сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: реактор | 16 резултати

Реактор отпочна онлајн кампања за подигање на свеста против сексуално вознемирување на работното место

октомври 20, 2021

Реактор – Истражување во акција лансираше онлајн кампања за подигање на свеста против сексуалното вознемирување на работното место. Кампањата е составена од неколку информативни објави, кои имаат за цел да ги информираат граѓанките и граѓаните за формите на сексуално вознемирување на работното место, законите според кои ова дело е казниво, како и да се дадат […]

Реактор и ХЕРА со проект за мулти-професионална превенција на родово засновано насилство

октомври 15, 2021

Со заедничкиот состанок меѓу Реактор – истражување во акција, ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување и претставници на институциите, кој се одржа вчера (14 октомври 2021 година), се одбележа отпочнувањето на проектот „Воспоставување на мулти-професионална превенција на родово засновано насилство, работа со сторители преку пристап фокусиран на безбедноста на жртвите и советување на […]

Младите најпогодени од пандемијата, 37 отсто од нив имале примања под минималната плата во кризата

март 23, 2021

Во текот на корона кризата, Владата пристапи со “чадор” политики, односно обид да се опфатат што повеќе граѓани, а не со таргетирани мерки за специфични групи кои најмногу трпат од кризата, најдобро да бидат заштитени, потенцираше денес Блажен Малески од Реактор – Истражување во акција, при денешната презентација на документот „Млади во криза 2.0“ на […]

Порталб: Почна кампањата „Правата на младите работници“ за кревање на свеста за неправдите

октомври 16, 2020

Вчера започна кампањата „Да ги информираме младите за нивните права“ со панел-дискусија на платформата „zoom“ каде многу застапници на правата на младите во земјава зборуваа на темата за правата на младите работници. Говорници беа Вилдан Дрпљанин, Ивана Стојановска, Блажен Малески, Слободан Трендафилов и Ирена Ивановска, пишува „Порталб.мк“. Правникот Вилдан Дрпљaнин, вработен во Хелсиншкиот комитет за […]

Реактор: Мнозинството директори на училишта, наставници и родители се за настава во училница

август 7, 2020

Мнозинството анкетирани директори на училишта, наставници и родители се за повторно отворање на училиштата со настава во училница или комбиниран модел на настава во училница и учење на далечина. Ова се мислењата засновани на прелиминарните резултати од истражувањето „Искуства и ставови за учењето на далечина за време на пандемијата на КОВИД-19“ реализирано од страна на […]

Реактор ја промовираше веб-страницата за млади „Млади низ бројки“

септември 26, 2018

Невладината Реактор – истражување во акција организираше настан под мотото „Да зборуваме за млади – Што е планот?“ на кој беа присутните беа дел од пет различни дискусии на теми и прашања кои ги засегаат младите, како што се образование, невработеност и социјални политики, граѓанско учество, здравје и релевантни алатки за младинско застапување. Во рамките […]

„Марш за женските права“: Преку родовата рамноправност до силна држава

март 8, 2018

Околу 1.000 жени, девојки и активисти се собраа денеска на вториот „Марш за правата на жените” кој се одржа по повод Меѓународниот ден на жената. Од маршот, кој почна во Жена парк, преку плоштадот Македонија, Камениот Мост и заврши на плоштадот Филип Втори беше испратена порака дека родовата еднаквост е важен фактор кон постигнување на […]

Собранието усвојувало „европски“ закони со заобиколување на процедурата

мај 18, 2017

Собранието усвојувало повеќе „европски“ закони заобиколувајќи ја целата процедура предвидена за законите со европско знаменце во периодот од 2014 до 2016 година. Во годишниот извештај за работата на Собранието во 2016 година се вели дека Собранието донело вкупно 14 закони што произлегуваат од Национална програма за усвојување на правото на Европската Унија и претставуваат усогласување со правото […]

Годишна средба на граѓанските организации корисници на ИПА2

мај 16, 2017

Центарот за европски стратегии „Евротинк“, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, „Реактор – истражување во акција“ и Асоцијација за развојни иницијативи „Зенит“, денеска и утре, во Охрид, ја одржуваат годишната средба на корисниците на механизмот за граѓански организации ИПА2. Овие и други поканети граѓански организации и асоцијации, во хотелот „Метропол“ во Охрид, […]

„Реактор“: СДСМ и ДУИ со поголема вклученост на жените отколку ВМРО-ДПМНЕ

декември 6, 2016

СДСМ и ДУИ во споредба со другите партии во поголема мера го вклучиле родовиот аспект во своите програми, се вели во родовата анализа на „Реактор истражување во акција“ на изборните програми на политичките партии. – Програмите на овие две партии предлагаат мерки за економско зајакнување на жените, справување со насилството врз жените и за поголема вклученост […]

Северна Кореја го рестартираше плутониумскиот реактор

февруари 9, 2016

Северна Кореја го рестартирала реакторот со плутониум кој може да обезбеди гориво за нуклеарно оружје, соопшти директорот на американската национална разузнавачка служба, Џејмс Клапер. Тој додаде дека Пјонгјанг презел чекори за создавање интерконтинентален балистички ракетен систем. Веста доаѓа неколку дена откако Северна Кореја лансираше ракета со долг дострел. Северна Кореја во минатото изведе неколку нуклеарни […]

Поради пожар, исклучен нуклеарен реактор во Белгија

декември 19, 2015

Белгиски нуклеарен реактор во електрана на истокот од земјата, е исклучен откако избил пожар во дел од електраната, соопшти енергетската компанија „Електрабел“. Компанијата наведе дека реакторот „тианж 1“, автоматски е исклучен синоќа откако избил пожарот во областа над нуклеарната зона, во погонот за снабдување на фабриката со електрична енергија. Затворањето на реакторот, како што информираше компанијата, […]

Страна 1 од 1