fbpx
Таг: администрација

таг: администрација

Администрацијата ќе добива К-15, дневници за превоз, трошоци за ноќевања и други бенефиции

Владата на вчерашната шеста седница го овласти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да го потпише Гранскиот колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ. „Ова ќе биде прв Грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи после 1995 година, со кој администрацијата се стекнува со право на К-15, дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за...

„Че тим ТВ“: Партиски вработувања во јавната администрација (ВИДЕО)

Младите на „Че тим ТВ“ започнаа со објавување нoва серија со кратки видеа.  Темата на првото видео се однесува на вработувањата во јавната администрација, пренесува Порталб.мк. (за превод на македонски вклучете превод: кликнете на „cc“ копчето во долниот десен агол на видеото) Јавната администрација во северна Македонија минатиот период, но и сега е цел на критики бидејќи постои перцепција дека е...

В сабота 40 илјади административци ќе го чистат ѓубрето на 12 локации низ Скопје

Јавната администрација оваа сабота ќе се вклучи во активностите на граѓанската иницијтива „Не биди ѓубре“ и ќе го чисти сметот на 12 локации низ Скопје, најави на денешната прес конференција министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски. Со овој ангажман надвор од своите канцеларии административците воедно ќе го одработат 2 јануари. Министерот денес апелираше до вработените во државните институции...

Сабота, 14 декември ќе биде работен ден за вработените во дел од државните институции  

Владата на 167. седница донесе одлука 14 декември, сабота, да биде работен ден за вработените во државните институции. Согласно одлуката, на 14 декември ќе се одработува за 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции. „Овој заклучок не се однесува за вработените во здравствените и образовните институции. Заклучокот се препорачува да го спроведат...

За МРТ, МРД и АВМУ следната година 19,5 милиони евра

Од вкупниот буџет на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во износ од 1,52 милијарди денари, дури 1,2 милијарди денари (односно 19,5 милиони евра) се наменети за МРТ, МРД и АВМУ, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска, на прес конференцијата за буџетот на министерството за следната година. Тој најави дека фокусот следната година е дигиталната...

Се воведува ред во системот за водење евиденција на бројот на вработени во институциите

Со стопирање на платата на институциите кои ги немаат внесено податоците за своите вработени во системот, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во соработка со Управата за јавни приходи (УЈП) се обидуваат да го решат проблемот со невнесување на податоците за вработените во Информациониот систем за управување со човечки ресурси - ИСУЧР. Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан...

Привремените вработувања се траен влез во јавната администрација

Можноста за ангажирање лица преку агенции за привремени вработувања и за вработување на определено време масовно се користи за вработување ов јавниот сектор. Ова го потврдува и анализата на „Транспаренси интернешнл – Македонија“ и Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (ДКСК) во проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со...

На секои 36 часа ново вработување во локалната самоуправа

Заклучно со септември, годинава 192 вработувања биле реализирани во локалната самоуправа во земјава, покажуваат податоците на Агенцијата за администрација. Со оглед на тоа што се изминати 300 дена од годината, математиката покажува дека во локалната самоуправа било реализирано по едно вработување на ден и половина односно на секои 36 часа. Анализата на огласите за вработување покажува дека ваквиот тренд продолжува...

Секоја петта институција постои само поради директорската фотелја

Речиси една петина од институциите на јавниот сектор имаат помалку од 20 вработени, со што е невозможно да функционираат, и постојат за доделување функции на партиски луѓе, заклучува функционалната анализа на УНДП на јавната администрација, објавена во мај лани. Според последниот извештај од регистарот на вработени во јавната администрација, за 2018 година, македонскиот јавен сектор има 1.314 институции, од кои 23 немаат вработени,...

И извештајот на УНДП укажува на административците кои воопшто не одат на работа

Стотина вработени во подрачните единици на Министерството за одбрана ја напуштиле јавната служба во минативе две години, информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска на минатонеделниот брифинг со новинарите. - Инсистиравме да одат на работа – едноставно објасни Шекеринска како Министерството спонтано се справило со вишокот во корпусот од 350 административци во подрачните, денес регионални, единици, чија работа некогаш беше, а...

Казнети административците кои лепеле плакати за трибината на СДСМ во Кочани

Пред синоќешната трибина на СДСМ, како дел од караванот „На прав пат“, плакати со најава на трибината осамнаа на зградата на Општина Кочани, и тоа на местото каде треба да помине секој вработен и со картичката да го евидентира своето работно време. На ова реагираа од ВМРО - ДПМНЕ од Кочани. Ден по трибината, Општина Кочани објави дека со...

Ова се законските измени за администрацијата што се очекува да бидат усвоени

До крајот на оваа година или почетокот на 2020 година, граѓаните ќе можат да видат видливи резултати од проектот за реорганизација и оптимизација на јавната администрација, со цел да се зголеми ефикасноста на работата на администрацијата. Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски пред почетокот на дебатата измените во Законот за aдминистративни службеници, пренесува „Порталб.мк“. „Вработените...

Ребаланс: Помалку пари за нови водоводи, повеќе за плати во администрацијата

Со забавена динамика ќе се реализираат повеќе проекти за изградба на нови водоводи, системи за отпадни води и наводнување откако Владата со ребалансот на буџетот ги намали парите предвидени за оваа намена, покажуваат наодите од анализата на „Мета“ на предлог-ребалансот на буџетот за 2019 година кој наскоро треба да се најде на расправа пред пратениците во Собранието. Од друга страна,...

Администрацијата официјално пораснала за три отсто, но непозната е вкупната бројка на вработени во јавниот сектор (инфографик)

Бројот на вработени во јавниот сектор, според македонската дефиниција, пораснал за 3.750 од 2015 до 2018 година, откако се води регистарот за вработените во државните установи и претпријатија. Но, покрај оваа бројка, која се пресметува со вкрстување на податоци од низа извори, во 2017 година за прв пат е објавено дека  над 10.200 лица се ангажирани со договор за...

Oд октомври ќе можe да се вадат документи во електронска форма – стартува електронскиот портал

Фото: Борче Поповски/Kolektif.mk
Од почетокот на октомври, ќе стапи во употреба новиот национален портал за електронски услуги кој ќе им овозможи на граѓаните да, освен со постојната постапка, документите да ги добијат на електронски начин, односно само со неколку кликови, со што ќе се отстранат бирократските процедури, шетањата од еден на друг шалтер и чекањето во долги редови, пишува „Порталб.мк“. Министерството за информатичко...

Во Македонија сè уште има институции без директори и вработени (инфографик)

Ulica Makedonija lugje toplo Voin na konj spomenik Aleksandar bilbord
Македонија има институции кои се неефикасни во давањето услуги на граѓаните. Меѓу нив има и такви што немаат ниту вработени, ниту директори, некои имаат директор, но немаат вработени, а некои имаат вработени а немаат директор. Се очекува дека, до крајот на годината, анализата за спојување на институции ќе биде подготвена со цел да се намали бројот на неефикасните институции и...

Имаме „европска“ јавна администрација, а „македонска“ невработеност (инфографик)

Официјалниот број на вработени во јавниот сектор во земјава е близу до европскиот просек, како процент од вкупниот број вработени, но уште поблизу до македонската стапка на невработеност. Истовремено, просечната стапка на невработеност во ЕУ е 6,8 отсто, или помалку од половина од македонската.  Според Годишниот извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор за 2018 година, Министерството за информатичко...

Различни институции со различни бројки за бројот на вработени во јавниот сектор

Во земјава е прилично едноставно да се дојде до официјална бројка за вработените во приватниот сектор, но не и до бројот на вработени во јавниот сектор. Формално, Министерството за информатичко општество и администрација води државен Регистар на вработени во јавниот сектор, но тој не ги опфаќа пратениците, министрите, замениците министри, градоначалниците,општинските советници, претседателите и членовите на државни комисии, директорите,...

Каков буџет му остави Тевдовски на Заев?

Заклучно со мај, годинава реализацијата на капиталните трошоци од буџетот изнесува 3,5 милијарди денари, што е 13,7 отсто од вкупната предвидена сума за 2019 година од 25,9 милијарди денари, покажуваат податоците на Министерството за финансии за извршување на буџетот. Ниската реализација на капиталните инвестиции од буџетот е само една од причините поради која премиерот Зоран Заев реши да го преземе...

Во третата година од мандатот Владата се’ уште почнува со реформи во администрацијата

Бавно оди процесот на реформи што треба да доведат до професионализација на администрацијата, а најдобар показател за тоа е што Владата во третата година од мандатот се уште ги менува законите за вработените во јавниот сектор и законот за административни службеници. Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) преку Единствениот национален елетронски регистар на прописи (ЕНЕР) објави дека подготвува Закон...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....