среда, 11 март, 2026
Meta.mk

Ознака: попис | 76 резултати

Османи со повик до Македонците во Албанија: Слободно изразете ја вашата етничка припадност на пописот

23 септември 2023

Ги повикувам Македонците во Албанија слободно да ја изразат својата волја и да ја потврдите вашата етничка јазична и идентитетска припадност, апелираше министерот за надворешни работи Бујар Османи во видео-обраќање до Македонците во Албанија каде се спроведува пописот на населението. „Ви се обраќам затоа што сакам да бидете уверени дека овој попис овозможува слободно да […]

МНР ги охрабрува Македонците во Албанија слободно да ја изразат својата етничка припадност

16 септември 2023

Сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност на претстојниот попис во соседна Албанија кој почнува утре, 18 септември, соопшти Министерството за надворешни работи. „Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, на начин како тоа е постигнато во Северна Македонија, и кое претставува непроценливо автентично […]

Опаѓа бројот на млади во земјава, институциите не одвојуваат доволно средства за нив

10 август 2023

Бројот на млади во земјава опаѓа, а државните и општинските институции не одвојуваат доволно средства за спроведување на политиките за млади. Ова се главните заклучоци на двете анализи за млади и младински политики кои во пресрет на Меѓународниот ден на младите – 12. Август, денеска беа промовирани од Фондацијата за демократија на Вестминстер. Организираната конференција […]

Премиерот Ковачевски ги повика Македонците во Албанија слободно да се изјаснат на пописот

28 август 2022

Премиерот Димитар Ковачевски ги повика Македонците во Албанија слободно да се изјаснат на пописот како Македонци и да не подлегнуваат на притисоци ако ги има. Изјавата следува откако македонската заедница обвини дека Бугарија врши асимилација на македонското малцинство, преку продажба на бугарски пасоши. Ковачевски денеска посочи дека Македонците во Албанија се веќе етаблирана заедница во […]

Пописот откри колку луѓе со попреченост живеат во општините, на ред се градоначалниците да им обезбедат услови

13 јуни 2022

На возраст од 0 до 14 години во државата има 1.674 деца со попреченост, 43,5 отсто се луѓе на возраст од 15 до 64 години, а 54,8 отсто се на возраст од над 65 години. На пописот, 38.499 луѓе се изјасниле дека имаат проблем со движењето, 12.371 рекле дека имаат проблеми со видот, 5.947 со […]

Во земјава има 6.037 доктори на науки и 18.897 неписмени лица

1 јуни 2022

Во С. Македонија, 6.037 лица (0,4 отсто) се со докторат, 23.192 лица (1,5 отсто) немаат никакво образование, а пак, 62.129 лица (4,1 отсто) се со незавршено основно образование. Ова го покажува евиденцијата на Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во […]

Попис 2021: Бугарско државјанство имаат помалку од 20.000 жители во земјава

29 април 2022

Околу три проценти од резидентното население во земјава има двојно државјанство, а најголемиот дел од нив имаат покрај македонско имаат и бугарско државјанство, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика добиени од Пописот 2021. Бројките покажуваат дека 19.761 лица од резидентното население во земјава имале бугарско државјанство. Притоа, 19.645 лица имале двојно, македонско и […]

Резултатите од пописот ќе бидат објавени во законскиот рок, уверува Селами

4 јануари 2022

Иако во Државниот завод за статистика (ДЗС) најавија дека резултатите од пописот ќе бидат објавени на крајот на 2021 година, тие сè уште не се објавени. Како што за Порталб.мк изјави заменик-директорот на ДЗС, Илми Селами, резултатите секако ќе бидат објавени во законскиот рок, но не може да се предвиди конкретен датум или период кога […]

До 20 часот вчера попишани биле вкупно 1.460.552 лица, непопишаните треба да одат во Пописните комисии

25 септември 2021

Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Денеска е 21. ден од Попис 2021 и до крајот остануваат уште пет дена пописни активности. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица. Пописот на населението, […]

ДЗС: Досега се попишани 711.418 граѓани во земјата и 193.054 од дијаспората

16 септември 2021

До 20 часот вчера, во рамки на пописот се попишани вкупно 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС). Истовремено, 193.054 македонски државјани кои живеат во странство или таму имаат времен престој се самопопишале преку интернет апликацијата почнувајќи од април годинава па заклучно со вчера. Пописот на населението, домаќинствата и […]

Вистиномер: Социјалните мрежи преплавени со дезинформации за пописот

15 септември 2021

По две децении во Северна Македонија кончено се изведува пописот на населението и домаќинствата. За жал, оваа статистичка операција доби политичка позадина и на социјалните мрежи има премногу дезинформации и повици за бојкот, како и навреди кон попишувачите, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што ја пренесуваме во целост: Пописот започна да се спроведува на 5 […]

ДЗС: Заклучно со вчера, попишани се 308.551 граѓани

12 септември 2021

Државниот завод за статистика (ДЗС) ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо. „Заклучно со вчерашниот ден, 11 септември, до 20 часот, попишани се 308. 551 лице. Само вчера беа попишани 114.308 лица.Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот […]

ДЗС: Во првите четири дена попишани 200.000 граѓани

9 септември 2021

Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој започна да се спроведува на цела територија на државата на 5 септември се одвива со голема поддршка и интерес од граѓаните, информираат од Државен завод за статистика. „Потврда за тоа е големата бројка на попишани граѓани. Само во првите четири дена со попишувањето се опфатени повеќе од 200.000 […]

На првиот ден од пописот се попишале речиси 95.000 граѓани

6 септември 2021

На првиот ден од пописот, 5 септември 2021 година до 20 часот се опфатени 94.975 лица, 28.594 домаќинства и 37.544 станови, објави Државниот завод за статистика. Ваквите бројки премиерот Зоран Заев ги оцени како исклучителе успех на стартот на пописот во земјав кој не е одржан две децении. „Вчера се чуствував горд граѓанин во оваа […]

ЦИВИЛ: Повиците за бојкот на пописот се кривично дело

5 септември 2021

Конечно, по речиси две децении, ќе се одржи попис на населението кој нема политичка димензија, туку е статистичка операција која им е потребна на луѓето, на институциите, на бизнисот и на општеството во целост, соопштија од Цивил – Центар за слобода. Оттаму ја осудуваат политизацијата на процесот, а за повиците на бојкот потенцираат дека се […]

Маричиќ: Пописот ќе биде спроведен безбедно, тоа е најважната статистичка операција од осамостојувањето до денес

5 септември 2021

Министерот за правда Бојан Маричиќ во својата видео-порака по повод почетокот на теренскиот дел од пописот, кажа дека ова претствавува најважната статистичка операција спроведена од осамостојувањето до сега. Тој потенцираше дека пописот ќе биде спроведен безбедно, почитувајќи ги највисоките стандарди за спречување на ширењето на ковид-19. „Попис не е спроведен речиси 20 години. Ваквата состојба […]

Пописот почнува утре, по пауза од 20 години повторно евиденција на населението и имотите на домаќинствата

4 септември 2021

Пописот на населението, домаќинствата и нивниот имот почнува утре. Ова е прва статистичка операција во последните 20 години, откако неколку пати досега имаше обид да се направи попис. Последниот обид беше пролетва, кога пописот почна со електронско попишување на дијаспората, но потоа беше прекинат, поради стравувања за дополнително ширење на корона вирусот. Всушност, пописот на […]

Вистиномер: Спиновите околу пописот укажуваат на силна заложба тој да пропадне

3 септември 2021

Пописот што претстои одново е обвиен со дезинформации во јавноста, што преку „народните групи“ на социјалните мрежи, што преку политички партии. Заедничка нишка, што може да се издвои, е крајната цел – делегитимација на владата предводена од СДСМ и ДУИ преку настојување пописот да биде неуспешен, а не самиот попис. На тој начин, пописот е […]

Контраспин: Спиновите како „статистичка операција“ против пописот

27 август 2021

Ако се погледне историјатот на барањата за одложување на пописот на населението што треба да го спроведе власта под раководство на СДСM и ако се погледнат аргументите и „аргументите“ при секое такво проблематизирање на пописот, не изненадува и сегашното барање од страна на ВМРО-ДПМНЕ за електронски попис на само 10 дена пред спроведувањето на истиот. […]

На првиот ден од конкурсот за реонски попишувачи и инструктори, се пријавиле 640 кандидати

21 јули 2021

Со засилено темпо течат подготовките за спроведување на теренскиот попис на населението што треба да се реализира од 5 до 30 септември годинава. Во тек е пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и за инструктори. Само во текот на првиот ден на јавниот повик, вчера, се пријавиле 640 кандидати. Во сите 50 пописни реони има […]

Страна 1 од 4