fbpx

Мажите кои дефилираат во црвени потпетици, всушност протестираат против родовото насилство

На настанот се собираат средства за локалните кризни центри и засолништа за поддршка на жртвите со советување, правна помош и медицинска нега. Тие, исто така, работат на спречување на идното насилство преку едукација на јавноста, ангажирање на заедницата и зајакнување на жртвите

-

Мажите прикажани на видеото во објавата, носат високи потпетици за да ја кренат свеста кај населението против родовото насилство и за да помогнат да се соберат средства за жртвите од насилство. Оваа парада е позната како „Прошетајте една милја во нејзините чевли“ (“Walk a Mile in Her Shoes”). Самото видео е снимено во октомври минатата година во американската сојузна држава Џорџија, за време на третиот ваков собир организиран од еден од колеџите во оваа држава, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

На објава на социјалната мрежа Фејсбук споделено е видео на коешто се гледа како поголема група на мажи се движат на високи црвени потпетици. Текстот на објавата тврди дека овие се американски полицајци и службеници кои морале да носат потпетици за да не бидат отпуштени од своите работни места. Ова не е вистина.

Во САД  на Американските полицајци и службеници им беше кажано дека ако не носат црвени чевли со високи потпетици и не маршираат во јавност, на секој ќе му заврши  кариерата и ќе биде отпуштен.

Како што можете да видите, за да ги зачуваат своите работни места, навидум ментално здравите мажи се согласија на понижување. “Е тоа е стратегискиот партнер на северџистан”, пишува во објавата.

Кратко видео од неполна минута на коешто се гледаат мажи на различна возраст, со различна професија и од различно потекло, како се движат на улица носејќи на себе високи црвени потепетици, се споделува вирално на социјалната мрежа Фејсбук. Притоа се тврди дека ова видео прикажува мажи во САД коишто биле натерани да ги носат овие високи потпетици без своја волја само за да не бидат отпуштени од нивните работни места. Дополнително, се тврди дека тие морале да се согласат на ова понижување. Ова не е точно. Овие мажи ги носат црвените потпетици од сосема друга причина, а не за да ги зачуваат работните места.

Вистинската причина за нивното дефилирање во црвени високи потпетици, всушност, е протест. Тие протестираат против насилството врз жените. Иако објавата е невистинита и тоа е лесно проверливо, сепак таа е многу вирална со над 80 споделувања и речиси 100 реакции.

Оваа парада е позната како „Прошетајте една милја во нејзините чевли“ (“Walk a Mile in Her Shoes”). Ова претставува меѓународен машки марш кој има за цел да стави крај на силувањето, како и на родовото насилство. Настанот беше основан во 2001 година од Френк Берд, терапевт и активист кој се обиде да ја подигне свеста за насилството од мажите врз жените. Оттогаш, овој настан стана глобално движење. Десетици илјади мажи маршираат годишно, собирајќи милиони за локалните организации кои ги поддржуваат жртвите на родово базирано насилство.

Со одење на високи потпетици, мажите  сакаат да ја кренат свеста кај населението против родовото насилство и за да помогнат да се соберат средства. Мажите со оваа парада ја покажуваат својата емпатија и солидарност со жените кои страдаат од машко насилство. Тие ги предизвикуваат општествените норми кои ја поврзуваат мажественоста со агресијата и женственоста со слабоста. Црвената боја на чевлите ја симболизира крвта, болката што жените ја поднесуваат како резултат на машкото насилство.

На настанот се собираат средства за локалните кризни центри и засолништа за поддршка на жртвите со советување, правна помош и медицинска нега. Тие, исто така, работат на спречување на идното насилство преку едукација на јавноста, ангажирање на заедницата и зајакнување на жртвите.

Самото видео е снимено во октомври минатата година во американската сојузна држава Џорџија за време на третиот ваков собир организиран од еден од колеџите во оваа држава. Повеќе од 100 студенти, професори, персонал и членови на заедницата учествувале на настанот, кој бил организиран од страна на Канцеларијата за различности и вклучување на колеџот, во партнерство со Центарот за кризи на заедницата Глин. На настанот се собрале над 2.000 американски долари за центарот, кој исто така им служи на жртвите на семејно насилство и сексуален напад во областа.

Според сите набројани факти, заклучуваме дека објавата во којашто се тврди дека мажите во САД кои шетаат со црвени високи потпетици тоа го прават за да не бидат отпуштени од работа, е целосна невистина. Вистината е дека станува збор за меѓународен машки марш против родовото насилството.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...