fbpx

Попис 2021: Бугарско државјанство имаат помалку од 20.000 жители во земјава

-

Околу три проценти од резидентното население во земјава има двојно државјанство, а најголемиот дел од нив имаат покрај македонско имаат и бугарско државјанство, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика добиени од Пописот 2021.

Бројките покажуваат дека 19.761 лица од резидентното население во земјава имале бугарско државјанство. Притоа, 19.645 лица имале двојно, македонско и бугарско државјанство, додека 116 лица кои живеат во земјава имале само бугарско државјанство.

Инаку, вкупниот број на лица со двојно државјанство во Северна Македонија изнесува 53.201. Овие државјани покрај македонското, имаат и државјанство на друга земја. Покрај тоа што најголем дел од нив имаат бугарско, пописот лани покажа дека висок е бројот и на жители кои имаат српско државјанство, покрај македонското.

Вкупно 11.706 припадници на резидентното население во земјава имаат српско државјанство, при што мнозинството од нив – 10.909 имаат и македонско и српско државјанство истовремено.

Податоците покажуваат дека и 3.930 припадници на резидентното население на Северна Македонија имаат хрватско државјанство, 3.163 жители на земјава имаат косовско државјанство, додека 2.779 лица имаат албанско државјанство.

Вкупниот број на лица кои имаат државјанство од друга земја, а се дел од резидентното население на Северна Македонија, е 57.404.

Инаку, објавените податоци за резидентното население кое има странско или двојно државјанство во земјава се дел од најновиот сет на податоци кои денеска ги објави Државниот завод за статистика.

Бројките од минатогодишниот попис во однос на државјанството на резидентното население покажуваат дека најголемиот дел од лицата од земјава кои зеле бугарско како двојно државјанство, всушност се иселени надвор од Северна Македонија и живеат во странство веќе подолг период. За потсетување, бугарскиот претседател Румен Радев во неколку наврати изјави дека повеќе од 120.000 македонски граѓани имаат и бугарско државјанство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...