недела, 15 март, 2026
Meta.mk

Ознака: родова еднаквост | 303 резултати

Притвор за велешанец осомничен за демнење и продолжено насилство врз поранешна партнерка

20 септември 2025

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен велешанец осомничен за кривично дело демнење и продолжено насилство. Според обвинителството, мажот во изминатите месеци ја следел жртвата, се мешал во нејзиниот личен живот, ја контролирал со кого се дружи и комуницира, ја навредувал и психички ја вознемирувал, со што ѝ предизвикувал чувство на страв и несигурност. […]

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

19 јули 2025

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од тие две жени не е само личен напад — туку порака до сите други жени кои размислуваат да се кандидираат или да се вклучат […]

Учество на жените на лидерските позиции во политичкиот живот: Што ја кочи еднаквоста во политиката?

10 јули 2025

Иако Македонија неодамна го направи историскиот чекор со изборот на првата жена-претседател, родовата еднаквост во политичкото одлучување сè уште останува далеку од европските стандарди, покажува анализата на Алијансата за родова еднаквост на работното место. Според анализата жените продолжуваат да бидат маргинализирани, особено на извршните и локалните нивоа. На првите парламентарни избори во Македонија во периодот […]

ВИ чет ботови во борба против дезинформации за родови прашања

28 мај 2025

„Родова еднаквост значи да им се дадат повеќе права на жените одошто на мажите“ или „Феминизмот е насочен против мажите“ – ваквите тврдења се примери на дезинформации што можат да поттикнат предрасуди и негативни ставови кон родовата еднаквост и феминизмот како движење за еднакви права. Платформата genderai.org нуди можност за проверка на слични тврдења со […]

Тренинг-програма за родова еднаквост: Од учење до акција преку критичко размислување за родовите прашања

24 мај 2025

„Живееме во време во кое женските права секојдневно се загрозени”, заклучија група учеснички од Северна Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и Албанија кои минатиот месец беа дел од тренинг-програмата во организација на канцеларијата на Фондацијата Kvinna till Kvinna во Скопје и Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Оваа програма насловена „Едукација за родова […]

Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не значи предност, туку еднаков терен за сите

21 мај 2025

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, се обрати на настанот посветен на промоцијата на наодите од Родовата самопроценка и Родовиот акциски план 2024–2028 г. во Министерството за одбрана и Армијата, што се реализира како дел од севкупната реформа на безбедносниот сектор. Настанот, организиран од Министерството за одбрана и Женевскиот центар за управување со безбедносниот […]

Ако вработеноста кај жените е колку кај мажите, БДП би пораснал за 2,5 милијарди евра

25 април 2025

Доколку вработеноста на жените во Северна Македонија биде изедначена со онаа на мажите, тоа би донело дополнителни 2,5 милијарди евра или 15 отсто раст на БДП, покажуваат анализите на Виенскиот институт за интернационални економски студии, претставени на денешната национална конференција организирана од ХЕРА. Конференцијата под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – […]

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

24 април 2025

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, во организација на ХЕРА. „Присутните имаа можност да ги слушнат клучните препораки од изготвените документи за јавни политики за организирани социјални и […]

Женски марш во Скопје: „Смрт на фашизмот, слобода на жените“

8 март 2025

„Ставам капак на домаќинлак“, „Смрт на фашизмот, слобода на жените“, „Системот е наменет да убива“, „Слобода од силеџиство“ – ова беа само дел од транспарентите со кои стотици претставнички на женски организации, дел од Платформата за родова еднаквост, но и активистки и граѓани, маршираа на Меѓународниот ден на жената, 8 Март. „Нека јадат ружи“ е […]

Жените во медиумите: Сензацијата носи кликови но ја задушува суштината

8 март 2025

Во медиумите, жените најчесто се наоѓаат во две крајности – или се дел од сензационална сторија, или се целосно игнорирани. Нивните приказни стануваат вест само кога носат кликови, а нивните гласови ретко се слушаат кога станува збор за суштинските општествени промени. Наместо да бидат рамноправно застапени, жените во јавниот дискурс се сведени на стереотипи, приватни […]

„Што ќе ни се ружи кога немаме за леб?“: В сабота марш и бојкот по повод 8 Март

3 март 2025

Овој 8 Март сите заедно ќе му се спротиставиме на силеџиството на овој систем и ќе ги сопреме неговите запчаници барем на еден ден. Овој 8 Март прогласуваме женски бојкот и повикуваме на женски марш за слобода и автономија од силеџискиот систем, ова е наведено во повикот што го објави Платформата за родова еднаквост, во […]

Контраспин: Бадемово млеко за пратеничката Петровска, срамот за министерката Димитриеска-Кочоска

2 март 2025

Собраниската говорница на седницата за пратенички прашања натежна од навредите кои министерката Димитриеска-Кочовска ѝ ги упати на пратеничката Петровска. Со недоличното и арогантно однесување министерката најпрво покажа отсуство на почит кон Собранието, кое ја избира и врши политичка контрола и надзор над Владата. Да не говориме за ниските удари и напади на лична основа, што […]

Конференција на ХЕРА за улогата на мажите: Храбро е да се зборува за емоциите, проблемите и предизвиците, така стануваме посилни

20 февруари 2025

Продлабочување на дијалогот и унапредување нa пристапите за промовирање на родовата еднаквост, беа тема на завршната конференција „Родова еднаквост и улогата на мажите – Изградба на доверба и разбирање“, што се одржа онлајн како дел од повеќегодишната Програма за родово засновано насилство на ХЕРА. Како што соопшти организаторот, на конференцијата имало претставници од основните и […]

(Не)решени грчеви – Македонија не ја доби битката за родова еднаквост ниту во 2024 година

6 јануари 2025

Северна Македонија за првпат во својата историја во 2024 година избра жена за претседател, но годината што ја оставивме зад нас беше обележана со различни проблеми на полето на (не)еднаквоста. И покрај очигледниот напредок, суштинските прашања како што се насилството, дискриминацијата, нееднаквоста, неисполнетите ветувања и многу други продолжија и во текот на целата година. Порталб.мк […]

Ријад Шаќири со навреди кон Илире Даути: Да беше маж поинаку ќе зборувавме

21 декември 2024

Сексизмот и родовата дискриминација во Северна Македонија се присутни и во законодавниот дом. Пратеникот од редовите на ВЛЕН, Ријад Шаќири, употреби сексистички изјави кон пратеничката од Европскиот фронт, Илире Даути, пишува Порталб.мк. За време на вчерашната расправа на Собраниската комисија за образование, наука и спорт на која се расправаше за Предлог законот за средно образование […]

Мажите се четири пати позастапени од жените во платеното политичко рекламирање

18 декември 2024

Во платеното политичко рекламирање на последните парламентарни избори, доминираат мажите. Жените се помалку застапени, не се става акцент на родовата разновидност. Ова е заклучокот кој беше истакнат на денешниот брифинг со новинари, организиран од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и Меѓународната фондација за изборни системи (IFES). На настанот, експертките Марина Тунева и Билјана Бејкова […]

Татјана Хилшер-Богусевич: Властите да најдат поефикасни законски решенија за демократски избори, не треба да се занемарува застапеноста на жените

16 декември 2024

За време на организирањето на демократски избори, еден од предизвиците со кои се соочуваат земјите кои имаат релативно нов демократски режим, особено земјите кои излегоа од комунистичкиот режим, е недостатокот на јасни надлежности и доволно ресурси на институциите за управување со изборите. Културата на воведување нецелосни измени на изборните закони непосредно пред изборите му штети […]

Платформата за родова еднаквост остро реагира на измените на Законот за основно образование

1 ноември 2024

Платформата за родова еднаквост најостро реагира на предлогот на Министерството за образование и наука за Закон за изменување и дополнување на Законот за основно образование, во кој го промени членот за заштита од дискриминација на начин што ги отстранува дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет, се наведува во денешната реакција од Платформата испратена […]

Ниско присуство на жените во медиумското покривање на парламентарните избори

29 октомври 2024

Според најновото истражување на Фондација Метаморфозис, во коe беше спроведен мониторинг на покривањето на парламентарните избори во 2024 на информативните интернет портали во Северна Македонија, забележано е ниско присуство на жените и родовите прашања во медиумското известување и во платеното политичко рекламирање, нешто што може да се промени со одредени законски регулативи. Накратко, ова беа […]

Изложба на стрипови и доделување награди „Од уметност кон родова еднаквост“

18 октомври 2024

Денес во Културниот центар Јадро беше отворена изложбата „Од уметност кон родова еднаквост“, на која се претставени 19 инспиративни дела од 19 авторки и автори, кои преку својата уметност испраќаат пораки за поубав и поеднаков свет. Оваа изложба е дел од кампањата Биди чудо од девојка, во рамки на проектот „Еднакви можности за девојките и […]

Страна 1 од 15