fbpx

Обвинет во „Ровер“: Истата судијка нам ни одреди притвор, но не и на тие од „Титаник“

-

Денешното рочиште за случајот „Ровер“, во кој еден од обвинетите е поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, кој се товари за помаѓање убиство во 2001 година, е одложено, поради боледување на вториот судија.

Поради ова, ниту Бошкоски не беше спроведен во судот од затворот во кој издржува затворска казна од пет години поради нелегално финансирање на изборна кампања, односно за случајот „Кампања“, кој СЈО и официјално го презеде во своја надлежност.

Зоран Трајковски, поранешен шеф на обезбедувањето на Бошкоски и еден од обвинетите во случајот, како што пренесува порталот „Нова ТВ“, по завршувањето на денешното рочиште, пред новинарите, го обвини судот дека има двојни аршини.

Според него, истата судијка во претходна постапка која им одредилa притвор на обвинетите во „Ровер“ поради опасност од бегство, пред еден месец не им одредила притвор на осомничените во случајот „Титаник“, кои се товарат за изборни манипулации.

– Пред три и пол години, на обвинетите во „Ровер“, на инсистирање на судија на претходна постапка Славица Јанковска им беше даден притвор врз основа – опасност од бегство. Сакам да ја информирам јавноста дека истиот судија од претходна постапка кој беше во случајот „Ровер“, пред само еден месец на обвинетите во „Титаник“ не им одреди притвор – рече Трајковски, кој поминал во притвор три години.

Бошкоски и уште девет лица се обвинети за убиствата на Марјан Тушевски и на Киро Јанев, кои беа извршени пред 15 години во скопската населба Тафталиџе.

На претходното рочиште, кое исто така беше одложено, Бошкоски најави дека до Специјалното јавно обвинителство ќе достави транскрипти од прислушувани разговори и преку своите адвокати ќе бара СЈО да ја преземе надлежноста за овој случај.

Засега од СЈО немаат соопштeно дали ќе го преземат и овој предмет.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...