fbpx

Украинскиот генерал Залужни: Војната е во ќорсокак, длабок и брз пробив нема да има

Искрената проценка на Залужни може да предизвика нова главоболка за меѓународната заедница, која обезбедува финансиска и воена поддршка за Украина во изминативе 18 месеци од почетокот на руската агресија врз Украина

-

Главниот командант на украинските вооружени сили, генералот Валери Залужни вели дека војната во Украина е во ќорсокак и најверојатно нема да има длабок и брз пробив на руската одбрана од страна на украинските сили, изјави тој за Економист. Тој ја споредува состојбата со Првата светска војна, додавајќи дека двете страни достигнале одредено ниво на технологија, а за да се надмине ќорсокакот неопходен е огромен технолошки скок, пренесува Гардијан.

Искрената проценка на Залужни може да предизвика нова главоболка за меѓународната заедница, која обезбедува финансиска и воена поддршка за Украина во изминативе 18 месеци од почетокот на руската агресија врз Украина.

Водечкиот украински генерал вели дека Русија воопшто не ги цени животите на своите војници, при што Залужни признава дека негова грешка е што првично верувал оти може да се сопре Русија со големиот број на убиени војници.

„Тоа беше моја грешка. Русија загуби најмалку 150.000 мртви. Во која било друга земја, таквите жртви би ја запреле војната“, вели Залужни.

Генералот вели дека Русија е феудална држава, каде најевтиниот ресурс е човечкиот живот, додека за Украина најскапоценото нешто се луѓето.

„Ако ги погледнете учебниците на НАТО и математиката што ја направивме [при планирањето на контраофанзивата], четири месеци требаше да бидат доволно време за да стигнеме до Крим и да се бориме за него“, изјави Залужни за Економист.

Кога неговите војници не стигнале никаде, тој се запрашал дали тоа е поради  неговите команданти, па ги сменил, но украинската војска сè уште нема среќа.

Тој рече дека добил повеќе сознанија дури откога ја препрочитал книгата објавена во 1941 година од советски генерал-мајор, кој ги анализирал битките од Првата светска војна за пробивањето на утврдените одбранбени линии.

„И пред да поминам половина пат, сфатив дека тоа е токму местото каде што сме, бидејќи исто како и тогаш, нивото на нашиот технолошки развој денес нè стави во пат-позиција и нас и нашите непријатели“, вели Залужни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...