fbpx

АНАЛИЗА: За едно работно место, 9 пријавени во администрација

За спроведените јавни огласи за вработување се пријавиле скоро 16.300 кандидати,  но податоците покажуваат дека 60 отсто од обработените пријави биле неуредни

-

Новиот годишен извештај за работата на Агенцијата за администрација пред пратениците – документот открива дека лани институциите на централната власт го зголемиле бројот на јавни огласи за вработување, да кај огласите за вработување на административци на локално ниво, има намалување. Од кандидатите што ги поминале сите филтри и биле одбрани за идни административци 23,5 отсто се етнички Албанци. Порталб.мк во последователни Анализи ќе објави податоци за вработувањата и состојбата со администрацијата во 2022 година.

Во 2022 објавени 800 јавни огласи за вработување

Скоро 1.500 лица лани добиле „виза“ за вработување во администрацијата. Конкретно, 1.048 се избрани за вработување во централната власт, а 416 во институции на ниво на локалната власт. Новите податоци од Агенцијата за вработување покажуваат дека според етничката припадност, најголем дел или 66 отсто од избарните кандидати за вработување се Македонци, нешто над 23 проценти се Албанци, а околу 4 проценти етнички Турци. Останатите етникуми се застапени со помалку од 2 отсто.

Ова значи дека лани за вработување во администрацијата како административни службеници, раководни, стручни, помошно-стручни, филтерот го поминале 927 Македонци, 344 Албанци, 56 кандидати Турци, 42 Роми.

Ова е епилогот за буџетската 2022 година во која институциите и на централно и на локално ниво побарале објавување на скоро 900 објавени огласи за вработување, но биле објавени 800 за 1.771 работно место за вкупно 2.075 административци. Најголем дел од огласите или 59 отсто биле на барање на централната власт, а 41 процент од локалните власти.

За спроведените јавни огласи за вработување се пријавиле скоро 16.300 кандидати,  но податоците покажуваат дека 60 отсто од обработените пријави биле неуредни. Оваа бројка на „кандидати“ за идни административци покажува дека работата во државна служба и натаму е атрактивна, посебно што најголем дел од пријавените, 14.131 лица, сакале да се вработат во централната власт, а 2.106 се пријавиле за работа на локално ниво. Сепак, по сите поминати филтри, крајниот административен испит го положиле 2.348 лица. Конечното рангирање на кандидатите покажува дека лани државата и на централно и на локално ниво „регрутирала“ 1.464 нови административци.

Лани во споредба со 2021 година значајно бил зголемен бројот на објавени огласи за вработување на централно ниво, конкретно во 2022 тој се зголемил за дури 30,3 отсто, а институциите на локално ниво објавиле помалку јавни огласи за 22,3 отсто. Вкупно во 2022 година, во споредба со 2021, бројот на објавени огласи се зголемил за 2 проценти.

Но, иако е зголемен бројот на објавени огласи, намален е бројот на избрани кандидати за 5,85 отсто. Податоците од извештајот на Агенцијата за администрација покажуваат дека лани во споредба со 2021 година, вработувањата на административци на централно ниво се зголемени, додека на локално има намалување. Конкретно во 2022 година бројот на избрани кандидати во институциите од државната власт е поголем за 16,4 проценти, додека во институциите на локално ниво има намалување за 36,5 отсто.

По етничка припадност избрани се 10,2 отсто помалку Македонци, 6,2 отсто повеќе Албанци, 2,4 проценти помалку Турци, 13,5 отсто повеќе Роми, 17,8 проценти помалку Срби, а 116,6 отсто повеќе Бошњаци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...