fbpx

Антикорупциска пред Уставниот суд ќе го оспори балансерот за вработувањата по националност

Антикорупционерите изготвиле анализа во однос на тоа колку ваквиот вид вработувања носат можни ризици за корупција и ризици за трговија со влијанија, а при изготвувањето на анализата, Министерството за политички систем раководено од Артан Груби воопшто не им доставило одговори за начинот на кој се спроведуваат вработувањата по етничка припадност

-

Државната комисија за спречување на корупцијата пред Уставниот суд ќе поднесе иницијатива за преиспитување на алатката балансер, која овозможува вработувања во државните и јавни институции според етничка припадност.

Антикорупционерите изготвиле анализа во однос на тоа колку ваквиот вид вработувања носат можни ризици за корупција и ризици за трговија со влијанија, а при изготвувањето на анализата, Министерството за политички систем и односи со заедниците раководено од Артан Груби воопшто не им доставило одговори за начинот на кој се спроведуваат вработувањата.

Овие одговори сега антикорупционерите ќе ги бараат од Владата, за да се види каков ефект е постигнат со балансерот, бројката на нераспределени лица во институциите опфатени со Рамковниот договор, причините зошто се распишуваат нови огласи за вработувања каде што националноста е наведена како предуслов итн.

„Во рамките на балансерот, етничката припадност е основа за распределба на работните места. При конкурирањето кандидатите многу често пишуваат етничка припадност која што се бара на конкурсот, а воедно можат да конкурираат и на неколку работни места со различна национална припадност. Сметам дека балансерот е спротивен на Уставот, односно правото на вработување да се врши исклучиво според етничката припадност ги принудува граѓаните според тоа да се изјаснуваат за нивната националност, а не врз база на нивното чувство“, рече членот на комисијата Владимир Георгиев.

Нури Бајрами, член на ДКСК рече дека балансерот произлегува од Рамковниот договор, а потоа обврската за вработувањата паднале на Генералниот секретаријат на Владата, па на Министерството за политички систем и односи со заедниците, кое распишува огласи за вработувања не за себе, туку за вработувања во други институции.

„Балансерот беше алатка плус да се преземат оние лица кои со години се водеа како вработени, а не одеа на работа. И ние Албанците знаеме дека тој се злоупотребува и сметам дека треба да се провери уставноста на законите каде што фигурира балансерот“, рече Бајрами.

Дел од членовите на ДКСК сметаа, а останатите се согласија дека потребна е конкретна информација од Владата за тоа колку лица останале нераспределени, зошто се распишуваат нови огласи и какви се ефектите од балансерот, но и дали воопшто во иднина е потребен.

„Балансерот се злоупотребува, нема повеќе никаква функција, секој да се пишува според националност согласно потребите од огласите за вработување“, рече Георгиев.

Сите 7 члена на ДКСК гласаа да се даде на преиспитување алатката, секаде каде што е содржана, пред Уставниот суд. За поднесување иницијатива за проверка на законитоста на Законот за преземање на административни службеници гласаа четворица од членовите, а едногласно беше донесена одлука од Владата да се побараат сите информации во врска со „рамковните“ вработувања.

Деталната анализа на Државната комисија за спречување на корупцијата за вработувањата врз основа на етничка припадност ќе биде објавена наскоро. Според презентираните податоци, во Министерството за политички систем 85 отсто Албанци, во Министерството за економија 45 отсто, а во здравство 30 отсто. Над 300 институции досега го имаат прекршено балансерот при вработувањата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...