fbpx

Жените во владата на Мицкоски оставени на страна, нема ниту една министерка aлбанка

Порталб.мк се обрати до сите партии и коалиции на Собранието на РСМ за оваа ниска застапеност на жените во извршната власт, и освен од коалицијата ВРЕДИ, од останатите партии нема одговор

-

И во новоформираната влада на Северна Македонија жените ќе бидат минимално застапени во извршната власт. Со измените во реорганизацијата на Владата, овој состав ќе има повеќе министри кои заедно со премиерот ќе бидат 24, но министерки ќе бидат само три жени, ниту една од нив албанка. Партиите молчат, а граѓанскиот сектор продолжува да апелира за решавање на проблемот, пишува Порталб.мк.

Оваа влада, иако со повеќе министри, ќе има помалку министерки во однос на претходниот владин состав во кој имаше 4 министерки.

Ветија, но не остварија

ВМРО-ДПМНЕ вети дека соодветната застапеност на жените во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и другите институции од разузнавачко-безбедносниот сектор ќе гарантира вистинско почитување на принципите на родовата еднаквост.

А пак ВРЕДИ, вети застаување на жените во најмалку 40 отсто од сите именувани позиции, на сите нивоа.

И покрај ветувањата за рамноправност и поголема родова застапеност, кога станува збор за изборот на министри, партнерите на оваа влада потфрлија.

Жените во Владата на чело со Христијан Мицкоски ќе раководат со овие министерства – Гордана Димитриеска Кочоска, Министерство за финансии, Сања Божиновска – Министерство за енергетика, рудници и минерални суровини, како и Весна Јаневска – Министерство за образование и наука.

Албанскиот партнер во оваа влада, коалицијата ВРЕДИ, иако ќе раводи со шест министерства, на ниту една жена не ѝ довери министерска функција.

Порталб.мк се обрати до сите партии и коалиции на Собранието на РСМ за оваа ниска застапеност на жените во извршната власт, и освен од коалицијата ВРЕДИ, од останатите партии не добивме одговор.

Од ВРЕДИ рекоа дека големо внимание и посветуваат на родовата еднаквост во рамките на сите партии-членки на коалицијата.

„Не живееме со илузијата дека жените ќе бидат претставени во идната влада во согласност со нашите идеолошки определби. Ќе има три жени заменик-министри и една или повеќе жени кои ќе бидат генерални директори, кадри на ВРЕДИ. Не затоа што не веруваме во нивната способност да се соочат со предизвиците, туку затоа што во распределбата на првите задачи во законодавните и извршните тела кои се во надлежност на ВРЕДИ беа назначени 3 од претседателите“, соопштија од ВРЕДИ.

ВРЕДИ има само пет пратенички. Оттаму додаваат дека во наредниот период ќе вложат „вонредни напори за балансирање на оваа состојба“, посебно на претстојните локални избори.

Граѓанско општество разочарано

Ова е резултат на менталитетот кој сè уште тешко се менува и според кој, за радикални промени се потребни мажи. Ова за Порталб.мк го вели Пранвера Касами, директорка на Институтот за лидерство и јавни политики.

„Застапувањето на жените е „дозволено“ само кога станува збор за „луксуз“, односно кога партијата има гаранции дека удобно ќе победи на изборите, тогаш си дозволува да обезбеди поголема застапеност на жените. Ова се случува само во име на наводно носење иновации на изборите. Меѓутоа, како што е познато, овие избори беа од егзистенцијално значење за секој од натпреварувачите и овој луксуз тешко можеа да си го дозволат. Се разбира, гласачите го купуваат тоа што им се продава“, вели Касами.

Таа додаде дека е жалосно што и по толку време продолжуваме без резултати да зборуваме за важноста на ангажманот на жените во политиката со ефект тапкање на место.

Од друга страна, Центарот за еднакви можности „Молекуќја“ оценува дека овој владин состав, но и собранието, направиле чекор наназад. Тие веруваат дека родовите квоти не се нужно најдобрата политика за една земја, но како што стојат работите, се покажува дека е единствената практика што би и дала сигурност на родовата застапеност, без разлика какви заостанати и регресивни умови ќе дојдат утре на власт.

„Ни беше кажано дека е во процес подготовката на законот за правична етничка застапеност, предлагаме правичната застапеност на половите да биде вклучена во овој закон, не бараме ништо повеќе од она што владејачките партии го ветија во нивните изборни програми, во случајов коалицијата ВРЕДИ. Потсетуваме и на ветувањето дека ќе отворат 10 центри за злоставувани жени“, рекоа од Молекуќја.

Инаку, по мајските парламентарни избори за пратеници беа избрани само 41 жени (33 македонки, 8 албанки), што е помалку од претходниот состав. Сепак, оваа бројка се очекува да се зголеми бидејќи дел од пратениците ја презедоа функцијата министер.

Северна Македонија во 2024 година за прв пат во историјата избра жена за претседател, Гордана Сиљановска Давкова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на...