fbpx
Таг: родова еднаквост

таг: родова еднаквост

Руралните жени се далеку од рамноправност и од социјална интеграција

Во Крушево се одбележа Меѓународниот ден на руралната жена – 15 октомври, кој традиционално по 16 пат се организира од Националната федерација на фармери со поддршка на Шведската организација за развој We Effect и од Германската развојна соработка спроведена од GIZ. На настанот се анализираа начините како да се поттикнат жените да имаат клучна улога во обезбедувањето на храната преку...

Млади жени и девојки од повеќе градови на обуки за женско лидерство

Mлади жени и девојки од Пробиштип, Кочани, Виница и Чешиново-Облешево викендов учествуваат на првиот од вкупно четирите едукативни работилници на програмата „Girls power“ (Женска моќ), која ја спроведува „Асоцијацијата за инклузивен и одржлив развој“ – СИГА. Сите учеснички по завршување на обуките ќе добијат финансиски средства кои ќе треба да ги искористат за спроведување на општествена акција која тие...

Ѓоргиевска: Телесната автономија е основно човеково право, а сепак неостварливо за многу жени

Сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска е домаќин на регионалната конференција на високо ниво „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија кај жени и девојки“, што се одржува во Кабинетот на претседателот. Конференцијата, чиј домаќин е Ѓоргиевска, се одржува во соработка со Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА, а под покровителство на претседателот Стево Пендаровски. Во своето обраќање, Ѓоргиевска истакна...

За исполнување на родовата еднаквост, неопходни се еднакви плати меѓу мажите и жените

Фактите зборуваат дека и 75 години по усвојувањето на Декларацијата за човекови права, родовиот јаз во платите сè уште постои, вклучително и кај нас. Ова го истакна сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, која присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати. „И покрај тоа што жените стекнуваат квалитетно образование,...

Пратеничката Стојановска обвинува за сексистичка провокација на Маричиќ, тој демантира

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска денеска го обвини вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ дека зад микрофон и зад камери, за време на собраниската седница додека она говорела, тој недолично довикувал и се однесувал. „Вицепремиерот Маричиќ, денес најпрво дофрлаше за да деконцентрира, како и многупати досега, а потоа прејде на безобразно и лигаво гестикулирање, заборавајќи дека е во Собрание, а не...

Санела Шкријељ: Жените се многу поодговорни како лидерки и помалку подложни на корупција

Пратеничката во македонското собрание Санела Шкријељ на третиот модул „Управување со време и приоритети“ од Програмата „Future is Feminist“ што викендов се одржа во Охрид потенцираше дека најважната работа кај делегирањето задачи е довербата, а крајната цел е да се научи како да се управува со важни задачи пред тие да станат итни, информираат од СИГА. Таа посочи дека истражувањата...

Националниот демократски институт ја прослави својата 40-годишнина

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата, Националниот демократски институт (НДИ) ја прослави својата 40-годишнина и организираше дискусија за демократијата со демократските партнери во граѓанското општество, националните и локалните власти, политичките партии, медиумите и меѓународната заедница. НДИ ги препозна достигнувањата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и меѓупартиската парламентарна група за правата на Ромите во...

Тренчевска: Интегрирањето на родовата перспектива е обврска за пристапување во ЕУ

Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ и во сродните реформски процеси затоа посветуваме особено внимание од сите аспекти. Ова се рефлектира и во Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 која ја усвои Собранието, како и во Националниот акциски план за родова еднаквост 2022-2024 година, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска...

Кај Ромка откриен карцином на грло на матка, по години поминати во срам и во беспарица за да посети гинеколог

Околу 30 отсто од Ромките немаат матичен гинеколог, а 38,5 отсто никогаш не го контактирале својот матичен лекар по телефон. Половина од Ромките не прават ПАП-тест редовно, најмногу поради тоа што немаат матичен гинеколог, а дваесет отсто никогаш не направиле ПАП-тест. На стоматолог, без да имаат некој проблем, не одат 72 отсто од Ромките. Овие поразителни сознанија ги покажува истражувањето...

ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА: Митови за родов идентитет и родова еднаквост

Во општество како македонското кое се развива во однос на општествената и колективна свест и разбирања, разговорите околу родовиот идентитет и родовата еднаквост – теми кои до неодамна беа оставани во сенка, сега добиваат значително внимание. Како што дискусиите стануваат поинтензивни, од клучно значење е да се разгледаат заблудите кои често ги замаглуваат овие сложени и нијансирани теми. Лавина реакции...

Тивка е борбата за правата на жените кои живеат во вонбрачни заедници

Иако унапредувањето на правата на жените и концептот за еднакви можности на жените и мажите во Северна Македонија често се спомнувааат како државен приоритет, сè уште постои тивка борба на жените кои живеат во вонбрачни заедници и се наоѓаат заробени во мрежата на правни и општествени предизвици. На оваа тема, со цел да се фрли светлина врз дискриминаторските практики...

„Тиииит! Инк“: Отворен повик за диџејска работилница – Жени зад пултот

Во склоп на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, организацијата Тиииит! Инк. отвори повик за учество во диџејска работилница со наслов „Жени зад пултот“ за сите девојки, жени и не-бинарни луѓе кои имаат над 18 години кои имаат интерес да научат како да настапат со самостоен диџеј сет. На оваа неформална школа, преку менторски процес од искусните...

Бесплатни менструални производи на ФЕИТ, студентите сами испечатиле кутии со 3Д принтер

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) е успешно реализирана иницијатива за пристап до бесплатни менструални производи во рамките на факултетот. Таа беше покрената и целосно извршена од Факултетското студентско собрание (ФСС) на ФЕИТ во текот на изминатата година, со техничка и финансиска поддршка од асистентите и деканатот на факултетот.  „Нешто повеќе од 50% од студентското тело на ФЕИТ...

Османи-Нарбаева: Улогата на жените во општеството и нивната безбедност ни е приоритет

Зајакнувањето на улогата на жените во општеството и зголемувањето на нивната безбедност била тема на разговор во Ташкент, меѓу претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи и претседателката на Сенатот на Узбекистан, Танзила Нарбаева. „Улогата на жените е воедно и еден од главните приоритети на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година“, информираат во Министерството за...

ИКС: Преку коментари на новинарски објави се шири сексистички говор на омраза кон девојки

Сексистички говор на омраза кон младите девојки се шири преку коментарите на новинарските извештаи на социјалните медиуми, кои се плодна почва за развивање на родово-базирани злонамерни и вознемирувачки содржини, предупредуваат од Институтот за комуникациски студии (ИКС). Ова го покажала анализата на родово-базирани содржини „Сексистички говор на омраза кон млади девојки“, што ја изработиле во Институтот. „Во истражувањето беа анализирани повеќе...

Родова (не)еднаквост: жени vs мажи според пари, моќ и знаење

„Жените во Северна Македонија заработуваат помалку и се наоѓаат во повисок ризик од сиромаштија во споредба со мажите. Пониските приходи, пократкиот работен век и високата неактивност на пазарот на труд придонесуваат за поголем ризик од сиромаштија, поголема економска несигурност и влошени финансиски изгледи за жените во секоја фаза од нивниот живот“ – пишува во новообјавеното истражување Национален индекс на...

Во Дојран викендов се одржа третиот јавен настан „Дојди и раскажи ја својата приказна“

Дојран беше главното место каде викендов се одржа третиот од серијата јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе, а кој е насловен „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“. Целта беше да се подигне јавната свест во локалната заедница, особено меѓу младите луѓе и потребата за создавање на вистинско еднакво и различно општество. Културата,...

Конечно ослободена од „синџирите“ на домашното насилство

„Прво си помислив дека е некоја моментална нервозна, агресивна ситуација којашто нема да се повтори, но сè почесто и почесто се повторуваше и на крајот премина во навика. Си мислиш дека еден ден ќе престане, но се лажеш, тоа нема никогаш да престане, само се зголемува и се влошува. И секогаш трпиш сè поголемо и поголемо насилство.“ Младата жена на...

Смит: Насилството врз жените е најраспространето кршење на човековите права на нашето време

Насилството врз жените е најраспространето кршење на човековите права на нашето време. Вкоренети во родовата нееднаквост, насилството врз жените и девојчињата ги загрозува животите и благосостојбата на девојките и жените и ги спречува да пристапат до можности кои се основни и за слободата и за развојот: образование, здравство, работни места. Ова го изјави денеска заменик-амбасадорката на Обединетото Кралство во Република...

Реактор: Собранието што побрзо да го усвои Законот за измена и дополнување на Законот за ДДВ

Независната истражувачка организација Реактор - истражување во акција, чии главни области на работа се родова еднаквост, млади и урбан развој, изрази задоволство за усвоените законски измени на вчерашната владна седница со кои ДДВ-то за менструални производи во иднина треба да се намали на 5 проценти и го повика Собранието што побрзо да го усвои Законот. „Ја поздравуваме одлуката на Владата...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...