fbpx
Таг: контраофанзива

таг: контраофанзива

Украинскиот генерал Залужни: Војната е во ќорсокак, длабок и брз пробив нема да има

Главниот командант на украинските вооружени сили, генералот Валери Залужни вели дека војната во Украина е во ќорсокак и најверојатно нема да има длабок и брз пробив на руската одбрана од страна на украинските сили, изјави тој за Економист. Тој ја споредува состојбата со Првата светска војна, додавајќи дека двете страни достигнале одредено ниво на технологија, а за да се...

Украина со тактички напредок во контраофанзивата, Русија напаѓа кај Купјанск

Украинските сили напредуваат на југот по две главни линии на контраофанзивата, кои имаат за цел да стигнат до југот на Азовското море, да ги прекинат линиите на снабдување на руската војска и да ги одвојат окупираните територии од страна на Русија, пишува Њујорк Тајмс. Американските воени аналитичари објаснуваат дека од почетокот на контраофанзивата, украинската војска напредувала од 12 до 19...

Зеленски: Русија ги користи сите средства да ја сопре украинската контраофанзива

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја предупреди неговата земја дека Русија ги користи сите расположливи ресурси во нејзината воена кампања за да ги спречи украинските сили во нивната контраофанзива на југот и на истокот на земјата. Коментарите на Зеленски следуваат откако украинските власти повторно признаа дека долго очекуваната операција на Украина за потиснување на руските сили напредува со многу побавно...

Американскиот генерал Мили: Украинската контраофанзива ќе биде „долга и крвава“

Контраофанзивата на Украина ќе биде многу тешка, а постигнувањето резултати ќе потрае долго и ќе биде „многу, многу крваво“, предупреди највисокиот американски воен офицер – армискиот генерал Марк Мили, пренесува „Гардијан“. Генералот Мили за Националниот прес-клуб во Вашингтон изјави дека контраофанзивата напредува стабилно и дека „намерно се пробива низ многу тешки мински полиња“. „Тоа што го кажав е дека ова ќе...

Украинската контраофанзива напредува на сите фронтови, Зеленски кажа дека понеделник е „среќен ден“

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека украинската контраофанзива против руските сили напредувала на сите фронтови, пренесе Би-Би-Си. Тој не даде детали, но проруските коментатори велат дека украинските војници ја преминале реката Днепро и повторно зазеле село во близина на Керсон. Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, вчера изјави дека украинските сили ја вратиле контролата над Ривнопил, село во областа Доњецк, западно...

Прекинати антитерористичките мерки во Москва, Шојгу за првпат во јавноста по бунтот на Вагнер

Градоначалникот на Москва ги укина „антитерористичките“ безбедносни мерки што ги воведе во текот на изминатиот викенд, кога силите на Вагнер се заканија оти ќе упаднат во градот. Сергеј Собјанин ја објавил одлуката на Телеграм, заблагодарувајќи им се на жителите за „смиреноста и разбирањето“, пренесува Би-би-си. Ројтерс објави дека рускиот национален антитерористички комитет, во посебна објава соопштил дека ситуацијата во земјата е...

Русија минирала 200.000 километри квадратни од украинската територија

Украинските сили ги поставуваат предусловите за идните главни напори за пробив на руската одбрана, анализира американскиот Институт за проучување на војната во својата најнова анализа по вчерашната изјава на украинскиот претседател Володимир Зеленски во која призна дека контраофанзивата се одвива побавно од посакуваното, пренесува Гардијан. Американскиот институт додава оти украинските власти долго време сигнализирале дека самата контраофанзива ќе претставува низа...

Русија продолжува со ракетните напади врз Украина, цивилни жртви има секој ден

Русија продолжува со ракетните напади врз населени места во Украина, при што во изминатово деноноќие се регистрирани нови цивилни жртви. Најмалку две лица загинаа во Донецкиот регион како резултат на руските гранатирања во населените места Дружба и Костиантинивка, јавува Укринформ. Руската армија во 72 наврати го ракетирала Херсонскиот регион изминатово деноноќие, при што две лица биле убиени, а уште осум...

Обединетите нации ја обвинија Русија дека спречува пристап до поплавените подрачја во Украина

Обединетите нации (ОН) ја обвинија Русија дека одбива да дозволи испорака на помош во окупираните области на Украина, кои се погодени од поплавите како резултат на рушењето на браната Каховка, пишува Гардијан. Досега се пријавени 52 загинати лица како резултат на рушењето на браната на реката Днипро, а од украинска и руска страна досега се евакуирани 11.000 лица. „Владата на...

Бретон: ЕУ со нова испорака оружје ќе ја поддржи контраофанзивата на Украина

Европскиот комесар за индустрија Тиери Бретон изјави дека Европската Унија ја забрзува испораката на оружје за Украина за да ја поддржи контраофанзивата на земјата против руските сили. Во интервју за францускиот дневен весник „Паризиен“, Бретон вели дека војната во Украина ќе продолжи уште неколку месеци или уште подолго. „Ќе ги зголемиме нашите напори за снабдување со оружје и муниција, ова...

Украина успеала да ослободи седум населени места во досегашната контраофанзива

Украинските воени сили во досегашната контраофанзива успеале да ослободат седум населени места или површина од 90 квадратни километри во изминативе денови, пишува Би-би-си. Заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар преку Телеграм информираше дека украинските сили успеале да напредуваат во близина на градот Бахмут во Донбас и на југ во регионот Запорижја. Сепак, и таа признава дека руските сили имаат...

Украина прогласи победа во првите четири села од почетокот на контраофанзивата

Украина соопшти дека ослободила четири села на југоистокот на земјата, со тврдење дека станува збор за првите победи над Русија од почетокот на контраофанзивата на Киев, пишува Би-Би-Си. Населбите се релативно мали, а Москва допрва треба да потврди какво било повлекување. Селото Блаходатне имало население од само 1.000 жители. Ова село, кое беше центар на интензивни борби во последните денови,...

Русија тврди дека спречила украинска контраофанзива, Украина вели планот е таен

Руското Министерство за одбрана соопшти дека спречила голема украинска контраофанзива во Донецкиот регион, тврдејќи дека убиле 250 украински војници и дека уништиле оклопни возила, пренесува Би-би-си. На ова руско тврдење засега нема официјален коментар од властите во Кијив, а руското соопштение не може да се потврди од независни извори. Сепак, украинската министерка за одбрана Хана Малиар на Телеграм потврди дека...

Загинати цивили во Одеса, Запорижја и Херсон како последица на руските напади

Најмалку пет цивили загинаа како последица на руските напади врз украинските населени места изминатово деноноќие. Во приморскиот град Одеса била погодена индустриска инфраструктура, при што еден цивил загинал а двајца се повредени, јавува Укринформ. 68-годишен жител на градот Хулијаполе во регионот Запорижја загинал како последица на руското гранатирање, додека во Степнохирск тројца цивили биле повредени. Во овој украински регион за...

Украина тврди дека освоила веќе окупирани територии кај Бахмут, Русија демантира

Украина вели дека успеала да поврати дел од веќе окупираните територии од Русија кај градот Бахмут, што е редок напредок по неколкумесечните успешни руски придобивки во источниот град во Донецкиот регион, јавува Би-би-си. Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар рече дека украинските сили напреднале два километри за една недела. Тврдењата сигнализираат промена на моментумот во Бахмут, кој руските сили...

Зеленски вели дека на Украина ќе ѝ треба време за да ја почне контраофанзивата

Володимир Зеленски, претесдател на Украина | Фото: Укринформ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Би-Би-Си изјави дека на неговата земја ќе ѝ треба повеќе време за да ја започне долгоочекуваната контраофанзива против руските сили, бидејќи нејзината војска ја чека испораката на ветената воена помош. Говорејќи во неговиот штаб во Кијив, претседателот Зеленски ги опиша украинските борбени бригади, од кои некои биле обучени од земјите на НАТО, како...

Ројтерс: Протечени документи тврдат дека Србија се согласила да испрати оружје во Украина

Новинската агенција Ројтерс ексклузивно објави протечен документ од Пентагон, во кој се наведува дека Србија иако одбила да воведе санкции кон Русија, веќе се согласила да испорача оружје на Кијив или веќе го испорачала. Протечениот документ со наслов „Европа – Одговор на тековниот руско-украински конфликт“ е во форма на графикон во кој се резимирани позициите на 38 европски влади...

Русија губи на фронтот, но со камикази дронови и ракетирања напаѓа украински градови

Три нови населени места во Херсонскиот регион се ослободени од украинските сили во изминатово деноноќие, информираат украинските власти. Станува збор за Нововоскресенске, Новохрухоривка и Петропавливка, пренесува Укринформ. Ослободени се територии во длабочина од над 10 километри, а проруските власти и понатаму тврдат дека потегот е „тактичко“ повлекување на војската, пишува Гардијан. И додека Русија губи на фронтот, за што воените...

Кијив: Украинските сили „зачудувачки“ напредуваат во источна Украина

Властите во Кијив денеска соопштија дека украинските вооружени сили молскавично напредуваат во контраофанзивата на истокот на земјата враќајќи голем дел од територијата која ја освои Русија по воената инвазија во февруари, јавува агенцијата Франс прес. Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во меѓувреме пристигна во украинската престолнина во ненадејна посета, за која рече дека треба да ја покаже поддршката...

Руските трупи респоредија 1.300 чеченски борци на Рамзан Кадиров близу Херсон

Околу 1.300 чеченски борци од единицата на Рамзан Кадиров пристигнаа во регионот Херсон за да ги зајакнат руските трупи во привремено окупираните територии, објави украинската државна агенција, Укринформ. Тие го пренесуваат последниот извештај на Генералштабот на вооружените сили на Украина, кој е објавен на нивната официјална Фејсбук страница. „Непријателот продолжува да се фокусира на воспоставување целосна контрола на територијата на регионот...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...