fbpx

Повредени полицајци и затвореници при претрес во затворот Идризово

Повредени биле десет полицајци како и некои затвореници откако некои од затворениците пружиле отпор при претресот

-

При претрес во Казнено-поправната установа Идризово биле пронајдени 82 ножа, 63 мобилни телефони, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога, известува Министерството за внатрешни работи.

За време на претресот се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор. Таа била совладана од страна на полициските службеници. Со повреди се здобиле десет полициски службеници и дел од затворениците.

Пред Ургентната клиника во „Мајка Тереза“ забележливо е видливо присуство на полициски екипи, каде што најверојатно се носат повредените од инцидентот.

Претресот бил извршен од Бирото за јавна безбедност во координација со Основното јавно обвинителство на Скопје по претходно добиени оперативни сознанија и наредбата за претрес од Основниот кривичен суд на Скопје.

Претрес во казнено-поправната установа имаше и во февруари. Тогаш беа пронајдени телефони, таблет, остри предмети и прашкаста материја.

Во КПУ Идризово сè уште е на сила кризната мерка со која овој затвор е надворешно обезбедуван од војска и полиција, пишува Радио слободна Европа. Мерката беше воведена поради недостиг на стражари во затворот и за спречување нa безбедносни закани.

Инаку, Идризово во последниов период се наоѓа во центарот на вниманието во јавноста. Во март се откри дека осуммина затвореници копале тунел за бегство долг 40 метри. Во август годинава избегаа тројца затвореници кои беа најдени и вратени осум часа подоцна. Министерот за правда Кренар Лога и народниот правобранител повеќепати реагираа во однос на мизерните услови во установата, а Лога предложи и Закон за амнестија, со кои во целост би се ослободиле осудениците до 6 месеци затвор, а за останатите осудени за полесни дела, казната би им се намалила за третина.

Кренар тврди дека го предлага законот за да се растеретат затворите, а истиот ќе се најде пред Собранието на 2 ноември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...