вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: бунт | 22 резултати

Пригожин им нареди на своите сили да се вратат во своите бази

јуни 24, 2023

Лидерот на руската платеничка војска Вагнер, Евгениј Пригожин им нареди на своите борци да го сопрат движењето кон Москва и да се вратат назад во своите бази, јавува Би-би-си. Пригожин разговарал со белорускиот претседател Александар Лукашенко, а за време на разговорот тој се согласил да го сопре движењето на своите сили и да ја деескалира […]

Откажани настани и совет до граѓаните да останат дома – Москва го чека Вагнер

јуни 24, 2023

Сите масовни настани закажани до 1 јули се откажани во Москва, понеделник е прогласен за неработен ден, а градоначалникот Сергеј Собјанин на граѓаните им препорача да се воздржат од патување во рускиот главен град, јавува Би-би-си. Во Москва и Московската област е прогласен „режим на антитерористичка операција“, при што борците од платеничката војска на Вагнер […]

Сили на Вагнер се движат во Липецкиот регион меѓу Вороњеж и Москва

јуни 24, 2023

Гувернерот на Липецкиот регион Игор Артамонов ја потврди информацијата дека сили на платеничката војска Вагнер преместуваат воена опрема во регионот, пишува Би-би-си. Британскиот радиодифузен сервис потврди дека конвој на Вагнер патува низ Липецкиот регион, којшто се наоѓа меѓу Вороњеж и Москва, односно се приближува до рускиот главен град. Артамонов напишал дека руските служби за спроведување […]

Следните 24 часа ќе бидат критични за Путин и за неговата контрола врз власта

јуни 24, 2023

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се соочи со најголемата закана за неговата власт во текот на изминативе 23 години, а наредните 24 часа ќе бидат критични за натамошниот расплет на состојбата во Русија, анализира Си-ен-Ен. Гардијан во својата анализа пак додава дека Путин никогаш претходно во минатото не бил волку слаб. Како што пишува Си-ен-ен, […]

Слабоста на Русија е очигледна, реагира Зеленски по бунтот на Вагнер

јуни 24, 2023

Очигледна е целосната слабост на Русија, а Украина е во состојба да ја заштити Европа од ширењето на руското зло и хаос. Оваа изјава денеска ја даде украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм, а ја пренесува Укринформ. „Слабоста на Русија е очигледна. Целосна слабост. И колку подолго Русија ги држи  своите војници и платеници на […]

Вагнер ги зазеде воените објекти и во Вороњеж, Кадиров на страната на Путин

јуни 24, 2023

Борците на руската платеничка војска Вагнер ги зазеле сите воени објекти во градот Вороњеж, кој се наоѓа на половина пат меѓу Ростов-на-Дон и Москва, објави Би-би-би. Британскиот радиодифузен сервис се повикува на рускиот сервис на вести на Би-би-си, откако веќе беше објавено дека утрово силите на Вагнер ги ставиле под контрола клучните воени објекти во […]

САД, Франција и Германија ја следат ситуацијата во Русија, Украина вели ова е само почеток

јуни 24, 2023

САД, Франција и Германија ја следат ситуацијата во Русија откако утрово силите на платеничката војска Вагнер започнаа бунт против руското воено раководство. Францускиот претседател Емануел Макрон „внимателно“ ги следи настаните во Русија, соопштија од неговиот кабинет, пренесува Јуроњуз. И во Берлин, германската влада соопшти дека „внимателно ги следи настаните во Русија“, не соопштувајќи дополнителни информации. […]

Единици на Вагнер се движат кон Москва, забележани во областа Вороњеж

јуни 24, 2023

Министерството за одбрана на Велика Британија во најновиот разузнавачки извештај потенцира дека единици на платеничката војска Вагнер на Евгениј Пригожин се движат „северно од областа Вороњеж“ и речиси сигурно имаат за цел да стигнат до Москва, пренесува Би-би-си. Вороњеж се наоѓа на половина пат меѓу милионскиот град Ростов-на-Дон на југот на Русија и рускиот главен […]

Москва го обвини Пригожин за бунт, упад во канцелариите на Вагнер во Санкт Петерсбург

јуни 24, 2023

Драматична ескалација се случи изминатава ноќ во Русија, откако шефот на платеничката војска Вагнер Евгениј Пригожин повика на бунт против руската армија, иако самиот тој демантираше дека станува збор за државен удар, јавува Би-би-си. Официјален Кремљ го обвини Пригожин за вооружен бунт, откако силите на Вагнер од Украина измаршираа во Русија и во моментов контролираат […]

Повторно се актуелизира приказната дека роботи убиле 29 научници во Јапонија

септември 14, 2022

Новинарката и теоретичарка на заговор Линда Мултон Хау во својата приказна има многу недостатоци. Таа не го идентификува изворот на информациите, не го кажува името на фабриката каде што се случил наводниот масакр, ниту пак посочува некое од имињата на научниците кои наводно биле убиени. Иако таа тврди дека извештаите за овој инцидент биле сокриени […]

Бугарски историчар ги нарече бугарските колеги „диносауруси, кои фабрикуваат факти“

јануари 21, 2020

„Диносауруси“ вадат „јазични“ декларации и ги дозаплеткуваат работите, а фабрикувањето „факти“ за „македонскиот Крвав Божик“ од 1945 година продолжува и понатаму, без оглед на ситуацијата што реално се случила. Фактите што бугарските историчари ги пласираат, не соодветствуваат на реалноста, порачува бугарскиот историчар, Стефан Дечев, во колумна што ја објави Радио Слободна Европа на бугарски јазик. […]

Бунт во затвор во Канзас – затворениците се вооружени

септември 6, 2017

Припадниците на повеќе американски безбедносни агенции и пожарникари се вклучени во задушување на бунтот и во гаснење на пожарот што затвореници го предизвикаа во затворот во местото Нортон во Канзас. Локалните власти објавија дека „големиот бунт“ почнал околу 23 часот по локално време, дека горат зградите и дека затворениците успеале да дојдат до оружје. Портпаролот на затворската […]

Борисов предупреди дека е можен терористички напад по немирите во бегалскиот камп

ноември 25, 2016

Состојбата во бегалскиот камп во Харманли на југот на Бугарија се нормализира по безредијата и немирите, кои избувнаа вчера и продолжија во текот на ноќта. Повеќе од 400 мигранти се задржани во притвор поради вандалско однесување, а во нередите се повредени 24 полицајци, од кои најтешко настраданиот има скршеница на раката. Од Министерството за внатрешни […]

Жестоки судири меѓу полицијата и анархистите во Атина

ноември 18, 2016

Полицијата уапси 13 лица и приведе петмина во синоќешните немири во Атина, на протестот за одбележувањето на годишнината од Политехнио, бунтот против воената хунта во 70-тите години на минатиот век. Атинската бунтовна населба Ексархија со часови наликуваше на воено поле поради постојаните судири меѓу групи анархисти и полицијата. Анархистите со часови напаѓааа со молотови коктели, […]

Бунт и пожар во бегалскиот центар на Лезбос

октомври 24, 2016

Бавната процедура за азил во Грција предизвика нови немири во бегалскиот камп Морија на Лезбос. Група од стотина бегалци, главно од Пакистан, подметнаа пожар во дел од кампот, во кој целосно се уништени осум од вкупно 12 контејнери на Европската служба за азил. Во кампот владее хаос и паника, пожарникарските служби се обидуваат да го стават […]

Бунт на мигрантите во Мадрид

октомври 19, 2016

Во притворски центар за странци во Мадрид избил бунт на мигранти. Десетина мигранти се качиле на покривот од зградата, соопштија градските власти, додавајќи дека полицијата се обидува да преговара со нив. – Не го знаеме точниот број, но има 30 или 40 – рече портпаролката на градоначалникот на Мадрид, Мануела Кармена, додавајќи дека никој во бунтот не […]

Гватемала: Осум загинати во бунт во затвор

јануари 2, 2016

Најмалку осум затвореници загинаа, а 24 се повредени во бунт во затвор во Гватемала, кој избил за време на новогодишната ноќ, јавуваат денеска локалните медиуми. Бунтот во затворот во североисточниот град Пуерто Бариос, според затворските власти, најверојатно избил по неуспешниот обид за бегство. Во затворот, во кој е предвидено да се сместат 146 осуденици, има […]

Бунт на мигрантите во прифатниот центар во Гази Баба

јуни 10, 2015

Мигрантите сместени во прифатниот центар во скопската населба Гази Баба, денеска попладне кренале бунт, јавува „Нова ТВ“. Информацијата за порталот ја потврдиле и од Министерството за внатрешни работи (МВР), но не соопштиле детали за тоа што преземаат и дали ситуацијата е смирена. – Мигрантите бараат да бидат префрени во Центарот за азил во Визбегово, но […]

Страна 1 од 1