(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Од вкупниот број на вработени во јавниот сектор лани, 70,5 отсто биле Македонци, скоро 22,1 отсто етнички Албанци, 2,6 проценти Турци, а останатите заедници - Роми, Срби, Бошњаци, Власи - биле застапени со помалку од 2 отсто

-

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во новообјавениот Извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2023 година се нотира дека лани под државна капа работеле 128.879 лица во вкупно 1.371 институција.

Етничка структура на вработените во јавниот сектор

Од вкупниот број на вработени во јавниот сектор лани, според етнички „клуч“, 70,5 отсто биле Македонци, скоро 22,1 отсто етнички Албанци, 2,6 проценти Турци, а останатите заедници – Роми, Срби, Бошњаци, Власи – биле застапени со помалку од 2 отсто.

И во 2023 година, во министерствата има големи разлики во застапеноста на етничките заедници. Новите годишни податоци покажуваат дека во четири ресори застапеноста на етничките Македонци е над 70 отсто: во Министерството за земјоделство скоро 73 проценти, во Министерството за одбрана 74,7 проценти, во Министерството за транспорт и врски 71,3 отсто и во Министерството за труд и социјална политика застапеност од 71 отсто.

Од друга страна, во Министерството за политички систем, етничките Албанци се застапени со 84,71 отсто. Зад овој ресор се Министерството за економија со 49,25 проценти и Министерството за локална самоуправа со застапеност од 41,51 отсто. Повеќе од 30 отсто застапеност на етничките Албанци има во Министерството за животна средина – 38 проценти, Министерството за образование – 37,8 отсто и Министерството за правда – 38,02 отсто.

Помалку од 20 отсто застапеност на етничките Албанци има во ресорите за одбрана, транспорт и за земјоделство. Од друга страна, во Министерството за политички систем, само 4,28 отсто од вработените се етнички Македонци, кои со помалку од 50 проценти се застапени во Министерството за економија и во Министерството за локална самоуправа.

Ромската заедница со најголем процент од 3,13 отсто е застапена во Министерството за правда, а воопшто не е застапена во Министерствата за економија, за здравство, за локална самоуправа и за животна средина. Етничките Турци највисока застапеност од 5,22 отсто имаат во Министерството за економија, а со над 4 отсто се застапени и во Министерствата за информатичко општество, за одбрана и за политички систем.

70,6% од вработените со високо и со средно образование

Просечната возраст на вработените во јавниот сектор лани била 46,2 години. Според образованието, најголем број или 52.881 вработен се со високо образование, 38.137 се со средно, а 9.356 се со основно образование.

Во јавниот сектор биле регистрирани и 1.813 доктори на науки и 5.102 магистри. Според етничкиот клуч и степенот на образование, вкрстените податоци од Регистарот покажуваат дека од вкупниот број на доктори на науки, 1.490 се Македонци, 321 Албанци, 29 Срби, 20 етнички Турци, 18 Власи и по 6 етнички Роми и Бошњаци.

Од вкупниот број на вработени според етнички и образовен „клуч“ , 904 Албанци се магистри, 12.980 Албанци се со високо образование, а 6.676 се со средно образование.

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија за спречување...

Трамп нареди објавување на илјадници класифицирани досиеја за атентатите на Џон Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на функционерите да направат планови за декласификација на документите поврзани со три атентати - на Џон Ф. Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг...

ТАВ Аеродроми: Нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека „easyJet“, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен...

Уште четири лица осомничени за терористичка организација

Под раководство на јавен обвинител, вчера била спроведено координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал и за специјални полициски операции, во рамки...

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија...