fbpx

Порталб: Ганиу не го исполни ветувањето за катни гаражи

-

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, го завршува својот прв мандат без да го реши проблемот со паркирањето, каде како решение понуди изградба на четири катни гаражи во општината. Но, иако остануваат помалку од два месеци до крајот на неговиот мандат, Ганиу не го исполни ова ветување. Порталб.мк упати прашања до Општина Чаир и Министерството за транспорт и врски во врска со ова, но ниту една од овие две институции не одговори на прашањата дали е одобрен урбанистичкиот план што ќе го отвори патот за издавање дозвола и започнување на реализација на овој проект, пренесува Порталб.мк.

Порталб.мк од вчера се обидува да контактира со портпаролот на Министерството за транспорт во различни форми, испраќајќи прашања преку смс – порака и официјална е -пошта на портпаролот и, исто така, се обиде да стапи во контакт неколку пати преку телефон, но во ниту еден од овие обиди, портпаролот не беше достапен за нашата редакција.

Општина Чаир минатата година до Министерството за транспорт ги имаше доставено барањата за одобрување урбанистички планови за градежни проекти на две катни гаражи.

Меѓутоа, двата урбанистички планови биле вратени во Општина Чаир, од страна на Министерството за транспорт и врски, за да бидат усогласени со законските акти и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање. Во март, од Општина Чаир рекоа дека барањата првично биле вратени од предметното министерство, поради некои технички проблеми и не дека не биле во согласност со законот и дека повторно ќе бидат поднесени во текот на март.

Но, во последниот одговор што го добивме од министерството во јули, тие рекоа дека немаат активни барања од Општина Чаир.

„Ве известуваме дека, во Министерството за транспорт и врски, нема активни барања од Општина Чаир што се однесуваат на катни гаражи. Исто така, Министерството за транспорт и врски, согласно своите надлежности, дава одобрение за градба само за објекти од прва категорија. Во овој случај, катните гаражи не се објекти од прва категорија, што значи дека одобрението за градбата мора да го даде општината“, рекоа од ова министерство за Порталб.мк во јули.

Во својот „Договор“, Ганиу имаше предвидено буџет од 1.156.293.957 денари (18,8 милиони евра) за изградба на 4 катни гаражи на територијата на општината.

Тој вети дека ќе се градат катни гаражи кај „Саат Кула“, за што беше предвиден буџет од 176.668.200 денари (2,8 милиони евра) и кај Албанскиот театар, за што беше предвиден буџет од 112.455.000 денари (1,8 милиони евра). Катни гаражи беа ветени и кај плоштадот „Скендербег“ и „Чаирчанка“, за што беше предвиден буџет од 786.169.857 денари (12,7 милиони евра) и 81.000.000 денари (1,3 милиони евра).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...