fbpx

Вагнер ги зазеде воените објекти и во Вороњеж, Кадиров на страната на Путин

Рускиот гувернер на регионот Вороњеж, Александр Гусев предупреди дека има многу лажни извештаи за движење на вооружени сили во регионот, но и додаде дека руските вооружени сили во моментов извршуваат „оперативни и борбени дејсвија“ во регионот Вороњеж како дел од претходно објавената контратерористичка операција

-

Борците на руската платеничка војска Вагнер ги зазеле сите воени објекти во градот Вороњеж, кој се наоѓа на половина пат меѓу Ростов-на-Дон и Москва, објави Би-би-би. Британскиот радиодифузен сервис се повикува на рускиот сервис на вести на Би-би-си, откако веќе беше објавено дека утрово силите на Вагнер ги ставиле под контрола клучните воени објекти во Ростов-на-Дон на југот на Русија. Вагнер ги потврди ваквите информации.

Рускиот гувернер на регионот Вороњеж, Александр Гусев предупреди дека има многу лажни извештаи за движење на вооружени сили во регионот, но и додаде дека руските вооружени сили во моментов извршуваат „оперативни и борбени дејсвија“ во регионот Вороњеж како дел од претходно објавената контратерористичка операција.

Жители на милионскиот град Ростов-на-Дон во изјава за Би-би-си велат дека центарот на градот е блокиран и опколен од војници. Платеничката војска Вагнер веќе објави дека го ставила под контрола овој град. Самите војници кои се на улиците на градот се претставиле дека „тие се само добри луѓе“, но жителите додаваат дека ситуацијата е тензична пред воената административна зграда во градот. Сите концерти и настани во Ростов-на-Дон закажани за денешниот ден се откажани.

Јуроњуз го пренесува рускиот опозициски лидер Михаил Ходорковски, кој на Твитер напиша дека сите Руси кои се против војната треба да го поддржат Пригожин, бидејќи неговиот марш е огромен удар врз легитимитетот на Владимир Путин, иако признава дека Евгениј Пригожин не е нивен приврзаник.

Во меѓувреме, руските државни медиуми се преполни со информации со поддршката што ја даваат различни функционери од раководството на Владимир Путин. РИА Новости го пренесува чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој објави дека чеченските борци и руските специјални сили веќе пристигнуваат во тензичните региони.

„Ќе направиме сè за да го заштитиме единството на Русија и да ја заштитиме нејзината државотворност“, напиша Кадиров на Телеграм.

Поддршка за руското раководство предводено од Путин дојде и од патријархот на Руската православна црква, Кирил. Во упатената порака од него е наведено дека се моли за мирно разрешување на „сложената ситуација“, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...