fbpx

ДКСК и Грковска со меѓусебни реакции поради случајот со Рамиз Мерко

Меѓусебните реакции меѓу ДКСК и кабинетот на вицепремиерката Славица Грковска доаѓаат откако САД го вметнаа Рамиз Мерко на црната листа на САД

-

Кабинетот на вицепремиерката за задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) со меѓусебни реакции во однос на непостапувањето во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој неделава се најде на црната листа на САД.

Во демантот од кабинетот на вицепремиерката Грковска, се оценуваат како паушални и неосновани обвинувањата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата, а кои се однесуваат за наводно непостапување за случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Од кабинетот на Грковска велат дека ДКСК предводена од претседателката Ивановска  се обидува надлежноста и одговорноста да ја префрли на други институции, без притоа да има предвид дали тие се надлежни или не за конретни случаи, а во тој контекст и со какви механизми располагаат.

„Во таа насока им предочуваме на членовите на ДКСК дека заменичката на претседателот на Владата, Славица Грковска, во согласност со овластувањето што го има од претседателот на Владата е задолжена за спроведување на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и други функционери избрани од Владата. Имајќи ја предвид поделбата на власта на локално и на централно ниво, вицепремиерката Грковска нема и не може да има надлежност врз функционер кој е избран на непосредни избори“, се вели во соопштението.

Од овие причини, вицепремиерката Грковска во оваа насока може да даде само препораки во однос на почитување на принципите за добро владеење и ништо повеќе.

Од Државната комисија за спречување на корупцијата пак преку соопштение одговораат на демантот на Грковска, соопштувајќи дека се изненадени од реакцијата на нејзиниот кабинет за паушални и неосновани обвинувања, дотолку повеќе што во однос на предметот за градоначалникот на Струга Рамиз Мерко не беше воопшто спомнат кабинетот на Грковска..

Истовремено, од ДКСК се изненадени од неоснованите критики за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата, од орган чија цел е борбата против корупцијата.

„Сите предмети на ДКСК се уредно и согласно законите елаборирани и доставени до надлежните институции. Непостапувањето на другите институции не е одговорност на ДКСК затоа што согласно нашите законски надлежности и ингеренции немаме механизми за да влијаееме на нивната работа и динамика на постапување. Неопходно е во интерес на граѓаните и во интерес на напредокот на решавање на случаите на корупција  заеднички сите надлежни тела да ги насочат своите капацитети со иста цел, наместо неосновано да се напаѓа работата на ДКСК“, стои во соопштението од ДКСК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...