fbpx

Платениците на Вагнер се повлекуваат од Бахмут, руската војска ќе ја преземе контролата

Пригожин рече дека неговите сили се подготвени да се вратат доколку се покаже оти руската регуларна армија не може да управува со борбите за градот

-

Шефот на руската платеничка група Вагнер објави дека неговите сили почнале да се повлекуваат од украинскиот град Бахмут. Евгениј Пригожин во видеообраќање на апликацијата Телеграм вети дека до 1 јуни ќе ја пренесе контролата врз градот на руската армија, но Кијив вели дека сè уште контролира делови на градот, пренесува Би-би-си.

Пригожин додава оти неговите сили се подготвени да се вратат доколку се покаже дека руската регуларна армија не може да управува со борбите за градот, кои беа најдолги и најкрвави во војната.

Платениците на Вагнер ги водеа борбите таму за руската страна, а Пригожин оваа недела рече дека 20.000 негови борци загинале во Бахмут.

Би-Би-Си Верифај (BBC Verify) лоцираше видео во област во близина на аптека во источниот дел на Бахмут.

Пригожин, кој најави заземање на градот во саботата, се гледа како им кажува на своите луѓе да остават муниција за руската армија. Тој додава дека некои припадници на Вагнер ќе останат да им помагаат на руските војници.

Шефот на Вагнер постојано ги напаѓаше највисоките руски воени функционери, критикувајќи ги јавно дека не ги поддржуваат неговите војници. Минатиот месец тој дури се закани дека ќе ги повлече своите војници од градот доколку не им биде обезбедена потребната муниција.

И покрај тврдењата на Вагнер дека го предава Бахмут, Украина не признава оти градот е окупиран.

Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, во средата изјави дека нејзините сили сè уште контролираат дел од областа Литак во југозападниот дел на градот.

Аналитичарите велат дека Бахмут има мала стратешка вредност за Москва, но неговото заземање би било симболична победа за Русија по најдолгата битка од војната во Украина досега.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...