понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: етничка припадност | 17 резултати

Според пописот, во Македонија има 3.504 Бугари, а само 762 зборуваат бугарски дома

30 март 2022

Во Северна Македонија живеат вкупно 3.504 лица што се изјасниле како Бугари на пописот што се спроведе минатата година, а чии резултати беа соопштени денеска. Бројката на оние што се изјасниле дека дома вообичаено зборуваат бугарски е 762 лица, односно четири и кусур пати помалку од бројката на Бугари. Оваа бројка е отприлика двојно помала […]

Дискриминација при вработување: Ме одбија за работа поради физичкиот изглед

22 јануари 2022

„Мета“ ја пренесува статијата на „Вистиномер“ за дискриминацијата при вработување во земјава: Дискриминацијата при вработување по основа на род, возраст, етничка припадност, раса, личниот статус, боја на кожата или јазик сè уште опстојува во земјава, нешто што за „Вистиномер“ го тврдат и невладини организации, но и лица кои се соочиле со овој проблем – да […]

Порталб анализа: Вработени во администрација – „етничкиот клуч“ отвора различни врати

19 април 2021

Најголем број на вработени на ниво на министерствата има во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и во Министерството за земјоделство, а најмал број на вработени има Министерството за локална самоуправа. Во Собранието се вработени 257 лица, но во оваа бројка не се и пратениците. Податоците од новиот Извештај од Регистарот на […]

Гир: ЕУ-регулативата за заштита на лични податоци забранува споделување на расна, етничка, верска припадност во лични карти

19 февруари 2021

Општата регулатива на ЕУ за заштита на лични податоци го забранува споделувањето на лични податоци како расна, етничка, политичка и верска припадност, одговори евроамбасадорот Дејвид Гир на новинарско прашање, дали Законот за лични карти и наведувањето на етничка определба е согласно европската регулатива. „Во Европската Унија, личните карти во моментов сè уште се регулирани од […]

Внесувањето на етничката припадност во личните карти блокирано во Собранието, партиите тактизираат

13 февруари 2021

Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ излегоа со мислење дека не гледаат проблем етничката припадност на граѓаните во иднина да биде впишана во личните карти. Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа проблем во личните карти да стои и етничката определба. Мицкоски додаде дека навистина не гледа што е тука спорно, ако во графата националност, стои […]

Центарот за демократска транзиција предлага при пописот во Црна Гора да не се прибираат податоци за нација, религија и јазик

21 октомври 2020

Центарот за демократска транзиција ја започна иницијативата во црногорскиот попис да се отфрли старата пракса на прибирање податоци за етничка (национална) и религиска (не)припадност, како и јазикот на кој граѓанинот зборува. Целта на овој предлог е да се прекине досегашната праска и застарениот начин на којшто се сфаќа суштината на пописот. „Претходниот начин на спроведување […]

Во државата недостига превенција на говорот на омраза кој резултира со несакани последици (инфографик)

2 октомври 2020

Во последната деценија се намалува бројот на деца малолетници кои биле во судир со закон и се осудени на казна, покажуваат бројките на Државниот завод за статистика. Од друга страна пак, податоците на Хелсиншкиот комитет за човекови права, покажуваат дека во изминатите две години зголемен е бројот на дела од омраза, каде што сторители или […]

Вистиномер: Македонците се далеку најбројни и кај судиите и кај обвинителите

4 септември 2020

Лажни бројки за судии и обвинители според етничка припадност, во која судиите и обвинителите со македонско етничко потекло се, наводно, на претпоследно место, е постирана на Фејсбук. Постот бележи зголемен број на споделувања и видливост, што може да доведе до погрешни заклучоци и да шири говор на омраза по етничка основа. Фактите што ги провери […]

Хелсиншки: 86 отсто од инцидентите за говор на омраза лани биле по основ на етничка припадност

22 јули 2020

По повод Европскиот ден на жртвите на криминалот од омраза, Хелсиншкиот комитет за човекови права го објави Годишниот извештај за криминалот од омраза за изминатата 2019 година. „Во периодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година, МХК регистрираше вкупно 159 инциденти и дела од омраза. Инцидентите беа регистрирани веднаш откако беа пријавени од страна […]

Пописот остава простор за прекршување на Охридскиот договор и Уставот

10 декември 2018

Доколку при пописот на населението во 2020 година не се земе во предвид етничката припадност на населението, се ризикува пописот да пропадне како оној во 2011 година, а се отвора можноста во отсуство на официјални бројки да се играат игри со непроверени бројки, а со тоа би се нарушил принципот на Охридскиот рамковен договор (ОРД) […]

Симовски: Етничката припадност во пописите беше користена само за политизација

28 ноември 2018

Графата „етничка припадност“ и „религиска припадност“, беа предмет на политизација на претходните пописи, политизација која особено дојде до израз во 2011 година, што и беше основната причина за прекинување на пописот вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во изјава за „Порталб“. Тој потенцира дека пописот не е политичка операција, туку статистичка и […]

МОФ: Агитирањето меѓу млади луѓе за партиски цели мора да престане

6 март 2017

„Учениците треба да бидат оставени сами да размислуваат и критички да се изразуваат, а секое наметнување туѓ став врз нив, секое заплашување и злоупотреба најостро го осудуваме. Агитирањето меѓу млади луѓе за остварување партиски цели мора да престане“, се вели во соопштението на Младински образовен форум (МОФ). Оттаму додаваат дека „директорите, професорите и родителите треба да […]

Честитка на македонски јазик на албанската државна телевизија

1 јануари 2017

Членот на Државниот комитет за малцинства при Владата на Албанија, Нико Китани, упати новогодишна честитка на македонски јазик наменета за етничките Македонци во соседна Албанија, во централните термини на информативната програма на националниот сервис. – Етничката припадност и политиката да ги тргнеме на страна, да ни бидат второстепен дел од нашиот живот. Да се здружиме сите […]

Страна 1 од 1