Пренасочување на сообраќајот во центарот на Скопје утре

Фото: Мета.мк

Поради генералната проба за големата прослава на Денот на независноста, што ќе се одржи в среда, 8 септември пред Собранието на Северна Македонија, утре ќе бидат затворени улици и булевари во строгиот центар на Скопје.

Така, утре од 7.30 до 12.30 и од 15.30 до 20 часот затворени за сообраќај ќе бидат: бул .„Кочо Рацин“ на потег од крстосницата со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ (кај Народна банка) до ул.„Кирил и Методиј“ (близу катната гаража кај КИЦ).

Затворена ќе биде и  ул. „11 Октомври “ на потег од ул.„Крушевска Република“ (кај Тутунски комбинат) до ул.„Димитрие Чуповски“ (Кај Триумфалната порта).

Нема да се сообраќа и на ул.„Филип Втори“ на потег од бул.„Гоце Делчев“ (кај Универзитетската библиотека до ул.„11 Октомври“ (Кај старата Градска болница).

Затворена ќе биде и улицата -Кеј „13 Ноември“ на потег од ул.„Филип Втори“ (кај хотелот „Холидеј Ин“ до бул.„Кочо Рацин“ (Кај Веро Центар).

Забрана за сообраќај ќе има и на „Мирче Ацев“ на потег од ул.„Филип Втори“ (кај ГТЦ) до бул.„Кочо Рацин“ (кај поранешно Југодрво).

Затворена ќе биде и улицата „Димитрија Чуповски“ на потег од Триумфалната порта до бул.„Климент Охридски“ (близу гимназијата „Јосип Броз – Тито“), а ќе биде затворена и ул.„Даме Груев“ од крстосница со ул.„Македонија“ (близу „Бристол“ до ул.„11 Октомври“

МВР соопшти дека Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје) ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.