fbpx

Промовиран извештајот кој го следи вклучувањето на родовата перспектива во процесот на пристапување во ЕУ

Процесот на пристапување во ЕУ останува главниот двигател на продемократските реформи и унапредувањето на основните вредности, вклучително и родовата еднаквост, во Западен Балкан, но резултатите досега се разнолики“, речe Џулија Пасквинели, советничката за политика и застапување за Западен Балкан во Фондацијата „Квина тил Квина“

-

„Кон инклузивен родово одговорен пристап во ЕУ на Западен Балкан“ e името на извештајот кој го подготви Коалицијата за родова еднаквост, во процесот на пристапување во ЕУ. Извештајот го разгледува степенот до кој владите на ЕУ и Западен Балкан ја интегрирале родовата перспектива во процесот на пристапување во ЕУ, споредувајќи го напредокот во 2021 и 2022 година.

Хилен Франке, раководителката на Секторот за граѓанско општество, социјална инклузија и развој на човечкиот капитал во Западен Балкан и во Турција при Европската комисија, ја истакна важноста на родово одговорен и партиципативен процес на пристапување во ЕУ.

„Родовата еднаквост и правата на жените се клучни елементи на процесот на проширување, а проектите како овој ни помагаат да идентификуваме кои се преостанатите предизвици и кои се главните двигатели за промени“, рече таа.

Тања Иванова, регионалната програмска менаџерка и претседателка на Реактор, кажа дека верува дека следењето на процесот на пристапување во ЕУ преку родови леќи, е од клучно значење за граѓанското општество, националните чинители и ЕУ

„Можеме да придонесеме за трансформацијата на нашите општества и да ги направиме похумани преку подобро вклучувањето на родовите аспекти во главните политики во нашите земји и придонесувајќи кон известувањето во сенка, но исто така и кон креирање политики и донесување одлуки. Тие мора да ги вклучат жените затоа што жените претставуваат половина од нашето општество и нивните гласови треба да се слушнат и нивните потреби да се адресираат“, рече таа.

Џулија Пасквинели, советничката за политика и застапување за Западен Балкан во Фондацијата „Квина тил Квина“, ги презентираше главните наоди и препораки од регионалниот извештај.

„Процесот на пристапување во ЕУ останува главниот двигател на продемократските реформи и унапредувањето на основните вредности, вклучително и родовата еднаквост, во Западен Балкан, но резултатите досега се разнолики“, рече таа.

Пасквинели додаде дека иако наодите од извештаите покажуваат, покрај тоа што активностите за застапување на групите за права на жените придонеле за некои позитивни случувања, ќе биде неопходно дополнително следење за да се процени колку се суштински, трансформативни и одржливи овие промени.

Претставниците од партнерските организации ги споделија клучните наоди од брифовите за земјите, истакнувајќи ги клучните предизвици и најдобрите практики низ регионот.

Забележаните клучни прашања ја вклучуваат потребата ЕУ и владите да вклучуваат различни организации за правата на жените во редовни, структурирани и инклузивни политички дијалози, натамошна политичка волја за интегрирање на родовата перспектива во донесувањето на одлуки и креирањето политики, да се воспостават структури и системи кои ќе ја подобрат одговорноста, да се обезбеди соодветно внимание на агендата за жените, мирот и безбедноста преку подобро ангажирање на организациите за правата на жените во родова анализа и интервенции за понатамошен мир и безбедност во регионот.

Овој настан е организиран како дел од акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“ (2021-2024), која ја подобрува регионалната соработка меѓу граѓанските организации кои работат на унапредување на правата на жените, обезбедувајќи родови анализи за информирање на креирањето политики, поддржувајќи застапување засновано на докази кон вклучување на родова перспектива во процесот на пристапување во ЕУ, и мониторирање на реформите поврзани со процесот на пристапување во ЕУ од родова перспектива.

Оваа акција е кофинансирана од ЕУ и Шведска и имплементирана од шест партнерски организации: Реактор – Истражување во акција (Северна Македонија), Фондацијата Kvinna till Kvinna (Канцеларија во Северна Македонија), Мрежата на жени на Косово (KWN), Мрежата за зајакнување на жените во Албанија (AWEN), Права за сите (Босна и Херцеговина) и Центарот за права на жените (Црна Гора).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...