fbpx

Дефинитивно нема да има трансфер на администрацијата од јавниот во приватниот сектор

-

Владата на Северна Македонија се откажа од планот за трансфер на вработените од јавниот  во приватниот сектор како мерка за намалување на бројот на вработените во администрацијата. Оваа иницијатива која во 2019 година ја започна тогашниот министер за информатичко општество, Дамјан Манчевски, почна да се гаси по неговото заминување и именувањето на Јетон Шаќири за министер, за на крај целосно и да згасне со доаѓањето на Адмирим Алити на местото на Шаќири, пишува Порталб.мк.

Кој би го сменил работното место во време на економска криза и КОВИД-19, кога ништо друго не беше сигурно освен платите на вработените во државата? Ова беше скептичното гледиште за иницијативата која имаше за цел да го намали бројот на јавната администрација, за кој што нашата земја неколку години по ред добива примедби. Најголемиот број на примедбите беа поради полнењето на институциите со партиски милитанти кои беа ангажирани без никакви критериуми.

Како што соопштија од Синдикатот на Администрацијата, иако била на доброволна основа и никој немаше да биде трансфериран присилно, вработените биле против оваа иницијатива.

Ветувањето на Манчевски, двоумењето на Шаќири, откажувањето на Алити

Фото:Порталб.мк

„До крајот на годината ќе се финализира процесот на реорганизација и оптимизација на јавниот сектор и ќе имаме резултати. Не можеме да кажеме за колку проценти ќе се намали администрацијата. Реорганизацијата и оптимизацијата е проект на кој работиме заедно со Европската Унија и СИГМА, кога ќе заврши ќе имаме точни резултати“, изјави Дамјан Манчевски на 15.04.2019 година за прашањето за реорганизацијата на администрацијата, чиј дел беше и планот за трансфер на вработени од јавниот сектор во приватниот сектор за да се намали големиот број на вработени, бидејќи како што вели тој „ваквата ситуација не може да продолжи“.

Ова требаше да се оствари истата година, но од времето кога е дадена оваа изјава поминале 3 и пол години, период во кој по неговото заминување во фотелјата на министерот за информатичко општество и администрација седнале уште двајца министри, кои исто така ветуваат реорганизација на администрацијата која никако да се оствари.

Фото: Фисник Џелили/Порталб.мк

Јетон Шаќири од септември 2020 година до крајот на 2021 година беше на функцијата министер за информатичко општество и администрација, иако вети дека ќе продолжи со иницијативата за трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор, во пракса иницијативата беше во „кома”.

Фото: Фисник Џелили/Порталб.мк

„Таков проект нема. И во минатото имаше неколку иницијативи за тоа, но формален проект нема, односно немаме база на податоци каде што можеме да видиме кои се барањата на приватниот сектор за ние да испратиме луѓе од јавниот сектор. Наша констатација е дека во моментов нема потреба, бидејќи на многу министерства им недостасува кадар кој треба да работи во преговарачкиот процес со Европската унија. Нормално, зборувам за административни службеници кои се во министерствата и институциите кои се под [надлежност] на Владата. Кога зборуваме за големиот број вработени што ги имаме во јавната администрација, тука голем дел е во општините, поточно во институциите што се под [надлежност] на општините, образованието и здравството“, изјави за Порталб.мк Алити пред почетокот на прес конференцијата во Скопје на 19 октомври 2022 година.

Колку за потсетување, ова не е единствената иницијатива која се промовира, а потоа веднаш  згаснува.

Во јуни 2021 година во едно интервју за Порталб.мк министерот Јетон Шаќири вети дека ќе се постават документомати, апарати за вадење на документи во неколку локации низ државата кои ќе ја заменат работната снага. Но, три месеци подоцна, по препорака на Владата, МИОА се откажа од документоматите и најави дека место тоа ќе се инвестира во порталот за електронски услуги и во проектот со Македонски Пошти во чии филијали ќе се отвараат „Шалтери за услуги“.

Реформите во администрацијата на Северна Македонија, освен што се неопходни за граѓаните, тие се и услов за интеграција на земјата во ЕУ. Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е носител на реформскиот процес, односно има изготвено Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година, во која се дефинирани мерките што треба да се преземат во рок од пет години за да се постигнат општите и конкретните цели дефинирани во секоја од приоритетните области.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...