fbpx

Започна тренинг-програмата за едукација за родова еднаквост за практичари

На младите професионални учеснички, оваа тренинг-програма ќе им овозможи меѓусебно поврзување, но и размена на знаења и искуства со експерти и практичари за родова еднаквост во Шведска, Северна Македонија и од целиот регион на Западен Балкан 

-

„Едукација за родова еднаквост за практичари – од теорија до спроведување политики“, е името на тренинг-програмата, која е наменета за креаторки на политики, претставнички на граѓанскиот сектор, како и јавни службеници од земјите на Западен Балкан. Оваа програма, која се базира на експертиза и практични искуства поврзани со актуелните предизвици со родовата еднаквост во регионот на Западен Балкан, ја имплементира канцеларијата на Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ во Скопје, заедно со Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје.

Тренинг-програмата е финансиски поддржана од Шведскиот институт, во рамките на програмата „Академија на Шведскиот институт за млади професионалци од Западен Балкан“, која е наменета за обезбедување на академско образование за практичарите. Најголем дел од имплементаторите во оваа програма се академски институции, поради што Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ оствари партнерство со Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје и понуди програма, која овозможува рамнотежа и лесен премин од теорија кон пракса и обратно.

Во рамките на оваа тренинг-програма учесничките имаат можност да се стекнат со знаења и практични искуства, кои ќе им помогнат да направат промени во своите заедници во насока на надминување на предизвиците поврзани со родовата еднаквост.

Програмата е организирана во три модули. Активностите во рамките на првиот модул, започнаа на 7 јуни и опфаќаат неформално образование за родови и феминистички студии. За овој модул предвидено е да има вкупно 10 сесии, комбинирани со менторство кои ќе траат до крајот на октомври. Во тренинг програмата се вклучени 23 учеснички. Од нив, 14 се претставнички на граѓански организации, а 9 се јавни службенички. 10 од учесничките се од Северна Македонија, пет се од Албанија, по три учеснички има од Косово и од Босна и Херцеговина, две се од од Црна Гора, а има и една учесничка од Србија. Тренинг-програмата е хибридна, односно, учесничките имаат можност физички да присуствуваат на сесиите во канцелариите на Институтот или да се вклучат онлајн.

Во рамките на вториот модул, учесничките ќе се стекнат со знаења и вештини за тоа како академските или теоретските концепти може практично да се употребат во идеи и планови за акциони политики. Овој модул е предвидено да се одржи следната година на пролет и ќе опфати две работилници и групни менторски сесии. Како последна активност во оваа тренинг-програма е предвидена Летна школа во Стокхолм, Шведска, која што има за цел да ги подготви учесничките успешно да застапуваат за воспоставување на родовата еднаквост во средините во коишто работат и делуваат.

На младите професионални учеснички, оваа тренинг-програма ќе им овозможи меѓусебно поврзување, но и размена на знаења и искуства со експерти и практичари за родова еднаквост во Шведска, Северна Македонија и од целиот регион на Западен Балкан.

Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје, преку своето членство во меѓународната интеруниверзитетска платформа School of Materialist Research, им нуди на учесничките во оваа програма единствена можност да ја следат наставата на една од највлијателните феминистички мислителки на овој и на минатиот век, Јулија Кристева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...