Израел бомбардира телекомуникациски мрежи во Газа, нема интернет и можности за комуникација

Израел продолжува и со копнени напади, а немањето комуникација оневозможува да се знае точната бројка на загинати

-

Најголемиот телекомуникациски сервис во Газа, Палтел, вчера соопшти дека поради бомбардирањето на Израел на клучни точки на нивната мрежа се прекинати сите конекции со надворешниот свет, известува Гардијан.

Дописникот на Би-би-си во Газа, со многу тешкотии, искомуницирал со Лондон и потврдил дека навистина нема интернет и дека Палестинците не можат да комуницираат меѓусебно преку телекомуникациските мрежи.

Поради сето ова, тешко се добиваат информации од Палестина, а не се знае ниту бројот на жртви во изминатите 24 часа. Но, изјави од палестински граѓани укажуваат дека ситуацијата е хаотична, особено во болниците каде немањето комуникација драстично ја комплицира координацијата.

Од информациите споделени од Израелските одбранбени сили и од камери во Израел на границата со Газа се гледа дека бомбардирањето продолжува. Дополнително, Израел започна и со копнени операции. Претходно, дописникот од Би-би-си напиша дека нивото на бомбардирање во северот во Газа е „во размери какви што досега не сме виделе“.

Израелските одбранбени сили известија дека го убиле Асем Абу Ракаба, оперативец во Хамас за воздушни напади кој играл клучна улога во нападот на Израел во 7 октомври, кога загина 1.400 луѓе, од кои најголемиот дел беа цивили, а голем дел се чуваат како заложници од страна на Хамас.

Како реакција на прекинот на комуникација во Газа и општо хуманитарната ситуација, Светската здравствена организација изелзе со апел за итно примирје.

„СЗО апелира до хуманоста кај сите оние на моќ да го прекинат војувањето сега, во согласност со резолуцијата на ОН усвоена вчера, која повикува на хуманитарно примирје, како и итно и безусловно ослободување на сите заолжници“, пишува СЗО во нивната изјава.

Инаку, со 120 гласа за, 14 против и 45 воздржани, се изгласа резолуција во Обединетите нации со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Газа и за „заштита на цивили и за почитување на легалните и хуманитарни обврски“.

Северна Македонија била воздржана при изгласувањето на оваа резолуција. Од нашиот регион, Словенија, БиХ и Црна Гора гласале за резолуцијата, Хрватска била против, додека Србија, Албанија, Бугарија и Грција биле воздржани. Оваа резолуција беше предложена од Јордан.

Резолуцијата на Генералното собрание на ОН е симболична бидејќи не е правно обврзувачка.

Канада бараше кон резолуцијата да се додаде амандман кој ќе вклучи осуда на милитантната група Хамас. Мнозинството членови на Генералното собрание на ОН го поддржаа предлогот, но тој не го достигна потребното двотретинското мнозинство за да биде усвоен.

Фото: Обединети нации

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...