Реактор и ХЕРА со проект за мулти-професионална превенција на родово засновано насилство

-

Со заедничкиот состанок меѓу Реактор – истражување во акција, ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување и претставници на институциите, кој се одржа вчера (14 октомври 2021 година), се одбележа отпочнувањето на проектот „Воспоставување на мулти-професионална превенција на родово засновано насилство, работа со сторители преку пристап фокусиран на безбедноста на жртвите и советување на мажите во Република Северна Македонија“, којшто во следната година ќе го спроведуваат Реактор и ХЕРА.

Преку овој проект ќе се спроведе детална анализа на состојбите и потребите од центри за советување на мажи во Република Северна Македонија, со фокус на родово заснованото насилство (Реактор) и ќе се воспостават центри за советување на мажи во соработка со релевантните институции (ХЕРА).

Од Реактор изјавија дека главната цел на истражувањето е преку мапирање на потребите и консултација со поширок круг на претставници на национални институции и релевантни чинители, како и анализа на состојбите преку постојни извештаи и објавени бази на податоци, да се оформат препораки кои ќе овозможат да се воспостави ефективна примарна превенција на родово базирано насилство, мулти-професионална поддршка и работа со сторителите преку пристап кој е фокусиран на безбедноста на жртвите, како и да се формираат центри за сеопфатна поддршка и советување на мажите за превенција на родово-базирано насилство, охрабрување на родова еднаквост и вклучување на мажите во доменот на грижа (родителство, партнерство итн.).

„Со овој проект ќе го помогнеме спроведувањето на акцискиот план на Истанбулската конвенција така што ќе го подобриме пристапот до услуги за превенција и заштита од родово засновано насилство. Проектот предвидува и изработка на финансиска анализа за воспоставување на советувалишни центри за превенција на насилството кај мажи и за работа со сторители на насилство. Воедно, ќе биде формирана и експертска група и ќе бидат изготвени тренинг-програми кои ќе го овозможат воспоставувањето на овие центри, инаку први од ваков вид на ниво на држава“, изјавија од ХЕРА.

Статистиката покажува дека мажите се сторители во над 90 отсто од случаите на семејно и родово засновано насилство, што се потврди и во услови на пандемија. И покрај ова, во нашата држава не постојат советувалишни центри за мажи кои работат на превенција на насилство, a постои само еден сервис кој спроведува специјализирана програма за третман на сторители на насилство.

Стручната работа со мажите е клучна за да се сопре повторување на насилството со членови на семејството и со нивните моментални и идни партнери заради што е неопходно да се воспостават и прошират ваквите советувалишта низ целата држава.

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири...