fbpx

Северна Кореја го рестартираше плутониумскиот реактор

-

Северна Кореја го рестартирала реакторот со плутониум кој може да обезбеди гориво за нуклеарно оружје, соопшти директорот на американската национална разузнавачка служба, Џејмс Клапер.

Тој додаде дека Пјонгјанг презел чекори за создавање интерконтинентален балистички ракетен систем.

Веста доаѓа неколку дена откако Северна Кореја лансираше ракета со долг дострел.

Северна Кореја во минатото изведе неколку нуклеарни тестови.

– Мораме да кажеме дека Северна Кореја доволно долго управува со реакторот, па во следните неколку недели или месеци може да почне да зема плутониум од потрошеното гориво на реакторот – рече Клапер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...