fbpx

Академија за женско лидерство: Aнтиродовите активисти користат пропаганда и дезинформации за да ја шират својата порака

На регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство учествуваат жени лидерки од социјалдемократските партии и граѓански организации од Северна Македонија, Србија, Албанија, Грција, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија

-

Aнтиродовите активисти користат пропаганда и дезинформации за да ја шират својата порака и да ги поткопаат напорите за промовирање на родовата еднаквост. Најчесто ова вклучува ширење лажни информации за родовата теорија или користење емоционални апели за прикажување на родовата еднаквост како закана за традиционалните вредности. Покрај дезинформациите, антородовите активисти делуваат и преку организирање протести, демонстрации и онлајн кампањи за да го привлечат вниманието и извршат притисок врз креаторите на политики.

Ова го изјави директорката на Коалицијата Маргини која се залага за заштита и почитување на основните човекови права на маргинализираните заедници, Ирена Цветковиќ на панел дискусијата „Кој се плаши од родот“. Таа ги презентира податоците од состојбата со антиродовите движења, нивните начини на дејствување и последиците, во состав на регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство.

Проектната менаџерка во Фондација Фридрих Еберт Скопје Нита Старова истакна дека темата за зајакнување на женското лидерство е многу важно затоа што жените и девојките стекнуваат поголема самодоверба во носењето на одлуките и политиките, но истовремено полесно можат да препознаат и да реагираат на секаков вид насилство. Особено истакна дека регионалната соработка може да влијае и да ги зајакне напорите за застапување и да обезбеди поширока птатформа за промовирање на родовата еднаквост.

Пратеничката во македонското собрание Санела Скријељ која беше модератор на панел дискусијата потенцираше дека жените секогаш биле носителки на прогресивните промени, а женската солидарност и заедништво се клучни во борбата за родовата еднаквост.

Учесничката Александра Васиљевиќ од Словенија рече дека тоа што ја инспирирало да се вклучи во женски форум е прашањето на сите женски теми коишто не ги засегаат само жените. Таа во својата работа забележувала дека дискриминацијата врз основа на родот станува сѐ поголема и тоа најмногу се покажувало во јазот на платите помеѓу мажите и жените на секои ниво. Васиљевиќ изјави дека многу жени не го препознаваат психичкото насилство.

На регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство учествуваат жени лидерки од социјалдемократските партии и граѓански организации од Северна Македонија, Србија, Албанија, Грција, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

Академијата која го опфаќа и теоретскиот и практичкиот дел со интерактивни предавања, работилници, панел дискусии, обуки и групна работа е во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, ФЕС Дијалог Југоисточна Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...