петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Русија Украина | 33 резултати

Жителите бегаат од југоисточниот дел на Украина додека фронтот се приближува кон Запорожје

февруари 5, 2026

Последните жители во селото Тавриске во југоисточна Украина се евакуираат, поради приближувањето на руските силе кон градот Запорожје и група градови во источниот регион Донецк

Според Зеленски Украина е подготвена за членство во ЕУ во 2027 година

јануари 30, 2026

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски повторно ја истакна својата оценка дека Украина би била „технички“ подготвена за членство во Европската унија во 2027 година, и покрај реакциите од некои европски лидери оваа недела кои сметаат дека неговото инсистирање на забрзано пристапување е нереално и дури може непотребно да создава тензии во Унијата

Четворица загинати во нови руски напади врз Украина

октомври 25, 2025

Најмалку четири лица загинаа, а 17 беа повредени во руски ракетни и дрон-напади врз Украина изминатата ноќ, соопштија локалните власти. Во Киев, две лица загинале, а 13 се повредени во балистички напад во раните утрински часови, изјави шефот на градската воена администрација, Тимур Ткаченко. Дел од повредените се хоспитализирани, а пожар избувнал во една зграда, […]

Шестмина загинати, меѓу кои и две деца, во нови руски напади врз Украина

октомври 22, 2025

Најмалку шест лица, меѓу кои и две деца, загинаа во ноќните руски ракетни и дрон напади врз повеќе украински градови, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Уште барем 20 лица се повредени, објави Би-би-си. Нападите се случија само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја одложува планираната средба во Будимпешта со рускиот лидер […]

Данска, Франција и Германија испраќаат борбени авиони за одбрана на Полска

септември 13, 2025

НАТО сојузниците најавија распоредување дополнителни трупи и борбени авиони на источниот крилo на алијансата, откако повеќе од десетина дронови влегоа во полскиот воздушен простор во средата, објави Би-би-си. Данска, Франција и Германија веќе се приклучија на новата мисија за поддршка на Полска, а се очекува и други членки на НАТО да се вклучат. Данска ќе […]

Руски воздушен напад уништи затвор во Запорожје, загинаа 16 лица

јули 29, 2025

Во руски напад врз корективен центар во регионот Запорожје, загинаа 16 лица, а повредени се најмалку 35, пишува Гардијан. Гувернерот на регионот, Иван Федоров, објави на Телеграм дека затворот е целосно уништен, а оштетени се и неколку околни приватни куќи. Овој напад е еден од најсмртоносните во последните месеци во Украина, која е под руски […]

Трамп за Би-Би-Си: Разочаран сум од Путин но не се откажувам

јули 15, 2025

Доналд Трамп изјави дека е разочаран, но не завршил со Владимир Путин, во интервју со Би-би-си само неколку часа откако тој објави планови за испраќање оружје во Украина и предупреди на строги царини кон Русија ако не се постигне договор за прекин на огнот во рок од 50 дена. „Разочаран сум од него, но не сум […]

Нов напад врз Киев: Двајца загинати и десетици повредени по руските воздушни напади

јули 10, 2025

Украина ноќеска беше цел на уште еден масовен руски напад, при што главниот град Киев беше најтешко погоден, пишува Би-би-си. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, во нападот биле користени 18 ракети и околу 400 дронови, а загинале најмалку две лица, додека 16 се повредени. Од Киев информираат дека остатоци од дронови погодиле покрив на станбена […]

Зеленски бара поголем меѓународен притисок врз Русија по нападот врз Харков

јуни 11, 2025

По синоќешниот руски напад со дронови врз градот Харков, во кој загинаа три лица, а 64 беа повредени, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на итна реакција од меѓународната заедница и донесување нови мерки за зголемување на притисокот врз Русија, пишува Укринформ. „Во Харков се вршат активности за расчистување по нападот со руски дронови. Нападот погоди […]

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина

април 21, 2025

Руската војска потврди дека нејзините сили ги продолжиле нападите врз Украина по  „велигденскоти примирје“, пишува Гардијан.  „Со завршувањето на примирјето, вооружените сили на Руската Федерација продолжија да ја спроведуваат специјалната воена операција“, соопшти руската војска. Руското Министерство за одбрана тврди дека војската „строго го почитувала прекинот на огнот и останала на претходно окупираните линии и […]

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

март 27, 2025

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени “ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во последните недели со цел да се воспостават безбедносни гаранции за Киев како дел од можниот иден мировен договор со Русија, што се обидуваат да го постигнат […]

Трамп пред Конгресот: Време е да се стави крај на оваа бесмислена војна

март 5, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во своето обраќање пред Конгресот откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му испратил писмо во кое изразува подготвеност да преговара за мир и да го потпише договорот за минерали, пишува Гардијан. Трамп, исто така, рече дека бил во „сериозни разговори со Русија“ и тврди дека „добил силни сигнали […]

Проверка на факти: Дали е Трамп во право кога вели дека Украина ја почнала војната со Русија?

февруари 20, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп оваа недела лажно ја обвини Украина дека ја почнала војната со Русија на нејзина територија, предизвикувајќи низа реакции во земјата која помина речиси три години се бори против многу поголемата руска војска, пишува Асошиејтед Прес. Трамп го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „диктатор без избори“ и тврдеше дека неговата поддршка […]

Сојузниците на НАТО инсистираат на тоа дека Украина и Европа мора да бидат дел од мировните преговори

февруари 13, 2025

Неколку сојузници на НАТО денес истакнаа дека Украина и Европа не треба да бидат исклучени од какви било мировни преговори, пишува Асошиејтед Прес. Европските влади се вознемирени откако администрацијата на Трамп сигнализираше дека планира разговори лице в лице со Русија за ставање крај на војната во Украина без нивна инволвираност. „Не може да има преговори […]

Бербок: Украина и Европа мора да бидат вклучени во мировните преговори за Украина

февруари 13, 2025

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во четвртокот изјави дека Украина и Европа треба да бидат вклучени во мировните преговори за Украина, откако американскиот претседател и рускиот претседател разговараа за конфликтот, пишува Ројтерс. „Не можеме да водиме разговори без вклучување на Украина. Мирот во Европа е во прашање, затоа ние Европејците треба да бидеме […]

Киев: Русија лансираше балистичка ракета кон Украина

ноември 21, 2024

Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета во напад врз Украина утрово, потврдија украинските воздухопловни сили, што претставува прва позната употреба на толку моќно оружје во војна. Украинските воздухопловни сили соопштија дека проектилот бил лансиран од рускиот регион Астрахан, на повеќе од 700 километри од Днепро во централно-источна Украина. „Украинска правда“, медиум со седиште во Киев, цитира […]

Тенденциозна конструкција за преговорите на Украина и Молдавија со ЕУ

јуни 16, 2024

Во објава на Фејсбук, која негативно реагира на тоа што Украина и Молдавија добиле препорака за почеток на преговорите за нивната евроинтеграција, се измешани: лично мислење, кое авторот има полно право да го изрази; некои непобитни факти, што, се подразбира, е исто така легитимно; но и тенденциозни премолчувања, заради кои јавноста не ја добива целосната слика […]

Украина бара дозвола за користење на западно оружје за цели во Русија

мај 30, 2024

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО ќе се состанат во четврток во Прага поради зголемените повици до водечките сојузници да ги укинат рестрикциите што го спречуваат Кијив да користи западно оружје за напади во Русија, пишува Гардијан. Темата на дводневниот собир во Прага ќе биде формирањето на договори околу снабдување на Украина со […]

Русија тврди дека нејзините војници навлегуваат во град близу Харков

мај 13, 2024

Руските сили тврдат дека влегле во североисточниот пограничен град Вовчанск, во близина на вториот најголем град во Украина, Харков, пишува Би-би-си. Русија ги интензивираше своите напади врз регионот по ненадејните упади во петокот преку границата, заземајќи најмалку девет села и населби. Ова претставува еден од најзначајните копнени напади од целосната инвазија на Украина која трае […]

Страна 1 од 2