fbpx

Пописот почнува утре, по пауза од 20 години повторно евиденција на населението и имотите на домаќинствата

-

Пописот на населението, домаќинствата и нивниот имот почнува утре. Ова е прва статистичка операција во последните 20 години, откако неколку пати досега имаше обид да се направи попис. Последниот обид беше пролетва, кога пописот почна со електронско попишување на дијаспората, но потоа беше прекинат, поради стравувања за дополнително ширење на корона вирусот. Всушност, пописот на терен не ни почна, а по договорот на претседателите на СДСМ, Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 2 април се изгласаа законските измени со кои пописот дефинитивно беше одложен.

Според Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика, сите подготовки се завршени. Пописот ќе трае до крајот на месецов.

„После речиси 20 години, после големи премрежја, опструкции, одолговлечувања, одложувања, конечно сме на прагот да почнеме со теренската работа и со прибирањето на потребните податоци. Сите подготовки се завршени. Комисиите на пописните реони, заедно со нашите државни инструктори успешно ги завршија обуките на реонските инструктори и попишувачи и денес тие се излезени на терен во обиколка на своите пописни кругови“, порача Симовски на денешната прес-конференција.

Тој апелираше граѓаните да ги примаат попишувачите, оти тоа значи доаѓање до подобра иднина за сите.

„Се е подготвено за утрешниот старт на попишувањето и ја користам оваа можност да упатам апел до граѓаните со доверба да ги примаат нашите попишувачи. Оваа акција е од интерес за секој еден од нас и е и привилегија и чест истовремено да се учествува во пописот со самото тоа што секој од нас ќе одговори на поставените прашања. Тоа значи грижа за подобар живот за себе, но и идните генерации. Податоците од пописот претставуваат основа за подобро утре за нас и за нашите деца“, рече Симовски.

За пописот, територијата на земјава е поделена на 50 пописни реони, а попишувачите ќе излезат на терен утре во 8 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...