fbpx

Вработените на УКИМ ќе добијат значително повисоки плати, соопшти Сојузот на синдикати

-

Собранието на РСМ, односно претседателот Талат Џафери и претседателот на Сојузот на синдикати проф. д-р Ангел Ристов денеска потпишаа колективен договор со кој во 2024 и во 2025 година сите вработени на најстариот универзитет во државата „Св. Кирил и Методиј“, ќе добијат значително повисоки плати. Како што за Мета.мк вели проф. Ристов, се чека одлуката за колективниот договор да биде прво објавена во Службен весник, па потоа ќе се знае точно за колкави покачувања станува збор.

Како што е наведено во соопштението од Сојузот на синдикати, ова е резултат на заложбите на Сојузот за значително подобрување на материјалната положба на вработените на УКИМ.

„Со овој колективен договор кој ќе се применува во 2024 и во 2025 година, се предвидува значително покачување на платите на наставниот кадар и на вработените во администрацијата на универзитетот. Благодарност до Џафери што ги прифати нашите оправдани и аргументирани барања и што го потпиша овој колективен договор со кој за прв пат после децении значително ќе се подобри материјалната положба на вработените“, наведено е во соопштението.

Во него стои дека државата конечно ќе даде поддршка на развојот на високото образование без кое не е можен развој и напредок.

„Потпишувањето на овој договор има историско значење за автономијата на Универзитетот и развојот на науката“, напишано е во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Download Nulled WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
download udemy paid course for free
download lava firmware
Download Premium WordPress Themes Free
udemy course download free