fbpx

Силно невреме со град и дожд околу пладне го погоди Охрид

Се стравува дека невремето предизвикало штети на земјоделските култури во Охридскиот регион, но општинскиот кризен штаб треба допрва да објави детали во врска со настанатите штети

-

Невреме со силни врнежи од град, дожд и грмежи денеска околу пладне го зафатија Охрид. Фотографии од читатели беа испратени до редакцијата на Мета.мк, на кои се гледаат бели улици од силниот град. Дождот ги преполнил шахтите на охридските улици, но засега нема официјални информации за предизвикани штети од денешното невреме.

Силен град и дожд го погодија Охрид околу пладне; Фото: Мета.мк

Се стравува дека невремето предизвикало штети на земјоделските култури во Охридскиот регион, но општинскиот кризен штаб треба допрва да објави детали во врска со настанатите последици од невремето.

Инаку, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека во текот на претстојното попладне на целата територија на земјава ќе има нестабилна облачност со врнежи од дожд и грмежи, а во делови од Македонија се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со обилен дожд за кратко време, електрични празнења и појава на град.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...