Според Џафери, Владата немала надлежност по одлуките на ДКСК?!

Изјавата на Џафери е невистина, затоа што според законските надлежности што ги имаат и Државната Комисија за спречување на корупцијата и Владата, сосема е јасно дека и Владата има надлежност во спроведување на акти и одлуки што ги донесува ДКСК

-

Талат Џафери, премиер на техничката влада, по однос на специфично прашање за лицето Дрин Ахмети и генерално за неспроведување на заклучоци и други акти од Антикорупциската комисија, даде невистинита изјава дека Владата немала таква надлежност. Законите, сепак, велат поинаку, а во крајна линија, Владата има и посебен вицепремиер за добро владеење, во чија надлежност се и антикорупциските и прашањата за судир на интереси, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Запрашан дали Владата ќе бара одговорност од првиот човек на Фондот за иновации, поради неправилности во случајот со средства за грантови доделени на компании на Дрин Ахмети, како и за критиките што се нотираат во извештаите на Европската комисија за непостапување на Владата по заклучоците и другите акти на ДКСК, премиерот на техничката Влада, Талат Џафери изјави дека Владата немала такви надлежности:

Брисел има критики по многу нешта, по односното прашање ви кажав не е надлежност на Владата. ДКСК е независно тело формирана од Собранието и е независна во својата работа и според законот има надлежност да поднесува извештаи до надлежните институции коишто имаат можност за постапување. Понатаму кој било коментар е сувишен и непотребен оти и може да се смета како мешање во работите помеѓу властите, оцени Џафери одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

[Извор: Тајм.мк – Т. Џафери; датум: 06.03.2024]

 

Образложение:

Изјавата на Џафери е невистина, затоа што според законските надлежности што ги имаат и Државната Комисија за спречување на корупцијата и Владата, сосема е јасно дека и Владата има надлежност во спроведување на акти и одлуки што ги донесува ДКСК.

Имено во Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, врз кој работи ДКСК, уште на почетокот, во делот Начело на интегритет, се дефинирани сите описи за тоа како треба да работат лицата што имаат функции, во кои секако спаѓаат и функционерите на Владата:

Член 4, став 1

Секој е должен во вршењето на функцијата, јавното овластување и службената должност да постапува совесно, стручно, одговорно, чесно, ефикасно и непристрасно.

Понатаму во Законот се опишани надлежностите на ДКСК, а една од нив е да носи стратегии за борба против корупцијата.

Во првиот став се наведува:

Донесува национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со акционен план за нејзино спроведување.

А во ставот 4 се наведува:

покренува иницијатива пред надлежните органи за поведување постапка за утврдување на одговорност на службени лица.

Во член 18 се наведува дека националната стратегија се подготвува и со Владата:

Национална стратегија се подготвува со учество на претставници на државни органи, институции, здруженија, фондации, приватен сектор и медиуми.

А во следниот став под истиот член се наведува дека ДКСК е таа што го следи спроведувањето на стратегијата:

Државната комисија го следи спроведувањето на мерките од националната стратегија и подготвува годишни извештаи и завршен извештај за спроведувањето на националната стратегија.

Во самата стратегија има задачи за сите инволвирани, а секако и за Владата, како што може да се види од последната и важечка Национална стратегија за борба со корупцијата и судирот на интереси 2021 – 2025 година, каде Владата се споменува 30 пати.

Бројни надлежности на Владата и во спроведување на актите на ДКСК произлегуваат и од Законот за Влада. Тука, во интерес на должината на текстот ќе го споменеме само член 30, став 1 од овој Закон, во кој се вели:

Владата врши надзор над работата на министерствата и другите органи на државната управа и управните организации.

Според тоа, ако врши надзор, а притоа има заклучок на ДКСК за некоја институција, како на пример за Фондот за иновации и првиот човек на овој Фонд, Владата треба да го спроведе. Во крајна линија, Владата има посебен вицепремиер за добро владеење, Славица Грковска во чија надлежност се и антикорупциските и прашањата за судир на интереси.

Поради погоре наведените аргументи јасно е дека изјавата на Талат Џафери е невистина.

Извори:

 

Оценил: Теофил Блажевски

 

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...