Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви отколку тие на личноста на фотографијата. Исто така, ако веруваме дека Пригожин е уште жив, за што нема кредибилен доказ, не е логично зошто човекот кој водеше пуч против лидерството на Кремљ во јуни 2023 година, би ризикувал да се експонира при патување во јавен транспорт или воз, пишува Вистиномер.
Текстот го пренесуваме во целост:
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
ПPИГОЖИН ВОСКРЕСЕ? ВАИСТИНА ВОСКРЕСЕ?
Во склоп на објавата се споделуваат фотографии обележани дека се направени на 3 март 2024 година и на нив се алудира дека се наоѓа поранешниот водач на Вагнер, Евгениј Пригожин. Човекот на фотографијата наликува на Пригожин и се чини како фотографиите да се направени на воз.
Овие фотографии не се покредибилни од другите содржини кои после смртта на Пригожин се споделуваа за да ја поткрепат теоријата на заговор за него. Како што пишува Њузвик, не може да се утврди изворот на фотографиите кои се споделуваат во објавата што ја рецензираме, но оттаму утврдиле дека таа почнала да се споделува од руски Телеграм канали и други социјални медиуми на 13 март 2024 година околу 7 часот навечер.
Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Ушите на Пригожин се поинакви отколку тие на лицето на фотографијата. Лобусите на Пригожин беа пресечени и малку подигнати од околната ‘рскавица на неговото надворешно уво. Оваа карактеристична особина е видлива во медиумските фотографии и во извештаите за вестите за него. Човекот на сликата не се совпаѓа во тој аспект. Антихеликсот на Пригожин, односно подигнатиот дебел гребен на ‘рскавицата што се наоѓа во видливиот дел на увото, исто така е со сосема поинаков облик, како што може да се види на фотографиите објавени од руските државни медиуми,пишува Њузвик.
Исто така, ако веруваме дека Пригожин е уште жив, за што нема кредибилен доказ, не е логично зошто човекот кој водеше пуч против лидерството на Кремљ во јуни 2023 година, би ризикувал да се експонира при патување во јавен транспорт или воз.
Во секој случај, речиси со сигурност можеме да кажеме дека човекот фотографиран во возот не е Евгениј Пригожин, пишува Њузвик.
Минатата недела на социјалните мрежи циркулираше список на руски војници неодамна убиени во регионот Запорожје во Украина, на којшто беше посочено и името на Евгениј Пригожин.
Како што Њузвик откри, стануваше збор за војник кој пред неколку години го променил името од Руслан Јунсунов во Пригожин, според сведочења од неговото семејство.
Инаку Ројтерс извести дека на 25 август 2023 година, британското министерство за одбрана истакна дека „нема уште дефинитивен доказ дека водачот на Вагнер Евгениј Пригожин бил во авионот кој се урна и во кој немаше преживеани, но дека е многу веројатно дека тој е мртов“.