fbpx

Во Русија приведена новинарката Алсу Курмашева оти не се регистрирала за „странски агент“

Курмашева беше уапсена на 18 октомври под обвинение дека не се регистрирала како „странски агент“ во Русија, а ваквото обвинение според руското законодавство значи казна затвор од максимум пет години

-

Руско-американската новинарка Алсу Курмашева која работи за Радио Слободна Европа е приведена од руските власти оти не се регистрирала како „странски агент“ во земјата, информираат од Радио Слободна Европа.

Од оваа медиумска куќа, како и од Комитетот за заштита на новинарите, ги повикаа руските власти под итно да ја ослободат новинарката Курмашева, која е задржана во градот Казан во притворско одделение пред да биде изведена пред суд.

Курмашева беше уапсена на 18 октомври под обвинение дека не се регистрирала како „странски агент“ во Русија, а ваквото обвинение според руското законодавство значи казна затвор од максимум пет години.

Оваа новинарка работи за татарско-башкирскиот сервис на Радио Слободна Европа и има американско и руско државјанство. Отпатувала од Прага во Русија поради итна фамилијарна ситуација во мај.

Таа била привремено задржана додека чекала лет на 2 јуни на аеродромот во Казан, каде руските власти и го конфискувале рускиот и американскиот пасош и не е во можност да ја напушти Русија од тогаш.

Најпрво таа беше казнета поради тоа што не го пријавила американскиот пасош на руските власти. Курмашева чекаше да ѝ се вратат пасошите, но доби ново обвинение на 18 октомври.

Новинарката Алсу Курмашева живее во Прага со нејзиниот маж и е мајка на две деца.

Комитетот за заштита на новинарите ги повикаа руските власти веднаш да ја ослободат новинарката, отфрлајќи ги обвиненијата како лажни.

Русија од 2012 година го користи законот за означување на поединци како „странски агенти“ за да ја задуши критиката кон власта. Откако почна воената агресија врз Украина, руските власти енормно го зголемија бројот на затворања на медиуми и невладини организации во Русија, означувајќи ги како „странски агенти“ во случаите кога добиле финансиска поддршка од странство или биле вклучени во политички активности.

Курмашева е вториот американски новинар кој е затворен во Русија, откако во март година новинарот на Волстрит Журнал, Еван Кершкович беше уапсен под обвинение за шпионажа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...