понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: надлежност | 23 резултати

СЈО го презеде случајот „Монструм“

март 21, 2018

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во одговорите на новинарски прашања на прес-конференцијата на која беа објавени три нови случаи, рече дека Специјалното јавно обвинителство воспоставило надлежност за предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година. – Се надеваме дека за рочиштето во април ќе бидеме спремни за презентирање пред судот. Продолжува постапката […]

Адвокатите на Канческа – Милевска ги спорат вештачењата на СЈО, следното рочиште на 13 март

февруари 21, 2018

Со приговори на одбраната околу вештачењето на доказите и за надлежноста на Специјалното јавно обвинителство помина првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска. Претседателот на судечкиот совет на Кривичниот суд во Скопје, Осман Шабани, го прекина рочиштето и следното го закажа за […]

Економските промотори нема да бидат под Агенцијата за странски инвестиции

февруари 16, 2018

Економските промотори повеќе нема да бидат под надлежност на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, предвидуваат измените на Законот за Агенцијата, чија подготовка, според „Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР“, е почната вчера. Измените на Законот треба да бидат готови до 15 март. „Со Предлог на законот за […]

„Тенк“: Груевски и Јанкулоски не ги признаваат „бомбите“, вештачењата и надлежноста на СЈО

февруари 12, 2018

Адвокатите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешното рочиште за набавката на „мерцедесот“ од 600 илјади евра, побараа од судот веќе објавените прислушувани разговори за случајот „Тенк“, да не бидат доказ во судскиот процес. На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, покрај Груевски, беа присутни и другите двајца обвинети – […]

Директорот на Агенцијата за следење на комуникациите (ОТА) ќе го избира Собранието

ноември 26, 2017

Со новата Оперативно-техничка агенција (ОТА) преку која ќе се врши следењето на комуникациите ќе раководи директор што ќе го избира и ќе го разрешува Собранието, стои во предлог-законот за новата агенција, кој наскоро треба да се најде пред пратениците. Директорот, како што е наведено во законот, ќе се избира преку јавен оглас. Неговиот мандат ќе […]

Почна подготовката на Законот за заштита на сведоци што го бараше СЈО

септември 29, 2017

Министерството за правда вчера ја почнало постапката за подготовка на измените на Законот за заштита на сведоци, со кои ќе му се даде надлежност на Специјалното јавно обвинителство да учестува во постапката за заштита на сведоци, односно да бара и да предлага заштита на одредени сведоци кога тоа е неопходно за истрагата. Ова, како што […]

ОЈО за организиран криминал му го предаде на СЈО случајот „Сопот“

јули 5, 2017

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска му го предало случјот „Сопот“ на Специјалното јавно обвинителство, кое треба да утврди и да се произнесе дали е надлежно за овој случај. Колегиумот на Јавното обвинителство за организиран криминал ја донел одлуката откако вчера добил известување од Советот на јавни обвинители, во кое немало […]

ОЈО за организиран криминал: „Монструм“ е кај нас, но никој не ни го побарал

јуни 29, 2017

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција попладнево ја негираше изјавата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, соопштувајќи дека предметот за случајот „Монструм“ е во нивна надлежност и во нивната архива и дека никој досега, ниту СЈО, ниту Советот на јавни обвинители не им го побарал. Јанева на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање […]

Караџовски: Не е наша работа како протекла фотографија од судењето за „Тврдина 2“

декември 5, 2016

Судскиот совет не добил никакво извествување во врска со протекувањето на фотографија од подготвителното рочиште за судењето по обвинението на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина 2“, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, додавајќи дека тоа не во надлежност на Советот. „Изнесувањето слики и јас синоќа го видов во медиумите. До нас не […]

СЈО: Имаме законска обврска да го бараме „Сопот“ зашто произлегува од „бомбите“

ноември 29, 2016

Специјалното јавно обвинителство има законска обврска да го побара случајот „Сопот“ бидејќи е поврзан со содржината и со кривичните дела што произлегуваат од еден од прислушуваните разговори кој беше јавно објавен, соопштија денеска од кабинетот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. „Како што и претходно појаснивме, врз основа на јавно објавен разговор, побаран е предметот познат […]

СЈО го побара случајот „Сопот“ од Обвинителството за организиран криминал

ноември 24, 2016

Специјалното јавно обвинителство на 4 неомври од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побарало да му го достави предметот за случајот „Сопот“, соопштија денеска од СЈО. „Предметот е побаран за да одлучиме дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации“, стои во соопштението […]

Советот на јавни обвинители ќе каже дали СЈО е надлежно за случајот на Зоран Божиновски

август 22, 2016

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција чека насоки од Советот на јавни обвинители за предметот во кој обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена е Зоран Божиновски, а е дел од случајот „Шпион“, информираат од службата за односи со јавноста на јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја […]

Совет на обвинители: Јанева не може да биде надлежна за „Маѓар телеком“

април 15, 2016

Советот на јавни обвинители ги доставил до Основниот суд Скопје одлуките по барањето на специјалната обвинителка, Катица Јанева, за преземање на предметите „Маѓар телеком“, „Верушевски“, „Шпион“, „Поткуп“ и „Надеж“ во своја надлежност, соопшти денеска Кривичниот суд. Како што информираат оттаму, Советот одлучил дека за предметите не може да ги преземе СЈО и дека за нив […]

СЈО го презема случајот „Шпион“

март 25, 2016

Претставник од Специјалното јавно обвинителство, на денешното рочиште на Апелацискиот суд на кој се разгледуваше жалбата на осудените во случајот „Шпион“, рече дека предметот во своја надлежност го презема СЈО, пренесува „Нова ТВ“. Во случајот „Шпион“ се обвинети 19 луѓе, меѓу кои првообвинет е поранешниот разузнавач Марјан Ефремов, кој е осуден на 15 години затвор […]

Обвинет во „Ровер“: Истата судијка нам ни одреди притвор, но не и на тие од „Титаник“

март 4, 2016

Денешното рочиште за случајот „Ровер“, во кој еден од обвинетите е поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, кој се товари за помаѓање убиство во 2001 година, е одложено, поради боледување на вториот судија. Поради ова, ниту Бошкоски не беше спроведен во судот од затворот во кој издржува затворска казна од пет години поради нелегално финансирање на […]

Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за распуштање на Собранието

февруари 18, 2016

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на пратеникот Павле Трајанов и на претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров, за неуставното распуштање на Собранието со одложена примена и се прогласи за ненадлежен да одлучува за распуштање на парламентот. Инаку, утринава на расправата на Уставниот суд по оваа иницијатива, судијата Наташа Габер, која е подготвувач на извештајот, […]

Специјалното обвинителство го презело предметот за убиството на Мартин Нешковски

февруари 1, 2016

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска соопшти дека ја презела надлежноста и за случајот со убиството на Матин Нешковски. Таа потврди и дека обвинители на нејзиниот тим утре во Основниот суд Скопје 1 ќе напрват увид и во другите материјали од случајот „Пуч“, кои не ги добиле од обвинителството што претходно постапуваше по нив. На новинарско […]

Јанева се изјасни: Нејзиниот тим ќе истражува 34 предмети

декември 14, 2015

Специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим ќе работат на вкупно 34 предмети што произлегуваат од содржината на незаконското прислушување, соопштија попладнево од кабинетот на Јанева. Меѓу предметите за кои специјалното обвинителство оценило дека се во негова надлежност е и случајот „Пуч“, кој е во судска процедура и во кој еден од обвинтите е и лидерот […]

Јанева денеска треба да соопшти што сè ќе истражува

декември 14, 2015

Специјалното јавно обвинителство денеска треба да каже кои предмети што произлегуваат од содржината на незаконското прислушување ќе ги истражува. Денеска е последниот ден од рокот од осум дена во кои Катица Јанева и нејзиниот тим треба да одлучат за кои предмети се надлежни, а за кои не се. Претходно, Јанева и нејзините 12 помошници-обвинители заклучија […]

Страна 1 од 1