среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Антикорупциска комисија | 114 резултати

Антикорупциска казни со по 300 евра актуелни и поранешни министри, пратеници и директори

февруари 26, 2025

Борислав Крмов, Горан Мисовски, Артан Груби, Александар Даштевски, Фатмир Меџити, Талат Џафери, Арбер Адеми, Илир Демири, се само некои од поранешните пратеници, министри и директори кои Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ги казни со парична казна од по 300 евра, соопштија денеска оттаму. Тие објавија листа со над 80 поранешни и актуелни функционери […]

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

јануари 24, 2025

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за обвинувањата што ги истакнавте во вашето новинарско прашање. По констатирање на фактичката состојба, Државната комисија ќе донесе одлука […]

Антикорупциската комисија отворила предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

октомври 22, 2024

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) постапува по случајот за назначувањето на Бојан Христовски за прв човек на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), вели за Дојче Веле претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска. Изјавата доаѓа по реакциите во јавноста околу назначувањето на Христовски за директор на АНБ, за што пристигнала и анонимна претставка до ДКСК […]

Претрес во Академијата за судии и јавни обвинители – од изборите наваму се под постојан притисок

јули 26, 2024

Одделот за крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера попладнето влезе во Академијата за судии и јавни обвинители – се одземаат електронски податоци од компјутери, а се вршеле и проверки на досиеја од веќе избрани судии и обвинители. Како што соопшти МВР, акцијата била по барање […]

Платформата за борба против корупција: ДКСК да се воздржи од поткопување на довербата што ја изградија претходниците

јули 22, 2024

Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагира на соопштението на Државната комисија за спречување на корупција, во кое се изнесуваат видувања за работата на претходниот состав на комисијата и се квалификуваат како паушални и популистички. Инаку, во соопштението до јавноста, објавено во саботата, новиот антикорупциски состав го нарече „популизам“ фактот што претходната претседателка […]

Антикорупциската удри по стариот состав на ДКСК: Возењето велосипеди или одењето со автобус на работа е чист популизам

јули 20, 2024

Новиот состав на Антикорупциската комисија, која поднесе барање за добивање дипломатски пасоши, а претседателката Татјана Димитровска веќе доби дипломатски пасош од МНР, преку соопштение објаснува дека „дипломатскиот пасош според закон не е привилегија, туку е само право кое служи единствено за извршување на службената должност на членовите на ДКСК и тоа право никогаш нема да […]

Над 1000 институции не доставиле податоци за службени возила согласно Изборниот закон

април 1, 2024

Државната комисија за спречување на корупцијата ја објави листата на институции кои не ја исполниле законската обврска за доставување на податоци за моторните возила со кои располагаат, ниту доставиле информација дека не располагаат со службени возила. Станува збор за 1069 институции, меѓу кои и Град Скопје, Министерството за политички систем, Министерството за животна средина, за […]

Според Џафери, Владата немала надлежност по одлуките на ДКСК?!

март 10, 2024

Талат Џафери, премиер на техничката влада, по однос на специфично прашање за лицето Дрин Ахмети и генерално за неспроведување на заклучоци и други акти од Антикорупциската комисија, даде невистинита изјава дека Владата немала таква надлежност. Законите, сепак, велат поинаку, а во крајна линија, Владата има и посебен вицепремиер за добро владеење, во чија надлежност се […]

МКЦ поради изборите е нефункционално – на 30 луѓе не им се продолжени договорите

март 1, 2024

Сите настани, работилници во Детскиот креативен центар, предавања во Планетариум, детски родендени во Младинскиот кулурен центар од денеска се откажани. Родителите кои веќе имале купено карти за одредени настани или имале уплатено за одредени работилници добиле известување дека парите ќе им бидат рефундирани, а тие биле известени дека станува збор за „директиви што ги донела […]

Ганиу, Касами и Меџити на листата на Антикорупциска поради недоставување документи

февруари 8, 2024

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, министерот за здравство Фатмир Меџити, првиот човек на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски, се дел од функционерите кои ги платиле казните од Државната комисија за спречување на корупцијата изречени поради недоставување на документацијата за предметите што ги отворила оваа институција. Тие и […]

За пет години нема епилог од ниту една иницијатива на Антикорупциската

јануари 31, 2024

Завршува петгодишниот мандат на Антикорупциската комисија. Иако актуелниот состав на ДКСК редовно добиваше позитивни оценки за својата работа во извештаите на Европската комисија, поднесе 59 иницијативи за разрешување и 56 иницијативи за кривично гонење, но за ниту една од нив нема разрешница. Оттаму, легитимно се поставува прашањето чуму постои оваа институција доколку не постои слух […]

Антикорупциска, ревизија и правобранителот со најдобри резултати во однос на интегритет, транспарентност и отчетност

јануари 12, 2024

Според извештајот на „Транспаренси интернешенл“ Македонија (ТИ), институции со најголем интегритет се Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Државниот завод за ревизија, и омбудсманот, односно Народниот правобранител. Во најниско оценетите столбови спаѓаат обвинителството, јавните претпријатија, бизнис секторот и судството. Овие беа клучните наоди на денешното презентирање на извештајот на „Транспаренси интернешенл“ Македонија за оценувањето […]

Антикорупциска пред Уставниот суд ќе го оспори балансерот за вработувањата по националност

јануари 11, 2024

Државната комисија за спречување на корупцијата пред Уставниот суд ќе поднесе иницијатива за преиспитување на алатката балансер, која овозможува вработувања во државните и јавни институции според етничка припадност. Антикорупционерите изготвиле анализа во однос на тоа колку ваквиот вид вработувања носат можни ризици за корупција и ризици за трговија со влијанија, а при изготвувањето на анализата, […]

Функционерите од следната година електронски ќе ги поднесуваат анкетните листови за имотната состојба

декември 28, 2023

Од наредната година, Државната комисија за спречување на корупцијата, која од февруари ќе биде во нов состав, ќе има обврска да ја исконтролира имотната состојба на четворица судии и јавни обвинители, тројца директори на болници, четири градоначалници и советници во советите на општините, како и имотната состојба на тројца директори на јавни претпријатија и на […]

ДКСК со корупциска афера на крајот на годината – злоупотреби со набавката на мазут за пораст на цената на струјата

декември 27, 2023

Антикорупциската комисија на денешната седница поднесе иницијатива до Обвинителството, Владата, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Регулаторната комисија за енергетика, финансиската полиција и до УЈП поради сериозни сомнежи за монополско и непријателско здружување на пазарот на мазут во земјава, со цел предизвикување пораст на неговата цена и пораст на цената на електричната енергија на штета на […]

Новите антикорупционери го поминаа филтерот пред собраниската комисија

декември 1, 2023

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја утврди листата за избор на претседател и членови на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата. Седумте најдобро рангирани кандидати за членови на ДКСК добија поддршка од членовите на собраниската Комисија. Претседателката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Марија Георгиевска информира […]

Осуда од Платформата за борба против корупција за партизацијата при изборот на нови членови на ДКСК

ноември 30, 2023

Платформата на граѓански организации за борба против корупција остро ги осудува, како што велат, партизацијата и изигрувањето на процесот на избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Платформата изрази поддршка на Снежана Камиловска Трповска, која како член на Комисијата за селекција за избор на претседател и членови на новиот состав на […]

Необјективно и оркестрирано гласање при изборот на новата Антикорупциска комисија

ноември 29, 2023

Снежана Камиловска Трповска, член на Комисијата за селекција за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска објави издвоено мислење по однос на утврдената ранг-листа на кандидатите за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Како претставник на Советот за соработка помеѓу Владата и […]

Познат новиот состав на Антикорупциска – доминираат ревизори и вработени во ДКСК

ноември 29, 2023

Цвета Ристовска, Татјана Димитровска, Софија Спасова Медарска, Сервет Демири, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев и Зоран Богоевски се членовите на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), дознава Мета.мк. Во текот на вчерашниот ден составот на комисијата вршеше бодување на пријавените 42 кандидати, и дури доцна вечерта, беше утврдено дека овие седум […]

Јавен избор со тајни биографии на новите кандидати за Антикорупциска

ноември 28, 2023

Биографиите на кандидатите за членови на Антикорупциската комисија се тајни за јавноста. До денеска вечер комисијата треба да го изврши бодувањето на 42 кандидати кои се пријавија за кандидати или за претседател на новиот состав на ДКСК, но нивните биографии останаа скриени од очите на граѓаните. Во хард-копи биографиите ги добија само членовите на комисијата […]

Страна 1 од 6