fbpx

Одземено стрателство врз децата на руска новинарка која протестираше против војната во Украина

Таа тврди дека судот во Москва ја донел оваа одлука поради „политички причини“ и беше донесена неполн месец откако таа беше осудена на 8,5 години затвор поради наводно ширење лажни информации за Русија

-

Марина Овсјаникова ги извести Си-ен-ен дека суд во Москва ѝ го одзел старателство врз двете деца. Оваа одлука на судот доаѓа неполн месец откако Овсјаникова беше осудена на 8,5 години затвор поради „свесно ширење лажни информации“ за руските вооружени сили.

„Навистина сум шокирана од одлуката на судот“, изјави Овсјаникова.

Претходно, нејзиниот син и мајка сведочеле против неа, што исто претставувало шок за новинарката.

Според руската новинска агенција РИА Новости, бившиот маж на Овсјаникова ја покренал постапката за одземање на старателството на нивните деца: 11-годишно девојче која живее со мајка ѝ во Париз и 17-годишно момче кој живее во Русија.

На Овсјаникова ѝ беше даде политички азил во Франција, каде таа престојува со ќерка ѝ. Таа се надева дека Франција нема да ѝ ја предаде ќерка ѝ на Русија доколку руските судови ја побараат.

Иnаку, новинарката и уредничка на руската државна телевизија „Канал 1“ првпат ѝ стана позната на јавноста на 14 март 2022 година, кога упадна во студиото среде вести со транспарент на кој пишуваше: „Не за војната, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат. Руси против војната“.

Овсјаникова исто така протестираше во близина на Кремљ против руската инвазија во Украина, носејќи транспарент со слоган „Путин е убиец. Неговите војници се фашисти“.

Оваа судска одлука доаѓа кусо откако новинарката Алсу Курмашева беше приведена оти nе се регистрирала како „странски агент“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...