fbpx

Земјава за две места погоре од лани во Индексот за перцепција на корупцијата [инфографик]

-

Во најновиот Индекс за перцепција на корупцијата, којшто секоја година го објавува Транспаренси Интернешнел, годинава Северна Македонија е на 85. место од 180 рангирани држави. Со 40 поени, на скалата каде 0 е оценка за висока корумпираност, а 100 е најдобра оценка во поглед на перцепцијата за корупција, земјата напредувала две места во споредба со ланскиот извештај.

Во претходниот индекс, пак, Северна Македонија се искачи за 24 места погоре што е 12 пати поголем напредок во однос на напредокот забележан во најновото рангирање.

Индекс за перцепција на корупцијата: Напредок има, но простор за големо задоволство нема

Според индексот за годинава, дури 155 земји не направиле забележителен напредок за една година. Повеќе од две третини од оценетите земји, меѓу кои е и Македонија, имаат индекс под 50 поени.

Сепак, и по најновиот напредок, земјава е при дното на Балканот, па пред Северна Македонија на листата се наоѓаат Словенија (41 место), Грција (51), Хрватска (57), Црна Гора (65) и Бугарија (72) и Косово (84). Полошо се рангирани Србија и Албанија (101) и Босна и Херцеговина, која е најлошо пласирана во окружувањето (110 место).

И покрај малиот напредок, Македонија и понатаму е во друштво на Суринам, Индија и Тунис.

Како главни причини за рангирањето на Северна Македонија се наведуваат недостигот на интегритет при избор на клучни фигури во судството и неефикасното водење на тековните случаи против корупција.

„За да се обезбеди одговорност и да покаже вистинска волја за борба против корупцијата, владата мора соодветно да обезбеди ресурси и да овозможи независност на Комисијата за спречување на корупцијата (ДКСК) и на институциите одговорни за истрага на корупцијата и организираниот криминал“, се наведува во извештајот.

Најмалку корумпирана држава, според годинашниот индекс е Данска, по што следат Финска и Нов Зеланд. Германија е на 9. место.

МОН: Запишувањето вонредни ученици во медицинските училишта се става во мирување

Сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка се известени дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување, почнувајќи...
Free Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download mobile firmware
Download Premium WordPress Themes Free
free download udemy paid course