fbpx
Таг: Евгениј Пригожин

таг: Евгениј Пригожин

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви отколку тие на личноста на фотографијата. Исто така, ако веруваме дека Пригожин е уште жив, за што нема кредибилен доказ, не е логично зошто човекот кој водеше пуч против лидерството...

Со фотографии исечени од видео старо 9 години се тврди дека Пригожин е жив

Фотографиите  споделени во оваа објава на Фејсбук, всушност се исечоци од видео од настан кој се случил во 2014 година. Па тврдењето дека Пригожин е жив врз основа на овие фотографии е манипулативно, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин е сè уште жив, а...

Пригожин и неговата мистериозна судбина – главен маркер за дезинформации

Жив е или навистина загинал во авионски пад на 23 август? Ова е главната дилема што се наметнува во јавноста по серијата вести и (дез)информации околу падот на компанискиот авион на Евгениј Пригожин, во кој се наоѓал и самиот во моментот на падот, барем според официјалните списоци и официјалните информации што ги лиферува руската влада. Проблемот е што малку...

Путин не планира да присуствува на погребот на Пригожин

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на Евгениј Пригожин, сопственикот на платеничката компанија „Вагнер Груп“, кој на крајот на минатата седмица загина во авионска несреќа, пренесува Асошиејтед Прес. Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател вели оти не знае каде ќе биде погребан Пригожин, иако некои руски медиуми пишуваат дека погребот би можел да се одржи денеска,...

Пригожин загинал во авионската несреќа, потврдија руските власти

Рускиот истражен комитет потврди дека шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, загинал во авионската несреќа. Комитетот денеска соопшти дека по форензичкото тестирање, сите десет тела пронајдени на местото на несреќата биле идентификувани, а нивните идентитети соодветствувале на оние од списокот на патници на летот, пренесува Гардијан. Руската управа за цивилно воздухопловство претходно неделава соопшти дека Пригожин и дел од неговите...

Лукашенко: Два пати го предупредив Пригожин да внимава

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека двапати го предупредил шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин да внимава на заканите по неговиот живот, објави Си-ен-ен пренесувајќи ја белоруската агенција Белта. „Првиот пат беше кога му телефонирав и се водеа преговори додека тие маршираа кон Москва“, им рече Лукашенко на новинарите во коментарот што го пренесе белоруската државна новинска агенција Белта во петокот. Му...

Путин го прекина молкот за смрта на Пригожин

Рускиот претесдател Владимир Путин го прекина молкот за смртта на Евгениј Пригожин, околу 24 часа по падот на приватниот авион на шефот на Вагнер, пренесе Би-би-си. Рускиот претседател рече дека шефот на платеничката група Вагнер е „талентирана личност“ која „направи сериозни грешки во животот“. Путин, исто така, испрати сочувство до семејствата на сите 10 лица за кои се вели дека...

Вагнер распарчен од руската држава по неуспешниот пуч

Вагнер умира со бавна смрт во последните два месеци, а пријавената смрт на нејзиниот водач ја остава групата со „ограничени опции“, изјави Џастин Крамп, извршниот директор на консултантската служба за разузнавање Сибилински и ветеран на британската армија, за програмата Денес на Би-Би-Си Радио 4. Тој рече дека по неуспешниот обид за државен удар на Евгениј Пригожин од пред два месеци кружат...

Пригожин загинал во авионска несреќа во Русија

Водачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа во Тверската област во Русија, јавуваат руските државни новински агенции ТАСС и РИА Новости, а информациите ги пренесуваат Би-би-си, Си-ен-ен и Гардијан. Би-би-си во најновата информација посочува дека во авионот кој паднал во Тверската област загинале 10 лица, меѓу кои и Пригожин. Светскиот сервис на вести на Би-би-си пренесува...

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин се сретнал со Путин

Рускиот претседател Владимир Путин се сретнал со водачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин по неуспешниот бунт на групата минатиот месец, пренесе Би-би-си. Пригожин бил меѓу 35-те команданти на Вагнер поканети на состанокот во Москва, информираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој рече дека Путин дал „оценка“ за воените напори во Украина и бунтот. Бунтот, кој започна на 23 јуни, траеше...

Кремљ не дава информации каде се наоѓа рускиот генерал Суровикин

Рускиот генерал Сергеј Суровикин, кој е заменик-командант на руските сили во Украина, од петокот вечер не е виден во јавноста, а официјален Кремљ денеска не можеше да даде информации каде се наоѓа тој, пренесува Си-ен-ен. Суровикин во саботата се појави со видео, преку кое му се обрати на шефот на платеничката војска Вагнер, Евгениј Пригожин да го сопре бунтот. Портпаролот на...

Вагнер може да го засили регрутирањето надвор од Русија, вклучувајќи го и Западен Балкан

Водачот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин би можел да го засили регрутирањето надвор од Русија или Белорусија, а Западниот Балкан е една од опциите за Вагнер. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го изјави Ана Матвеева од Институтот РУСИ и истражувач на Кралскиот колеџ во Лондон. Матвеева вели дека откако канцелариите на Вагнер во Русија се затворени, прилично...

Пригожин им нареди на своите сили да се вратат во своите бази

Лидерот на руската платеничка војска Вагнер, Евгениј Пригожин им нареди на своите борци да го сопрат движењето кон Москва и да се вратат назад во своите бази, јавува Би-би-си. Пригожин разговарал со белорускиот претседател Александар Лукашенко, а за време на разговорот тој се согласил да го сопре движењето на своите сили и да ја деескалира ситуацијата. Руските државни медиуми јавуваат...

Сили на Вагнер се движат во Липецкиот регион меѓу Вороњеж и Москва

Гувернерот на Липецкиот регион Игор Артамонов ја потврди информацијата дека сили на платеничката војска Вагнер преместуваат воена опрема во регионот, пишува Би-би-си. Британскиот радиодифузен сервис потврди дека конвој на Вагнер патува низ Липецкиот регион, којшто се наоѓа меѓу Вороњеж и Москва, односно се приближува до рускиот главен град. Артамонов напишал дека руските служби за спроведување на законот ги преземаат сите...

Следните 24 часа ќе бидат критични за Путин и за неговата контрола врз власта

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се соочи со најголемата закана за неговата власт во текот на изминативе 23 години, а наредните 24 часа ќе бидат критични за натамошниот расплет на состојбата во Русија, анализира Си-ен-Ен. Гардијан во својата анализа пак додава дека Путин никогаш претходно во минатото не бил волку слаб. Како што пишува Си-ен-ен, она што го гледаме денес...

Слабоста на Русија е очигледна, реагира Зеленски по бунтот на Вагнер

Очигледна е целосната слабост на Русија, а Украина е во состојба да ја заштити Европа од ширењето на руското зло и хаос. Оваа изјава денеска ја даде украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм, а ја пренесува Укринформ. „Слабоста на Русија е очигледна. Целосна слабост. И колку подолго Русија ги држи  своите војници и платеници на нашата земја, толку повеќе хаос,...

Вагнер ги зазеде воените објекти и во Вороњеж, Кадиров на страната на Путин

Борците на руската платеничка војска Вагнер ги зазеле сите воени објекти во градот Вороњеж, кој се наоѓа на половина пат меѓу Ростов-на-Дон и Москва, објави Би-би-би. Британскиот радиодифузен сервис се повикува на рускиот сервис на вести на Би-би-си, откако веќе беше објавено дека утрово силите на Вагнер ги ставиле под контрола клучните воени објекти во Ростов-на-Дон на југот на...

Москва го обвини Пригожин за бунт, упад во канцелариите на Вагнер во Санкт Петерсбург

Драматична ескалација се случи изминатава ноќ во Русија, откако шефот на платеничката војска Вагнер Евгениј Пригожин повика на бунт против руската армија, иако самиот тој демантираше дека станува збор за државен удар, јавува Би-би-си. Официјален Кремљ го обвини Пригожин за вооружен бунт, откако силите на Вагнер од Украина измаршираа во Русија и во моментов контролираат клучни локации во милионскиот...

Платениците на Вагнер се повлекуваат од Бахмут, руската војска ќе ја преземе контролата

Шефот на руската платеничка група Вагнер објави дека неговите сили почнале да се повлекуваат од украинскиот град Бахмут. Евгениј Пригожин во видеообраќање на апликацијата Телеграм вети дека до 1 јуни ќе ја пренесе контролата врз градот на руската армија, но Кијив вели дека сè уште контролира делови на градот, пренесува Би-би-си. Пригожин додава оти неговите сили се подготвени да се...

Пригожин гневен на руските генерали најави повлекување на платениците од Бахмут

Лидерот на руската платеничка војска Вагнер, Евгениј Пригожин се закани дека ќе ги повлече своите војници од Бахмут до 10 мај, доколку не добијат муниција од руската војска, пишува Би-би-си. Тој упати директно обвинување до руските генерали, прашувајќи го началникот на рускиот генералштаб Валериј Герасимов и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за тоа каде е муницијата за неговите...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...