четврток, 5 март, 2026
Meta.mk

Ознака: администрација | 151 резултати

АНАЛИЗА: Етничката структура на администрацијата во 2022 година [инфографик]

25 април 2023

Различни институции имаат различна процентуална застапеност на етничките заедници меѓу своите вработени. Етничките Македонци доминираат во ресорите одбрана, финансии, земјоделство, а етничките Албанци во Министерствата за политички систем и за економија, пишува Порталб.мк. Според податоците, речиси во сите министерства процентот на етничките Албанци е над 25 отсто. Во четири ресори застапеноста е помала од 20 […]

АНАЛИЗА: Администрацијата брои 129.374 луѓе

18 април 2023

Во јавниот сектор во државата во 2022 година биле вработени 129.374 луѓе. Во споредба со 2021, бројот се намалил за 1.809, пишува Порталб.мк. Но, вкупниот број на вработените во јавниот сектор не соодветствува со вкупниот број пополнети работни места, од причина што има вработени пред сѐ во областа на образованието и во здравството, коишто пополнуваат […]

АНАЛИЗА: За едно работно место, 9 пријавени во администрација

11 април 2023

Новиот годишен извештај за работата на Агенцијата за администрација пред пратениците – документот открива дека лани институциите на централната власт го зголемиле бројот на јавни огласи за вработување, да кај огласите за вработување на административци на локално ниво, има намалување. Од кандидатите што ги поминале сите филтри и биле одбрани за идни административци 23,5 отсто […]

Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари

13 март 2023

Минималната плата која досега изнесуваше 18.000 денари од следниот месец ќе се зголеми за 2.175 денари и ќе изнесува 20.175 денари, објави премиерот Димитар Ковачевски. Со ова, минималната плата ќе бележи пораст од 12,55 отсто, а согласно Законот за административни службеници, како што најави Ковачевски, ќе се изврши усогласување и на платите на 27.000 службеници. […]

Контраспин: Дури ни Груевски не си дозволи пи-ар „рекреaција“ во канцеларија како Груби

9 март 2023

Груби може да се запраша зошто дури ни „мајсторот“ за пи-ар, каков што беше премиерот Никола Груевски, никогаш не си дозволил да прави реклама од своето работење во канцеларија. И тој се жалеше дека работи 24/7 – 365 дена, дека повеќе од 12 часа минува со своите премиерски обврски, но кога сакаше да прави пи-ар […]

Земјава за две места погоре од лани во Индексот за перцепција на корупцијата [инфографик]

31 јануари 2023

Во најновиот Индекс за перцепција на корупцијата, којшто секоја година го објавува Транспаренси Интернешнел, годинава Северна Македонија е на 85. место од 180 рангирани држави. Со 40 поени, на скалата каде 0 е оценка за висока корумпираност, а 100 е најдобра оценка во поглед на перцепцијата за корупција, земјата напредувала две места во споредба со […]

Порталб ретроспектива на годината: Јавната администрација никако да се реформира

3 јануари 2023

И покрај тоа што со години се даваат истите ветувања кои не се реализираат и не стануваат видливи за граѓаните, Северна Македонија продолжува со напорите за реформирање на администрацијата. Јавната администрација во 2022 година, исто како и во 2021 година, беше во центарот на критиките поради бавната динамика на реформите. Администрацијата сè уште се соочува […]

Вработените на УКИМ ќе добијат значително повисоки плати, соопшти Сојузот на синдикати

29 декември 2022

Собранието на РСМ, односно претседателот Талат Џафери и претседателот на Сојузот на синдикати проф. д-р Ангел Ристов денеска потпишаа колективен договор со кој во 2024 и во 2025 година сите вработени на најстариот универзитет во државата „Св. Кирил и Методиј“, ќе добијат значително повисоки плати. Како што за Мета.мк вели проф. Ристов, се чека одлуката […]

Дефинитивно нема да има трансфер на администрацијата од јавниот во приватниот сектор

30 октомври 2022

Владата на Северна Македонија се откажа од планот за трансфер на вработените од јавниот  во приватниот сектор како мерка за намалување на бројот на вработените во администрацијата. Оваа иницијатива која во 2019 година ја започна тогашниот министер за информатичко општество, Дамјан Манчевски, почна да се гаси по неговото заминување и именувањето на Јетон Шаќири за […]

Меркочи од „Доста е“: Дигитализацијата на јавните услуги во Албанија го зголеми нивниот квалитет

29 септември 2022

Современиот предизвик со кој се соочуваат земјите на Западен Балкан е дигитализацијата на јавните услуги. Албанија во споредба со другите земји од регионот води во овој процес. Дигиталната револуција на Албанија што започна во 2013 година, тогаш вклучуваше само 14 електронски услуги, додека денес опфаќа 1.225. Преведено во проценти, ова покажува дека Албанија има дигитализирано […]

Дигиталната трансформација на јавните услуги – предизвик за земјите од Западен Балкан

26 септември 2022

Дигитализацијата на јавните услуги е современиот предизвик со кој се соочуваат земјите од Западен Балкан. Таа ретставува длабок процес за сите земји, којшто сепак не е невозможен, бидејќи земјите сега веќе напредуваат во оваа насока, некои помалку, а некои повеќе. Доволна е политичка волја, учење од позитивните практики на другите земји и истрајност на институциите […]

Конференција на ИЦЕДА: Мора да се забрза процесот на дигитализација на јавните услуги

26 септември 2022

Дигитализацијата е сегашноста и иднината, имајќи ги предвид реформите и напредокот на Албанија во оваа насока, колку побрзо државите ги дигитализираат своите јавни услуги, толку подобро и полесно е за граѓаните да ги добијат. Со оваа форма, исто така, се намалува и корупцијата. Ова беше главниот заклучок на граѓанските организации во регионалниот дијалог за Дигиталната […]

Реформите во јавната администрација заглавија во законски измени

5 јули 2022

Законите што ја регулираат работата на јавната администрација се коригираат со години и сè уште се предмет на делумни измени, дополнувања или целосни промени. Овие унапредувања на законските решенија одат побавно од очекуваното, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација, пишува Вистиномер. Самиот факт што толку долго се носат и никако […]

Ќе се забрза ли процесот на е-услугите ?

1 јуни 2022

Преку платформата за интероперабилност веќе се поврзани судовите со МВР, Јавното обвинителство, Царинската управа, Централниот регистер, ДИК, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, ДКСК и МНАВ – Агенцијата за цивилно воздухопловство. На Платформата за интероперабилност се приклучени 39 институции, со тенденција да се приклучат уште 15 институции. Ова, меѓу другото, се вели во […]

Вистиномер: Како до поефикасни услуги на администрацијата?

23 мај 2022

Еден од елементите на добра, реформирана администрација прифатен од ОЕЦД и ЕУ е и прашањето за испораките на услугите кон граѓаните и правните лица, бизнисот, т.е. изградба на администрација насочена кон потребите на граѓаните, што ќе нуди лесно достапни услуги. Ова, меѓу другото,  се посочува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација насловен како: „Администрирањето“ со администрацијата – клучен […]

Носењето на клучните закони за администрацијата се влече со години

10 мај 2022

Најважен услов за напредок во секторот јавна служба и управување со човекови ресурси се основните закони од областа: Закон за административни службеници, Закон за вработени во јавен сектор и законот што допрва првпат треба да биде ставен во легислативата, Законот за високата раководна служба. Станува збор за законски решенија што треба да овозможат професионализација на […]

Бавно се менуваат законите за јавна администрација

8 мај 2022

Законите што ја регулираат работата на јавната администрацијата постојат и биле предмет, но и сè уште се, на делумни измени, дополнувања или целосни промени. Сепак, овие унапредувања на законските решенија одат побавно од очекуваното, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација насловен како: „Администрирањето“ со администрацијата – клучен предуслов за реформите, […]

Реформите во администрацијата може подобро да се „администрираат“ – публикација на Метаморфозис за ЈА

1 мај 2022

Јавната администрација се реформира, но состојбата може да се опише како чаша до половина наполнета – ниту процесот оди бавно ниту брзо, ниту може да се каже дека во комплексот прашања работите се лоши ниту дека се одлични, а главните причини може да се лоцираат во кадровскиот капацитет и политичката волја за спроведување на целосни […]

ЦГК: Во двете кризни години, државните институции купиле 142 нови возила за 3,6 милиони евра

16 март 2022

Истражување за набавените нови патнички возила од државните институции во текот на кризниот период од март 2020 година наваму, покажа дека се набавени нови 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра. Возила набавиле 42 државни институции. Според резултатите од анализата на Центарот за граѓански комуникации, најмногу патнички возила набавила владината Служба за […]

Контраспин: Спин е дека Владата на СДСМ ја зголемила администрацијата за 30 илјади вработени

15 март 2022

Анализите на јавно достапните бројки од годишните извештаи за вработените во јавниот сектор во периодот од 2016 до 2020 година покажуваат дека нивниот број се зголемил за околу 2.400, а ако се додадат и зголемувањата од околу 1.700 на бројот на вработените во АД во државна сопственост, вкупната бројка би изнесувала нешто над 4 илјади […]

Страна 1 од 8