fbpx

Новинарката Вера Гирич на Радио Слободна Европа загина во руски воздушен напад на Кијив

-

Вчерашниот руски воздушен напад на Кијив беше кобен за новинарката на Радио Слободна Европа (РСЕ), Вера Гирич. Една од ракетите погодила станбена зграда во украинскиот главен град, при што загинала новинарката на сервисот на украински јазик на РСЕ.

Страшната вест денеска ја потврди и главната и одговорна уредничка на украинскиот сервис на РСЕ, Ина Кузнецова, јавува Укринформ.

Гирич работела во кијивското биро на Радио Слободна Европа на 1 февруари 2018 година.

„Во длабока тага сме поради смртта на нашата вработена новинарка во украинското биро, Вера Гирич, оваа ноќ. Изгубивме драга колешка која ќе ја паметиме по професионализмот и посветеноста на нашата мисија. Шокирани сме и бесни поради бесчувствителната природа на нејзината смрт во својот дом во земјата и градот кој го сакаше. Нејзиниот спомен ќе ја инспирира нашата работа во Украина и пошироко во иднина“, стои во соопштението на претседателот на Радио Слободна Европа, Џејми Флај.

Вчерашното бомбардирање на Кијив, во кое загина и новинарката Вера Гирич, беше за време на посетата на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Русија извршила напад врз Кијив веднаш по завршувањето на неговите разговори со генералниот секретар на ОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...