fbpx

Следните 24 часа ќе бидат критични за Путин и за неговата контрола врз власта

Дури и ако бунтот на Пригожин брзо пропадне, последиците ќе продолжат траат со месеци, поттикнувајќи политичка нестабилност и поставувајќи прашалници за способноста на Путин да раководи со Русија

-

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се соочи со најголемата закана за неговата власт во текот на изминативе 23 години, а наредните 24 часа ќе бидат критични за натамошниот расплет на состојбата во Русија, анализира Си-ен-Ен. Гардијан во својата анализа пак додава дека Путин никогаш претходно во минатото не бил волку слаб.

Како што пишува Си-ен-ен, она што го гледаме денес – кога Путин е принуден да признае дека Ростов на Дон, неговиот главен воен центар на југот на Русија, е надвор од негова контрола, ја отфрла идејата дека со ваквиот потег на Вагнер и Пригожин управува Кремљ. Сепак, додава Си-ен-ен, веројатно е дека единиците на Вагнер на Евгениј Пригожин веќе некое време ги планирале дел од бунтовничките активности.

Оправдувањето за овој бунт изгледаше итно и спонтано – очигледен воздушен напад врз кампот Вагнер во Украина, којшто руското Министерство за одбрана го негираше – беше тригер за силите на Вагнер многу брзо да се префрлат во Ростов-на-Дон. Самиот Пригожин во своето обраќање делумно ја кажа вистината за катастрофалните почетоци на војната на Русија врз Украина: Русија не беше под закана од напад на НАТО, а Русите не беа прогонувани.

„Силите на Вагнер се собраа многу брзо и брзо се префрлија во Ростов. Тоа е тешко да се направи спонтано во едно попладне“, се наведува во анализата на Си-ен-ен.

Можеби Пригожин сонувал дека може да го принуди Путин да изврши промена на раководството во руското Министерството за одбрана, кое шефот на Вагнер јавно го критикуваше со месеци, додава Си-ен-ен. Но, обраќањето на Владимир Путин утрово ја искорени таа можност.

Руската елита сега е пред егзистенцијален избор – меѓу пропаднатиот режим на претседателот Путин и мрачниот франкенштајновски платеник што Путин го создаде за да ја врши својата валкана работа, кој сега се сврте против своите господари.

„Каде се специјалните сили на ФСБ? Десеткувани од војната или не желни да ги нападнат своите вооружени и искусни другари во Вагнер“, прашува Си-ен-ен.

Украина најверојатно ќе го слави катастрофалниот тајминг на овој бунт во редовите на Русија. Тоа најверојатно ќе го смени текот на војната во корист на Киев, пишува Си-ен-ен. Но, бунтовите ретко завршуваат во Русија – или на кое било друго место – со резултатите што тие сакаат да ги постигнат. Отстранувањето на царот Николај II во Русија во 1917 година се претвори во Болшевичка револуција, доаѓање на Ленин на власт, а потоа и создавање на Советска империја.

„Пригожин можеби нема да победи, а темелите на контролата на Кремљ можеби нема да се урнат. Но, ослабениот Путин може да направи ирационални работи за да ја докаже својата сила“, анализира Си-ен-ен.

„Позицијата на Русија како одговорна нуклеарна сила почива на стабилноста на врвот“, додава Си-ен-ен.

Британскиот весник Гардијан во својата анализа денешниот бунт го споредува со распадот на Советскиот сојуз во 1991 година.

„Руските генерали во паника го повикаа Пригожин да се повлече и да го откаже својот „државен удар“. Оклопни возила се тркалаат по улиците на Москва, очигледно испратени да го чуваат Министерството за одбрана и другите бирократски центри од можен внатрешен напад“, пишува Гардијан.

Извонредните слики ги враќаат сеќавањата на неуспешниот пуч во летото 1991 година, организиран од страна на тврдокорните во КГБ, со цел да се зачува распадот на комунистичката моќ. Овој настан го забрза падот на Советскиот Сојуз што се случи неколку месеци подоцна.

Прерано е да се каже дали историјата се повторува, пишува Гардијан, додавајќи дека Пригожин не е миротворец, туку неговиот манифест е Русија да води пожестока кампања во Украина, со подобро донесување одлуки на највисоко ниво, повеќе искреност и помалку војници непотребно жртвувани во лошо осмислени напади.

„Без оглед на исходот од неверојатната драма во петокот, Путин изгледа послаб од кога било откако стана претседател во 2000 година. Неговата одлука да ја нападне Украина се покажа како голема стратешка грешка – најголемата во неговата кариера и која може, порано или подоцна, да го симне од власт“, се вели во анализата на Гардијан.

Дури и ако бунтот на Пригожин брзо пропадне, последиците ќе продолжат траат со месеци, поттикнувајќи политичка нестабилност и поставувајќи прашалници за способноста на Путин да раководи со Русија. Во шекспировата драма за долгото претседателствување на Путин, налик на Магбет, сме во петтиот чин, пишува Гардијан.

Сето тоа отвора значајни и интригантни можности за Украина. Силите на Вагнер се сместени во окупираните региони Луханск и Донецк. Некои од нив заминаа во изминатите 24 часа и се вратија во Русија. Има рани извештаи дека украинските војници зазеле неколку уништени улици во градот Бахмут, каде што со месеци беснее тешка битка.

Приватната војска од доброволци и ослободени осуденици на Пригожин се покажа како подисциплинирана и поспособна на воен план од редовната руска армија. Сега Вагнер исчезнува од сцената и го насочува своето внимание кон самата Русија, додава Гардијан.

Со ова, шансите за украински пробив ова лето драстично се зголемија. Ако моралот на руската линија на фронтот пропадне, а војниците не се подготвени да се борат, земјата може брзо да биде заземена од Украина.

Сонот на Путин за заземање на цела Украина и „повторно обединување“ со Русија не се оствари. Се покажа дека е фантазија на диктатор: производ на лошата интелигенција, месијанското размислување и екстремната изолација на Путин за време на ковид пандемијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...