недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: медиумско известување | 63 резултати

Измени во Кривичниот законик, за напаѓачите на новинари ќе следи затворска казна

февруари 14, 2023

По две години чекање, новинарите дочекаа нападите врз нив да се третират како напад врз службено лице, а со тоа и напаѓачите да добијат затворска казна. Измените на Кривичниот законик вчера беа усвоени од страна на пратениците во Собранието на РСМ. Претседателот Стево Пендаровски е следен на потег за да стави потпис на законските измени, […]

ААВМУ ја претстави новата специјализирана веб страница за родот и медиумите

февруари 7, 2023

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (ААВМУ) денеска ја промовираше новата специјализирана веб-страница „Родот и медиумите“. На прес-конференцијата се обратија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски. „Моќта на медиумите и нивната способност за професионално известување на јавноста, подигање на свеста […]

Руски суд осуди познат новинар на осум години затвор, ширел „лажни вести“ за инвазијата во Украина

февруари 1, 2023

Познатиот рускиот новинар и критичар на Владимир Путин, Александар Невзоров е осуден на затворска казна од осум години за „ширење лажни вести“ за руската војна во Украина, пишува Политико. Московскиот суд го осуди Невзоров поради „објавување лажна информација за намерно бомбардирање на руската војска на породилиште во Мариупол“ на неговите профили на Инстаграм и Јутјуб. […]

„Базфид“ е првиот медиум што ќе го користи ChatGPT за креирање содржини

јануари 27, 2023

Онлајн медиумот „Базфид“ е првиот што објави дека ќе го користи четботот за генерирање текстуална содржина ChatGPT при нивното работење, пренесува Си-ен-ен. Извршниот директор Џон Перети ја споделил информацијата со вработените, напоменувајќи дека во 2023 година медиумот ќе го започне користењето на оваа алатка. Тој образложил дека новата технологија ќе се користи за создавање на […]

„Крвавиот четврток“ и судовите: Противречни пресуди за новинарите кои известуваа од Собранието

јануари 18, 2023

Апелацискиот суд со своите пресуди му ги повредил правата на новинарот Влатко Стојановски од „Фокус“ во врска со упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Вака се изјаснија судиите од Уставниот суд и денеска побараа по овој предмет да се отвори дискусија на дневен ред на некоја од наредните седници. „Во текот на советувањето […]

Едногласно усвоен Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

ноември 17, 2022

Собранието на РСМ денеска едногласно го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета со кој се  гарантира слободата на изразување, информираат од Министерството за правда. „Ова е еден од најлибералните закони во Европа чиј клучен аспект е драстичното намалување на висината на казните на медимските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета“, […]

„Комунална хигиена“-Скопје го осуди вербалниот напад врз новинарката од Мета, ќе има дисциплинска одговорност

август 18, 2022

Откако на 15 август во населбата Кисела Вода двајца вработени во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје вербално ја нападнаа новинарката Илинка Иљоска вработена во новинската агенција Мета и се обидоа да ја спречат при вршење на работна задача, денеска се огласија од ова јавно претпријатие. „Најостро го осудуваме вербалниот напад врз новинарката на новинската агенција “Мета” која […]

ЗНМ реагира, новинарката Илинка Иљоска од Мета вербално нападната поради направени фотографии од нерасчистено ѓубре

август 15, 2022

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува заканите и навредите од страна на вработени во „Комунална хигиена“ – Скопје (КХС) кон новинарката Илинка Иљоска од новинската агенција Мета, коишто се случиле утрово во скопската населба Кисела Вода. „ЗНМ бара од Комунална хигиена Скопје да покренат дисциплинска постапка против одговорните лица за вербалниот напад врз […]

АНКЕТА: Македонците сметаат дека земјата е побезбедна во НАТО, но не им веруваат на медиумите за војната во Украина

јуни 23, 2022

Мнозинството од македонските граѓани веруваат дека земјава е побезбедна поради членството во НАТО, а ја сметаат и Алијансата за значајна во однос на идната безбедност на земјава. Сепак, најголем дел од граѓаните не веруваат дека македонските медиуми ја кажуваат вистината за инвазијата на Украина, покажува најновото анкетно истражување спроведено од НАТО во сите 30 земји-членки […]

Вистиномер: Дезинформациски трендови поврзани со странски влијанија во Република Северна Македонија

јуни 18, 2022

Со цел идентификување на трендовите на медиумското известување, како и клучните дезинформациски трендови поврзани со странските влијанија во земјава, во периодот од ноември 2021 до април 2022 година е направен мониторинг на домашните медиуми. За утврдување на главните дезинформациски трендови беше спроведена анализа на повеќе од 300 антидезинформациски написи, од кои 160 директно се однесуваа […]

Новинарката Вера Гирич на Радио Слободна Европа загина во руски воздушен напад на Кијив

април 29, 2022

Вчерашниот руски воздушен напад на Кијив беше кобен за новинарката на Радио Слободна Европа (РСЕ), Вера Гирич. Една од ракетите погодила станбена зграда во украинскиот главен град, при што загинала новинарката на сервисот на украински јазик на РСЕ. Страшната вест денеска ја потврди и главната и одговорна уредничка на украинскиот сервис на РСЕ, Ина Кузнецова, […]

ЗНM: Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на „Фокус“ во случајот против Сашо Мијалков

април 6, 2022

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во корист на „Фокус“ во случајот против Сашо Мијалков, а пресудата од Стразбур доаѓа откако домашните судови претходно пресудија дека уредничката на „Фокус“ Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов треба да му платат над 9.000 евра штета на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков за изнесена клевета и навреда, […]

ЗНМ: Недозволива е јавна пресметка на општина Валандово со новинарите

февруари 24, 2022

Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ ја осудува јавната пресметка од страна на општина Валандово со новинарите. Денеска на официјалниот профил на општина Валандово на социјалната мрежа Фејсбук беше објавена реакција предизвикана од објавите на новинарот Ване Трајков, со наслов “Фолк Фест Валандово не доби пари од Министерството за култура оти општината аплицирала на […]

Порталб: Непотребна медиумска хиперболизација и глорификација на руска воена опрема

јануари 27, 2022

Ова е еден напис кој хиперболично и сензационално ја велича руската воена опрема. Насловот „Русија го претстави „Ѕверот на небото“: „Со ова ќе се справиме со Америка“ е типичен пример за непрофесионално новинарско известување, кое има за цел да предизвика заблуди во јавноста, пишува Порталб.мк. На 6 јануари 2022 година преку сензационален наслов, страницата “N-news […]

Грета Тунберг со апел до медиумите и граѓаните: Човештвото не успева да ја сопре климатската криза

октомври 31, 2021

Младинските активисти предводени од Грета Тунберг преку Avaaz.org испратија апел до граѓаните ширум светот пред одржувањето на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26) во Глазгов. Човештвото не успева да ја сопре климатската криза, е критиката од Грета, која ја упати до владите ширум светот заедно со Ванеса Накате од Уганда, Доминика Ласота од […]

ЗНМ: Осуда за обидите за дискредитација кон новинарката Џумадије Ибраими од ТВ Клан

октомври 21, 2021

Во период од една недела, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) по трет пат реагира за случаи во кои новинарките и новинарите се попречувани во својата работа или добиле закани и навреди, а сето тоа во периодот на одржување на локалните избори во земјава. Изминатава недела ЗНМ реагираше и на вербалните напади кон новинарката на […]

ЗНМ: Осуда на понижувачкиот однос на кандидатот Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ 21

октомври 19, 2021

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува јавниот понижувачки однос на независниот кандидат за градоначалник за општина Кичево Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ21 и бара јавните чинители да внимаваат на нивниот однос, посебно кон жените новинарки во државата. „Имено, додека новинарката Салије Садику, известувала за локалните избори во Северна Македонија се […]

Мониторинг на медиумското известување за Пописот 2021: Изразена политизација во објавените прилози

април 25, 2021

Изразена политизација на пописот во објавените медиумски прилози за него, е еден од клучните наоди на мониторингот на медиумското известување на оваа тема што го спроведе НВО Инфоцентарот, во периодот од 1 март до 2 април 2021 година, за време на работните денови од понеделник до петок. „Во известувањето за пописот доминираа политичко-партиските реакции со […]

Во 2020 година пораснал бројот на жалби до СЕММ, говорот на омраза се „сели“ во коментарите на социјалните мрежи

април 20, 2021

Во 2020 година до Советот за етика пристигнале 140 жалби, од кои за 109 се донесени одлуки во коишто комисијата има детектирано одредени прекршувања на Кодексот на новинарите на Македонија, со што се бележи двојно зголемување на доставени жалби споредбено со 2019 година, изјави координаторот за програми и прием на жалби на Совет за етика […]

Корона кризата покажа дека медиумите потфрлија во инклузивното известување

април 20, 2021

Медиумите како централна улога во информирањето на луѓето во текот на пандемијата имаа голема одговорност, но потфрлија кога станува збор за професионално и точно известување за јавното здравје. Ова е заклучокот од денешните воведни излагања на настанот „Инклузивно известување за различностите во медиумите во време на Ковид-19“ кој го организираа Советот за етика во медиумите […]

Страна 1 од 3