќ: ДНК-траги од најмалку три лица на оружјето најдено кај домот на Вучиќ

октомври 31, 2016

Со вештачење на оружјето и на муницијата пронајдени во близи на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ, идентификувани биле парцијални траги од ДНК од најмалку три лица, соопшти денеска министерот на внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ. Сепак, изјави Стефановиќ, дел од трагите биле едни преку други и тешко било да се изолира еден […]

Автомобил полн оружје пронајден во близина на домот на Вучиќ

октомври 29, 2016

Попладнево во близина на семејниот дом на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, во белградската населба Јајинци, откриен е автомобил полн со оружје. Како што објавуваат медиумите во Србија, автомобилот бил паркиран во шумата недалеку од домот на Вучиќ, а во него се пронајдени бомби, минофрлачи и муниција. Сите безбедносни служби моментално се на терен. Вучиќ […]

Русија: Експлозија во магацин за ракети, евакуирани 600 лица

јуни 20, 2016

Најмалку 600 лица се евакуирани поради експлозија во магацин за муниција на полигон во Астрахан, Јужна Русија, соопшти руското министерство за одбрана, додавајќи дека нема жртви. Како што се наведува во соопштението, се запалиле лансирни рампи кои се користат за лансирање ракети во ниската орбита околу Земјата. Противпожарните служби набргу успеале да го изгаснат пожарот. […]

Пронајдени оружје и муниција во куќа во скопско Кучевиште

мај 6, 2016

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против двајца жители на селото Кучевиште, во чиј дом полициски екипи, при претрес, откриле повеќе парчиња оружје и муниција. Како што информираат од МВР, станува збор за Н.Н. (32) и за Р.Н. (66), против кои е поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со […]

Страна 1 од 2