Центарот за демократска транзиција ја започна иницијативата во црногорскиот попис да се отфрли старата пракса на прибирање податоци за етничка (национална) и религиска (не)припадност, како и јазикот на кој граѓанинот зборува. Целта на овој предлог е да се прекине досегашната праска и застарениот начин на којшто се сфаќа суштината на пописот.

„Претходниот начин на спроведување на попис не е нелегитимен, но сметаме дека е застарен, па затоа сакаме да понудиме алтернативен начин на размислување за едно поинакво сфаќање на суштината на пописот. Нашата иницијатива е во согласност со идните обврски на Црна Гора кон ЕУ кои подразбираат пописот да се спроведе без изјаснување на граѓанинот, бидејќи досегашниот конвенционален начин на прибирање и обработка на податоци е застарен и помалку сигурен“ потенцираат од ЦДТ.

Оттаму велат дека Владата во текот на мандатот 2016-2020 година почнала активности во овој правец, но не се завршени на време, па поради тоа и овој попис ќе се спроведе на стариот начин.

„Пописот е и треба да биде статистичка акција што ги олеснува, поддржува и насочува државните политики и не се спроведува, како што често се мисли, со цел да се декларираат граѓаните за религијата, нацијата и јазикот. Ние веруваме дека клучната цел на собирање податоци за етничка, религиозна или јазична припадност е спроведување етно-националистички партиски политики и продолжување на манипулацијата со чувството за национална и верска припадност на граѓаните“ истакнуваат од организацијата.

Спроведувањето на пописот според воспоставената пракса би значело и продолжување на политиката на уништување на социјалното битие на Црна Гора во верски и национални рамки и понатамошно оддалечување од принципите на граѓанската држава, сметаат од ЦДТ.

„Усвојувањето на нашата иницијатива нужно ќе го отвори прашањето како ќе се остваруваат сегашните права на луѓето, што нашето законодавство ги дефинира како малцинство. Ова првенствено се однесува на утврдување на процентот на етнички малцинства потребни за спроведување на Законот за избор на советници и заменици и на Законот за малцински права и слободи, велат од ЦДТ“

За да се утврдат овие податоци, како што велат законите, ќе се користат податоци од претходните пописи, а во случај на големи демографски промени (кои редовно се следат од официјалната статистика), тие можат да бидат проверени преку спроведување на соодветни официјални истражувања. Има широк простор за афирмација и зачувување на особеностите на луѓето, но пописот не е начин за нивно постигнување, велат од Центарот за демократска транзиција.